7 год.
krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

Мукоски по средбата со Заев: Ги усогласивме амандманите и го договоривме составот на телото за помирување

Крсто Мукоски од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по денешната средба со премиерот Зоран Заев рече дека го усогласиле текстот на амандманите и дека добиле гаранции дека Владата ќе ги прифати нивните амандмани.Тој додаде дека нивните барања се однесуваат на дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, културно наследство и јазикот. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на Македонија во ЕУ, поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.-Разговаравме и за телото за внатрешно помирување . Тоа треба да почне ефективно да работи од понеделник. Договорен е составот и бројот на членовите на телото, рече Мукоски.Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и во телото за помирување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski1

Мицкоски: Пред неколку дена се видов со Груевски, разговаравме за неговата иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Алсат М откри дека пред неколку дена се сретнал со Никола Груевски.-Да, се видовме пред некој ден, разговаравме за се што му се случува, за политичкиот прогон. Разговаравме за неговата иднина. Морам да признаам дека во претходниот период немавме комуникција. Неколку часовен разговор беше тоа, рече Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nikoloski

Николоски: За жал сите ќе мора да живееме со Преспанскиот договор

Подобар договор со Грција веќе не е можен и стојам на ставот дека договорот е лош, но сега, со односот на СДСМ, по се што се случи, сме во еднонасочна улица, изјави за Фактор магазин вечерва партискиот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.-За жал, сите ние ќе мора да живееме со Преспанскиот договор, рече Николовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-ohrid-rez

Мицкоски прозборе албански: Го разбирам јазикот, нема ништо лошо во тоа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше на интервју на телевизија Алсат М, каде водителката му ги поставуваше прашањата на албански јазик, тој имаше превод и потоа одговараше на македонски јазик.При едно објаснување од водителката, тој и возврати со „по“, што на албански значи „да“. По ова, водителката го праша дали знае албански.-Разбирам да. Нема ништо лошо во тоа. Познавањето на различни јазици може да ве направи само подобар човек, одговори Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес го стресе Чиле

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала ги потресе областите на Арика и Паринаката во северниот дел на Чиле, на границата со Перу и Боливија.Во градовите Арика и Икике уплашени луѓе излегоа на улиците, но нема информации за разурнување и евентуално човечки жртви.Потресот е регистриран на длабочина од 97 километри со епицентар 88 километри североисточно од Икеке, соопшти Чилеанската агенција за вонредни состојби. Немало опасност од цунами.Чиле се наоѓа во т.н. „Огнен прстен“ и е една од најсеизмичките земји во светот. Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени и цунами предизвикано од потресот загинаа над 525 лица.

Свет | пред 7 години

7 год.
kiko-tose

Енди Рајт: Кристијан ја дели истата страст кон музиката како и Тоше

Четвртиот постхумен албум на поп ѕвезда Тоше Проески, насловен како Secret Place ќе биде промовиран утре на концертот во aрената „Борис Трајковски“.  Албумот е сниман во студиото на Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше The Hardest Thing. Рајт, беше присутен на денешниот прес, во пресрет на концертот на починатата поп-ѕвезда.Од Фондацијата „Tоше Проески“ кажаа дека на албумот има седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови. Снимани се и три спота, а два од нив ќе бидат промовирани утре на концертот.На концертот во чест на Тоше, ќе настапи и Кристијан Ристески, неговиот внук, кој премиерно ќе ја отпее својата прва песна We Are Blood, која исто така ќе се најде на албумот.Го прашевме Енди Рајт, дали го препознава Тоше во Кристијан.„Тоше работеше напорно, многу, беше вреден, а Кристијан исто така вложува многу време и енергија во музиката. Тоа го препознавам во него. Тоше пееше одлично на англиски, па работевме со Кристијан за и тој да има чист изговор на англиски. Направивме се за да ја доловиме емоцијата што ја имаше Тоше во песната на Кристијан. Кристијан како и Тоше е голем музичар и ја дели истата страст кон музиката како и неговиот вујко“, изјави Рајт за Репортер.На концертот во чест на Тоше ќе пеат  Каролина Гочева, Тијана и Тамара, Наум Петрески, Александра Радовиќ,  Борис Новковиќ, Бојан Маровиќ, Владо Калембер, Ања Рупел, „Фрајле“ и други.

Магазин | пред 7 години

7 год.
kokain

Уапсени две лица во Хрватска, со приватен авион пренесувале кокаин од Африка во Загреб

Хрватската полиција уапси двајца странски државјани што слетале на аеродромот во Загреб со приватен авион, а при претрес на авионот полицијата открила повеќе килограми кокаин.Обвинителството се сомнева дека од средината на септември до крајот на октомври во заедничка операција неколку странски државјани, чии идентитет и потекло не се соопштуваат, биле меѓусебно поврзани поради купување, транспортирање и шверц на кокаин во Хрватска, а организаторот на криминалната асоцијација имал намера да плати поголема количина разновидно огнено оружје и муниција во Хрватска“.Осомничените, како што е наведено, кокаинот го набавиле во Африка и го криеле во авионот кој е во сопственост на една компанија, чија работа ја води првообвинетиот, објави Хина.

Свет | пред 7 години

7 год.
bugarski-pasosi

Уапсени 4 српски државјани за посредување при добивање бугарски пасош

Српската полиција уапси 4 лица под сеомнение дека биле дел од организирана група при посредување за добивање невистинити документи за бугарско потекло потребни да се добијат бугарски пасош, пишуваат бугарските медиуми.Акцијата била спроведена на територија на неколку општини во Србија.При акцијата се уапсени еден службеник во општина Пирот, лекар од Димитровград, уште еден жител на овој град и еден од Ќуприја.Некои од уапсените посредувале за давање мито на лекарот и службеникот, кои пак обезбедувале лекарски уверенија и потврди за бугарско потекло.Со лажните документи  барателите на бугарски пасош од Србија потоа се упатувале во Бугарија кадешто ги дополнувале своите досиеа со документи за бугарско потекло, за што дополнително плаќале одредени суми на пари.Во Бугарија пред два дена беше откриена голема организрана група за фалсификувани документи, кои земале од 5.000- до 8.000 евра за бугарски пасош.Уапсен е првиот човек на државната агенција за Бугарите во странство и уште неколку лица.

Свет | пред 7 години

7 год.
zoran-angelovski

Кој е Зоран Ангеловски, кој e главен на системот за прислушување во Македонија?

Зоран Ангеловски е првиот директор на новоформираната Оперативно техничката агенција (ОТА), која ќе има задача да го следи прислушувањето, кое повеќе нема да биде во Управата за безбедност и контраразознавање (УБК), а која почна со работа од вчера.Формирањето на оваа агенција беше една од клучните препораки на експертската група на Прибе, како начин да се спречи злоупотребата со прислушувањето на телефонски разговори.Што пишува во неговата биографија?Ангеловски дојде на оваа позиција откако претходно беше избран со двотретинско мнозинство на пленарна седница во Собранието.За оваа функција беа пријавени 14 кандидати, а тој на крај од собраниската Комисија за избори и именувања, беше едногласно предложен за директор на ОТА.Ангеловски според неговата биографија дипломирал на Факултетот за безбедност и самозаштита.До 1990 година работел како телекомуникациски техничар во Министерството за одбрана, а потоа до 1998 година бил инспектор во УБК.Потоа заминал во Агенцијата за разузнавање, каде бил инспектор во Одделот за тероризам.Во 2005 година, Ангеловски станал директор за корпоративна безбедност во Телеком, каде останал до 2008 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
slika2

Индискиот амбасадор во Хрватска ја наслика Колинда, одвај може да се препознае

Индискиот амбасадор во Хрватска, Сандип Кумар, на официјалната фејсбук-страница на Амбасадата ги покажа своите проштални подароци за хрватските власти.„Амбасадорот им подари слики кои тој самиот ги насликал, на кои се прикажани различни теми, како што се парламентарните избори во Хрватска, кризата во ‘Агрокор’, катедралата во Загреб, успешното патување на Хрватска на Светското фудбалско првенство, хрватски споменици и портрет на претседателката на Хрватска”, стои на Фејсбук.Портретот на хрватската претседателка го доби токму таа. И кога не би знаеле кој му бил инспирација, тешко би погодиле дека тоа е Колинда Грабар-Китаровиќ.Премиерот Андреј Пленковиќ доби слика за изборите во Хрватска. Таа мошне верно покажува дека изборите во Хрватска биле хаотични.Сликата „Кризата во Агрокор” амбасадорот му ја подари на министерот за економија Дарко Хорват, кого токму таа криза го донесе во владата.

Свет | пред 7 години

7 год.
mkd-395805

Демократска фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Заднината на обидот за пуч во ДПМНЕ

Згнасени сме од леснотијата со која и поранешните и сегашните членови на ВМРО-ДПМНЕ ѝ нанесуваат штета на историското ВМРО и на државата, реагира ВМРО- ДПМНЕ Демократска фракција.„Деновиве стана мошне јасно дека случувањата кои ја преокупираа јавноста се ефтина, но добро смислена игра за доразнебитување на партијата преку активирање на инфилтраните структури и врбување на ситнодушни користољубиви членови, во пресрет на претседателските избори. Целта на удбашко криминалните структури со полни џепови, во спрега со Зоран Заев и дел од меѓународната заедница, е ВМРО- ДПМНЕ на претстојните претседателски избори да доживее дебакл, сѐ со цел да победи кандидатот на СДСМ кој потоа би ги потпишал и објавил во Службен весник усвоените амандани за промена на Уставот на РМ, ратификацијата на Преспанскиот договор како и Законот за јазиците. Во меѓувреме со диригираните оставки на доцна морално освестените персони на високи партиски позиции, досегашни соучесници и соизвршители, целта е по поразот на тие избори, истите тие повторно да се вратат во високите партиски редови и повторно заради лични цели и интереси да бидат прислужници и измеќари на дел од фамилијата, а дел од нив да се спасат од долги години поминати во затвор.Затоа Христијане Мицковски поради сите грешки кои ги направи досега, доколку не се освестиш на време и доколку не се обидеш да ја надминеш сопствената суета, твоето претседателствување ќе трае најдолго до завршување на претседателските избори. Затоа Демократската фракција за последен пат ти порачува, докрај и без никакви калкулации да расчистиш со сите криминални структури во партијата и партиските мешетари. Да ги ослободиш од партиски функции сите оние за кои се водат обвиненија, или предистражни или истражни постапки до завршување на истите и да им се извиниш на граѓаните за сторените зла во име на партијата. Нема потреба да се плашиш од закажување на вонреден конгрес на кој ќе присуствуваат демократско избрани делегати. На овој итен конгрес целта е со промена на Статутот да се демократизира партијата, да се зајакне евроатланската ориентација, како и да се зајакне партиското водство преку нов времен тимски пристап.Само силно и сплотено ВМРО ДПМНЕ може да ги победи мрачните сили кои за спас на сопствената кожа и други интереси се обидуваат да ја урнисаат партијата и достоинството на македонскиот народ и да им овозможат на СДСМ и на дел од меѓународната заедница да создадат држава на северно македонци со историја, традиција и култура од 1945 година“, соопшти  ВМРО-ДПМНЕ - Демокјратска фракција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Две лица тешко повредени во Скопје

Две лица од кои еден пешак и еден возач на моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а шестмина со лесни телесни повреди во 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според полицискиот извештај, 22 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, тројца возачи возеле под дејство на алкохол и десет возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило.Исклучени од сообраќај биле и 12 нерегистрирани возила.Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 100 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 71 возило.Полицијата санкционирала и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло,  еден за неправилно престројување и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес во Чиле

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала ги потресе областите на Арика и Паринаката во северниот дел на Чиле, на границата со Перу и Боливија.Во градовите Арика и Икике уплашени луѓе излегоа на улиците, но нема информации за разурнување и евентуално човечки жртви.Потресот е регистриран на длабочина од 97 километри со епицентар 88 километри североисточно од Икеке, соопшти Чилеанската агенција за вонредни состојби. Немало опасност од цунами.Чиле се наоѓа во т.н. „Огнен прстен“ и е една од најсеизмичките земји во светот. Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени и цунами предизвикано од потресот загинаа над 525 лица.

Свет | пред 7 години

7 год.
27-april

Продолжува судењето за упадот во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година.Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.Судијката Добрила Кацарска минатото рочиште го одложи поради влошена здравстевна состојба на обвинетиот Сашко Марковски, кој на рочиштето во вторникот со екипа на Брза помош беше пренесен во болница.За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

пред 7 години

7 год.
struja

Без струја ќе останат делови на Бутел, Центар и Карпош

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови од Бутел, Центар и Карпош.Од 8:45 до 9:45 часот без струја ќе бидат корисниците од левата страна на Радишански пат (општина Бутел ). Од 8:30 до 14:30 часот струја ќе немаат корисниците од ул. Мирче Мацин, Мирче Ацев и бул. Филип Втори Македонски, (објектите во близина на паркингот кај ГТЦ: пералницата, угостителските објекти и домаќинствата од тој реон (општина Центар).Од 9:30 до 15 часот корисниците од дел од ул. Скупи подулицата 3-а, дел од бул. 8 Септември (општина Карпош), од 9 до 15 часот, корисниците од дел на Горни Жданец (општина Карпош), а од 10 до 13 часот корисниците од дел од ул.Козара и дел од ул. Васил Ѓоргов (општина Центар).

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: На Мицкоски му е поважна иднината на Груевски од иднинатата на Македонија

„Мицкоски потврди: иднината на неговиот ментор Никола Груевски му е поважна од иднината на Македонија, затоа е против ЕУ и НАТОАнтизападниот пион Христијан Мицкоски вечерва потврди дека неговата единствена политичка агенда е амнестија за неговиот ментор и носител на криминалот и режимот Никола Груевски. Ништо друго.Вечерва антинародниот Мицкоски призна за средбите со својот ментор Груевски и разговарите на заедничка тема, иднината на Груевски и личните моменти.Со ова признание Мицкоски уште еднаш јавно признава дека тој и актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ се дел од истата криминална матрица на Груевски.За антизападниот Мицкоски поважна односно единствено важна е иднината на Никола Груевски, наместо иднината на Македонија и нејзините граѓани.Затоа пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ отворено работат против ЕУ и НАТО, против македонската иднина.Овие признанија на антизапдниот Мицкоски се уште една причина и останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат процесите во Собранието за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.На изолираниот Мицкоски и на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно дека не можат да го одбранат криминалот на Груевски.Правда ќе има“, пишува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година.Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.Судијката Добрила Кацарска минатото рочиште го одложи поради влошена здравстевна состојба на обвинетиот Сашко Марковски, кој на рочиштето во вторникот со екипа на Брза помош беше пренесен во болница.За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, МиткоПешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

4, 6 или 7 амандмани денеска Владата ќе ги достави до Сoбранието

Денеска истекува рокот кога Владата треба да ги достави уставните амандмани според Договорот од Преспа до Собранието. Вчера премиерот Зоран Заев имаше уште една средба со осумтемина пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија". Заев вика дека ќе има четири, пет, шест, а можеби и седум амандмани, а пратеникот Крсто Мукоски изјави дека биле договорени четири амандмани, пишува МКД.мк.Вчера и двете страни, и Заев и Мукоски изјавија дека има начелен договор за уставните амандмани. Заев изјави дека деталите се заокружени, но не прецизираше колку точно амандмани ќе произлезат. Со договореното се гарантира идентитетот, потенцираше Заев.Пратеникот Крсто Мукоски рече дека добиле согласност и разбирање од Заев за нивните барања. Повтори дека нивните барања се однесуваат на зацврстување на идентитетот, постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи ги преговорите со ЕУ и поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.За барањето во преамбулата на Уставот да биде содржан и Рамковниот договор Заев не одговори конкретно, образложувајќи дека тоа дополнително ќе се утврдува.Мукоски изјави дека било договорено од понеделник да почне да работи и телото за помирување и ја повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работата на тоа тело.Поединци од новата опозициска пратеничка група уште пред гласањето за пристапување кон уставни измани предлагаа дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, ништовност на Договорот доколку грчката страна не го ратификува и не го поддржи нашиот влез во НАТО, како и сукцесивна примена на новото име, во согласност со отварањето на поглавјата од преговорите со ЕУ.Според Мукоски, Договорот содржи и штетни елементи, но мора да се прифати, а нивните амандмани ќе внесат дополнителна заштита.Пред почетокот на седницата на која се гласаше за пристапување кон уставни измени, на 19 октомври, група пратеници од опозицијата доставија свои барања „да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за уставните амандмани“.1. Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет.2. Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа.3. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ.4. Прифаќање на иницијативата на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев искажана на 31-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена“.Еве го и претходно објавениот предлог за промена на Уставот на Владата на Република Македонија:Член 3. Пoцврста гаранција на границатаВо членот 3 од Уставот е регулирано дека територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.Овој член веќе беше изменет во 1992 година со Амандманот I, кога беше додаден принципот на доброволност при промена на границата и согласноста со општо прифатените меѓународни норми.Исто така со овој амандман беше декларирано дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Со новиот уставен амандман кој се предлага ќе се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и со тоа ќе се прецизира поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии. Тоа ќе значи заштита на територијалниот интегритет на Република Македонија и на соседните земји.Член 49. Грижа за Македонците и дијаспората во странствоВо членот 49 од Уставот е пропишано дека Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.И овој член беше изменет со Амандманот II во 1992 година кој предвидуваше дека Републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.Со уставниот амандман кој се предлага ќе се декларира грижа за културните, економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ и сите наши граѓани во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи, во било каква форма и заради било каква причина.Додавање на придавката северна во името на Република МакедонијаЦелта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.Притоа, покрај општи услови и рокови за стапување во сила на амандманите кои ќе бидат врзани со влегување во сила на Договорот и ратификација на протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО во Парламентот на Република Грција, односно престанок на важење на амандманите во случај на невлегување во сила на овие два документи, за начинот на примена на овој конкретен амандман ќе има и посебни рокови.Имено во согласност со договорот ќе биде утврден преоден период за примена на одредбата во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од органите на власт на Република Македонија.При тоа ќе има два преодни периода: „технички“ и „политички“.„Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Република Македонија за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата.Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува со истекот на нивното важење, но најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на договорот.„Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Република Македонија. Издавањето на ваквите документи и материјали ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантната област во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.Измени во Преамбулата на УставотЗаради усогласување на текстот на Преамбулата со Договорот со Грција, во Преамбулата ќе бидат извршени соодветни измени. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија при наведувањето на државно-правните традиции, ќе се именуваат конкретни документи на АСНОМ, односно ќе се внесе повикување на Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ, со неговите конститутивни одлуки.Денеска истекува рокот за поденсување на уставните амандмани до Собранието.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zagadeno-skopje

Скопје синоќа беше шести најзагаден град на светот

Скопје го потврди приматот - еден од најзагадените градови на светот. Македонската метропола синоќа се најде на шестото место по загаденост во светот на  глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“).Индексот, кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод и натриум диоксид и озон, за Скопје покажа вредност од енормни 160, и се најде во друштво со традиционално најзагадените градови како Лахоре, Њу Делхи, Ченгду и Пекинг.Најалармантно синоќа беше кај ректорат со измерени 240 ПМ честички на метар кубен, односно пет пати над дозволените граници.Неколку кратно над дозволеното беше загадено и во Струмица, Битола, Куманово Гостивар и Кавадарци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ustav

4, 6 или 7 амандмани денеска Владата ќе ги достави до Сoбранието, прифатени биле и предлозите на осумтемина

Денеска истекува рокот кога Владата треба да ги достави уставните амандмани според Договорот од Преспа до Собранието. Вчера премиерот Зоран Заев имаше уште една средба со осумтемина пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија". Заев вика дека ќе има четири, пет, шест, а можеби и седум амандмани, а пратеникот Крсто Мукоски изјави дека биле договорени четири амандмани.Вчера и двете страни, и Заев и Мукоски изјавија дека има начелен договор за уставните амандмани. Заев изјави дека деталите се заокружени, но не прецизираше колку точно амандмани ќе произлезат. Со договореното се гарантира идентитетот, потенцираше Заев.Пратеникот Крсто Мукоски рече дека добиле согласност и разбирање од Заев за нивните барања. Повтори дека нивните барања се однесуваат на зацврстување на идентитетот, постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи ги преговорите со ЕУ и поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.За барањето во преамбулата на Уставот да биде содржан и Рамковниот договор Заев не одговори конкретно, образложувајќи дека тоа дополнително ќе се утврдува.Мукоски изјави дека било договорено од понеделник да почне да работи и телото за помирување и ја повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работата на тоа тело.Поединци од новата опозициска пратеничка група уште пред гласањето за пристапување кон уставни измани предлагаа дополнително зацврстување на македонскиот идентитет, ништовност на Договорот доколку грчката страна не го ратификува и не го поддржи нашиот влез во НАТО, како и сукцесивна примена на новото име, во согласност со отварањето на поглавјата од преговорите со ЕУ.Според Мукоски, Договорот содржи и штетни елементи, но мора да се прифати, а нивните амандмани ќе внесат дополнителна заштита.Пред почетокот на седницата на која се гласаше за пристапување кон уставни измени, на 19 октомври, група пратеници од опозицијата доставија свои барања „да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за уставните амандмани“.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања