Промени тема
Контакт

Најмногу дожд во Крушево и Претор, од недела постудено со снег на планините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Според податоците на УХМР, денеска до 16:30 часот, најмногу дожд падна во Претор и Крушево 16 литри на метар квадратен, 12 литри во Маврови Анови, 10 во Берово, 9 во Прилеп, осум во Пожаране, седум во Тополчани и Струмица, шест во Виница и Попова Шапка, пет во Лазарополе и Штип, четири кај Зајчев Рид и Тетово, три литри во Гевгелија, Демир Капија, Крива Паланка и Битола, два во Велес и еден литар во Кавадарци.

Утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот, времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната од 15 до 19 степени.

— реклама —

Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.

— реклама —

Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

Најмногу дожд во Гевгелија: 23 литри дожд по квадратен метар

Македонија | пред 6 месеци

popova-sapka

Студено утро во Македонија: Попова Шапка со -5°C, снежна покривка до 34 см

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryvaj191t0469hbWksSvL

Најмногу дожд во Крива Паланка: 39 литри на метар квадратен за 24 часа

Македонија | пред 7 месеци

media-library5rofp6vhsqeaeMyTbvN

Oбилни дождови и снег со метео аларм од жолто и портокалово ниво!

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања