1 час
sjo

Нападите врз предметите на СЈО се операција за рехабилитација на Груевски, вели Цветеновски

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветеновски, обвини дека нападите врз предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство се дел од, како што рече, политичка операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок во државата.Според неа, додека институциите не реагираат на, како што наведе, криминалните тендери поврзани со власта, во јавноста се води кампања за дискредитација на предметите на СЈО и на пресудите што произлегле од нив.„Клучниот чекор во оваа операција е систематскиот напад врз Специјалното јавно обвинителство и врз пресудите што произлегоа од неговата работа. Целта е јасна – релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување“, истакнува Цветеновски.Таа тврди дека на тој начин се прави обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и, како што рече, бегалецот од правдата Никола Груевски да се претстави како жртва.Во својата изјава, Цветеновски посочува и на, според неа, проблематични кадровски решенија во правосудството, наведувајќи дека се носат одлуки спротивни на европските препораки и дека се врши целосна контрола врз судството и обвинителството.„Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на ‘газдата’“, наведува таа, оценувајќи дека станува збор за директен напад врз владеењето на правото и европската перспектива на државата.

Македонија | пред 1 час

1 час
media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Жена нападната на автобуска, 72-годишник претепан по сообраќајна расправија

Две лица пријавиле физички напади во СВР Скопје во изминатите два дена, а полицијата презема мерки за расчистување на случаите.На 14 февруари 2026 година во 20:10 часот, во СВР Скопје, З.А. (60) од Скопје пријавила дека на 12 февруари околу 06:50 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар, била физички нападната од едно женско лице.Во вториот случај, на 14 февруари 2026 година во 14:10 часот, З.Ш. (72) од Скопје пријавил дека претходниот ден, на 13 февруари околу 16:10 часот, на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување на двата случаи.

Скопје | пред 1 час

1 час
zabava-2

Малолетници послужени со алкохол во Велес, ќе следуваат пријави

Во акциска контрола спроведена во Велес, полициски службеници затекнале малолетници во угостителски објект по полноќ, при што на дел од нив им бил послужен алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.Контролата била извршена во периодот од 23:00 до 01:00 часот, ноќта меѓу 14 и 15 февруари 2026 година, од страна на полициски службеници од СВР Велес, во три угостителски објекти. Акцијата била насочена кон утврдување на присуство на малолетници во објекти по 24:00 часот, како и кон евентуално точење алкохол на лица под законски дозволената возраст.Во еден од контролираните објекти биле затекнати две малолетни лица кои биле послужени со алкохол, додека на уште пет малолетници им било овозможено присуство во објектот по полноќ.Со вработена во угостителскиот објект бил извршен службен разговор, а малолетните лица биле предадени на нивните родители. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 час

1 час
media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Инцидент во фабрика во Ѓорче Петров: Лица со коњска кола физички нападнале вработени

Три лица физички нападнале тројца вработени во круг на фабрика на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата во СВР Скопје, на 14 февруари 2026 година во 21:00 часот било пријавено дека околу 11:45 часот три лица со коњска кола влегле во кругот на фабриката. Откако биле забележани и предупредени од тројца вработени дека треба да го напуштат просторот, лицата физички ги нападнале, при што употребиле и дрвени предмети.Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за идентификување на сторителите.

Скопје | пред 1 час

1 час
pozarna-

Пожар во сместувачки капацитет во Делчево: Сопственикот осомничен за сериозни пропусти

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и против Н.Д. (35) од Делчево, сопственик и раководител на правното лице, поради основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавените не ги почитувале законските одредби за изградба на објект, утврдени во член 68 и член 70 од Законот за заштита и спасување. Тие не обезбедиле проект за објектот, не поседувале одобрение за градење од надлежен државен орган, ниту пак согласност на елаборат за заштита од пожари и експлозивни материи.Дополнително, дејноста се извршувала без соодветна документација, а објектот не бил евидентиран во Агенцијата за катастар на недвижности.На 1 јануари 2026 година во објектот избувнал пожар, при што во моментот внатре имало сместено околу 30 гости. Со тоа, според МВР, бил доведен во опасност животот и телото на лицата кои престојувале во сместувачкиот капацитет.По целосно документирање на случајот, предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 час

1 час
rabotnik-gradezen-

Инцидент на градилиште во Кисела Вода: Со возило се обидел да удри работници

Во СВР Скопје на 14 февруари 2026 година во 20:00 часот било пријавено дека неколку часа претходно се случил сериозен инцидент на градилиште на подрачјето на Кисела Вода.Според пријавата од Н.К. (1974) од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал.Потоа, со возилото удрил во автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кој бил паркиран пред објектот. Од силината на ударот, „сеатот“ се придвижил и удрил во друго паркирано возило „фолксваген поло“.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 1 час

1 час
blace

Уапсен на граница: Приложил документ од лице веќе приведено по потерница

На 14 февруари 2026 година во 17:40 часот на Граничниот премин Долно Блаце, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Е. (36) од Косово.Како што информира Министерството за внатрешни работи, при гранични проверки и пасошка контрола било утврдено дека лицето на увид приложило патна исправа која припаѓала на друго лице од Косово. Според полицијата, станува збор за лице кое било барано од Интерпол и кое на 12 февруари 2026 година било лишено од слобода на истиот граничен премин.Л.Е. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 час

1 час
Screenshot-2025-05-07-at-11.52.57

Несреќа во Скопје: „Голф“ удри велосипедист, пренесен во болница

Тешко повреден велосипедист е епилогот од сообраќајната несреќа што се случила на 14 февруари 2026 година околу 21:40 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје.Како што информира Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (38) од село Глумово, скопско, и велосипед управуван од Р.С. (55) од Скопје.Во судирот со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Скопје | пред 1 час

1 час
02

Полицијата откри продажба на кокаин во угостителски објект во гостиварско

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Ш. (50) и М.А. (24), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, по преземени оперативни мерки било утврдено дека во периодот од декември 2024 година до 31 јануари 2026 година, првопријавениот, сопственик на угостителски објект во село Чегране, гостиварско, вршел продажба на кокаин.Истрагата покажала дека на 17 јули 2025 година, во населбата Питарница во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на едно лице, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Според наодите, дрогата претходно ја набавил од второпријавениот, кој бил вработен во угостителскиот објект и вршел непосредна продажба на кокаин на корисници.На 31 јануари 2026 година бил извршен претрес во угостителскиот објект во Чегране, при што биле пронајдени и одземени кокаин и гасен пиштол „Екол“ калибар 9 милиметри.Против двајцата осомничени е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 1 час

1 час
media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија – апел за претпазливост покрај реките поради можни излевања

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по обилните врнежи во изминатите 24 часа кои предизвикаа нагло полнење на речните корита. Според најавите, состојбата може дополнително да се влоши во текот на денот.Од Секторот за хидрологија информираат дека во Полошкиот регион, особено во горниот дел од сливот на реката Вардар, е регистриран висок водостој. Постои опасност од заезерување во одделни делови на Полошката Котлина, како и локални излевања на помалите реки и суводолници во гостиварско и тетовско.Зголемен водостој е забележан и на реката Треска, со потенцијално критични точки во селата Пласница и Лисичани. Се очекува пораст и на нејзината лева притока, реката Кичевска, што дополнително ја зголемува опасноста од локални излевања.Во Пелагонискиот регион и Демир Хисар, реката Црна бележи континуиран пораст, а можни се излевања во делови од Демир Хисар, Кичевско и поширокиот пелагониски крај. Зголемен водостој има и во Охридско-Струшкиот регион, каде реките Сатеска и Коселска се со покачено ниво, со ризик од локални излевања на помалите водотеци.Од Управата апелираат граѓаните да бидат крајно претпазливи и да избегнуваат движење покрај реките и водотеците во западните делови на земјата. Се препорачува внимателно следење на состојбата и во источните делови, каде се можни изолирани поинтензивни врнежи.Надлежните институции ја следат состојбата на терен, а од УХМР најавуваат редовно информирање доколку дојде до дополнително влошување на хидролошката состојба.

Македонија | пред 1 час

1 час
media-libraryrqjpne45cuhaewP9JM0

(Видео) Петрушевски: Да се истражи поврзаноста на Филипче и Заев со фирмата од која беа запленети 30 тони дрога

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека на виделина излегла поврзаноста на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев со бизнисот со марихуана, по заплената на 30 тони дрога од фирмата „ЦБД Медплант“ ДОО од село Борисово, во сопственост на Тони Котев.Според Петрушевски, компанијата добила одобрение за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година, во период кога Филипче бил министер за здравство и кога, како што посочи, лично ги одобрувал лиценците за оваа дејност.„Во тој период Филипче е министер за здравство и тој лично ги одобрува лиценците за одгледување на марихуана, што значи дека не само што се знае и соработувал со Тони Котев, туку и му помогнал да го почне и работи овој бизнис“, изјави Петрушевски.Тој додаде дека Филипче и Заев активно се залагале за проширување на употребата на канабисот, вклучително и за лична употреба, како и за извоз на цвет од канабис. Според него, во 2023 година била изменета регулативата за одгледување канабис, што, како што тврди, отвора сомнежи за можни политички и бизнис-интереси.„Зошто во 2023 година беше променет Правилникот за одгледување канабис? Дали за да им врви бизнисот на Заев и Филипче?“, праша Петрушевски, повикувајќи го Јавното обвинителство да ја испита целокупната поврзаност на поранешните функционери со случајот.

Македонија | пред 1 час

1 час
media-librarynr4vb08c9mle0jjquPS

Евакуирани 180 лица во Кичево, поплавени домови и болнички објекти по обилните врнежи

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во текот на ноќта и претпладневните часови предизвикаа поплави и излевање на реки во повеќе региони, при што во Кичево беа евакуирани околу 180 лица, информира Центарот за управување со кризи.Во кичевскиот регион, Зајашка Река се излеала на улицата „Прилепска“, при што биле зафатени повеќе куќи. Евакуираните жители се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Регистрирано е и заезерување на улицата „29 Ноември“ во населбата Подварош, каде се поплавени подрумски простории во повеќе објекти, како и дел од објектите на болницата во Кичево. На терен интервенираат екипи на ОВР Кичево, ЈП „Комуналец“ и други надлежни служби, а известени се градоначалникот на Општина Кичево и Дирекцијата за заштита и спасување. Организирана е достава на храна и вода за евакуираните со помош на Црвениот крст, додека од Скопје се испратени дополнителни тимови со ќебиња, душеци и кревети. Засега нема животно загрозени лица, но врнежите продолжуваат и состојбата внимателно се следи.Во скопскиот регион, преку бројот 112 се примени повеќе пријави за поплавени дворни места во село Идризово, поплавувања во село Буковиќ, поплавен подрум и двор во Зелениково, како и поплавено дворно место во населбата Радишани. Надлежните општини извршиле увид и преземаат мерки за санирање на последиците.Во тетовскиот регион е пријавено свлечиште на патниот правец Тетово – село Џермо, поради што сообраќајот е во прекин. Од 07:45 часот е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег. Засега нема зголемување на водостојот на реките, а снабдувањето со електрична енергија и вода за пиење е редовно.Во гостиварскиот регион се пријавени поплавени куќи во село Беловиште, како и во населбите Циглана и Бањечница. Во село Балиндол е затрупан канал, при што се поплавени неколку куќи. Во една од поплавените куќи во Беловиште биле заглавени две деца и нивната мајка, по што веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица и полицијата. Поплавите се последица на излевање на Сушичка Река и затрупани канали, а најавено е ангажирање механизација за расчистување на теренот. Локалните власти и Дирекцијата за заштита и спасување ја следат состојбата на терен.

Македонија | пред 1 час

2 час.
DSC_0402

Вчера се уапсени десет возачи

Десет возачи вчера биле лишени од слобода на територијата на целата држава поради управување возило без возачка дозвола, со активна забрана за управување или под дејство на алкохол, информира Министерството за внатрешни работи.Според податоците, двајца возачи биле приведени во Тетово, а по еден во Куманово, Битола, Свети Николе, Штип и Кочани, затоа што управувале моторни возила без положен возачки испит и без да поседуваат соодветна дозвола.Во Велес и во Свети Николе биле приведени уште двајца возачи кои управувале возила и покрај тоа што имале изречена мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Во гевгелиско, пак, бил лишен од слобода еден возач кој управувал под дејство на алкохол.Сите лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Македонија | пред 2 часа

2 час.
media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

„Законот за пушење пу пу не важи, ама за да не е дека бизнис заедницата е газда на државата, превидуваме фази за имплементација“

„Законот за пушење, очигледно, не важи. Бизнис-заедницата рекла дека ако не се пуши ќе падне прометот и ќе се отпуштаат луѓе, па сега сме ‘во ред’ да се пуши“, реагира Ина Многуфина во јавна објава, коментирајќи ги најавите за нов пристап кон примената на забраната за пушење во угостителските објекти.Таа иронично забележува дека, за да не изгледа како бизнис-заедницата да е „газда во државата“, се најавуваат фази за имплементација и едукација.„Колку фази се потребни за да се тргнат пепелниците – не знам. А што со едукацијата? Ќе одат ли по маси да им велат ‘ц, ц, ц’ на луѓето?“, прашува Многуфина.Според неа, суштинскиот проблем не е во тоа што законот не постои, туку во тоа што не се почитува.„Законот за пушење постои одамна, само никој не го спроведува. И сега наместо да се инсистира на негово доследно почитување, ние ќе го официјализираме непочитувањето“, наведува таа.Во својата реакција, Многуфина прави и алузија на култната сцена од југословенската хумористична серија „Топ листа надреалиста“, во која иронично се изговара репликата „Пушењето е дозволено, дури и пожелно“.„Може слободно да ја искористиме, бидејќи и така живееме во надреално време“, заклучува таа.

Коментари | пред 2 часа

2 час.
izrael-napadnat

Ескалација во Газа, девет загинати: Израел соопшти дека нападите се одговор на кршење на примирјето

Најмалку девет лица загинаа во денешните воздушни напади на израелската војска врз северниот и јужниот дел од Појасот Газа, соопштија палестински претставници од цивилната заштита и здравствените служби, додека израелската страна ги опиша акциите како одговор на наводно кршење на примирјето од страна на Хамас.Според медицински извори, четири лица биле убиени во напад врз камп со шатори во кој биле сместени раселени семејства, додека во друг напад во Кан Јунис, на југот од Газа, загинале уште пет лица.Израелски воен претставник изјави дека во последните часови Израелските одбранбени сили започнале напади како одговор на, како што рече, „очигледно кршење на договорот за прекин на огнот од страна на Хамас“ во областа Беит Ханун. Според него, вооружени лица се појавиле од тунели источно од таканаречената „жолта линија“, која претставува разграничување на зоните утврдени со договорот.Официјалниот претставник ги оцени нападите како „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, тврдејќи дека Хамас извршил повеќе прекршувања на примирјето од октомври наваму, вклучително и распоредување на вооружени лица во чувствителната зона на разграничување.„Преминувањето на жолтата линија во близина на трупите на Израелските одбранбени сили, додека се вооружени, претставува експлицитно кршење на примирјето и укажува на систематско нарушување на договорот со намера да им се нанесе штета на израелските војници“, изјави израелскиот претставник.Израел и Хамас во изминатиот период повеќепати меѓусебно се обвинуваа за прекршување на договорот за прекин на огнот, кој е клучен дел од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Газа.Израелската војска соопшти дека идентификувала вооружени лица во близина на свои позиции во северниот дел на Појасот Газа и дека продолжува со уништување на подземни тунели во согласност со договорот. Во едeн од нападите биле елиминирани двајца вооружени лица, а според израелската војска, можно е да имало и дополнителни жртви меѓу милитантите.Министерството за здравство во Газа објави дека од почетокот на примирјето, во израелски напади загинале најмалку 600 Палестинци, додека Израел соопшти дека во истиот период милитанти од Газа убиле четворица израелски војници.

Свет | пред 2 часа

2 час.
media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ прави дефокус, нема одговор за 5 тони дрога

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ свесно ја пренасочува јавноста од, како што рече, најсериозните прашања поврзани со петте тони дрога што поминале преку државната граница.Тој оцени дека за власта „нема ништо свето“ и дека, според него, се злоупотребуваат и човечки трагедии со цел да се прикријат суштинските теми.„Немаме одговор како поминаа пет тони дрога преку граница. Немаме одговор на скандалите што ги отвораме, поврзани со фирми блиски до ДПМНЕ, кои, според нашите наводи, водат директно до кабинетот на Мицкоски и до високото раководство на партијата“, изјави Димитријевиќ.Тој додаде дека, наместо институционален одговор и расчистување на сомнежите, јавноста секојдневно е сведок на, како што рече, „класичен дефокус“ од страна на власта.Според СДСМ, отсуството на конкретни одговори за начинот на кој голема количина дрога ја поминала границата отвора сериозни дилеми за одговорноста на институциите. Димитријевиќ порача дека партијата ќе продолжи јавно да ги поставува прашањата сè додека, како што истакна, не се добијат јасни и недвосмислени одговори.

Македонија | пред 2 часа

2 час.
media-libraryt9k7g75ma3r51Gs9gdi

(Видео) Поплави во Кичево: Десетици домови поплавени, погодени околу 200 жители, прогласена кризна состојба

Десетици домови и возила се под вода во Кичево по обилните врнежи што предизвикаа излевање на Зајаска река, а улиците во повеќе делови од градот се целосно поплавени. Жителите се обидуваат да спасат дел од покуќнината, додека водата навлегува во нивните куќи.Најкритична е состојбата во населбата Подварош, каде граѓаните со сопствени пумпи, но и со помош на противпожарните екипи, ја испумпуваат водата од своите домови. Дел од улиците се непроодни, а оштетени се и паркирани возила.Со соопштение се огласи и Општина Кичево, информирајќи дека поради интензивните врнежи повторно настанале поплави во неурбанизираниот дел кај улицата „Прилепска“. Според првичните информации, погодени се околу 200 жители.Лицата на кои им е потребно привремено сместување ќе бидат згрижени во спортската сала во Иванидол. На терен интервенираат екипи на ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијалната противпожарна единица, кои постапуваат согласно приоритетите и пријавите од граѓаните.Свикан е Кризен штаб кој ја следи состојбата и ги координира активностите за заштита и помош. Од Општината апелираат на смиреност, трпение и внимателност, нагласувајќи дека ќе бидат искористени сите расположливи ресурси за справување со последиците од невремето.До граѓаните се упатени и безбедносни препораки – да се избегнува движење низ поплавени улици и подрумски простории, како и да се исклучи електричната енергија во домовите доколку постои ризик од навлегување вода.

Настани | пред 2 часа

2 час.
media-libraryet0n70lp8tbg11VDjXn

(Видео) Публиката ги пееше хитовите, Владо ги врати спомените

Пеејќи ги најголемите хитови на Владо Јаневски, публиката во спортскиот центар „Борис Трајковски“ синоќа создаде атмосфера исполнета со емоции, љубов и носталгија. Илјадници присутни во еден глас ги изведуваа безвременските песни кои со години се дел од колективната музичка меморија на македонската публика.Концертот помина во знакот на романтиката, со внимателно одбран репертоар што ги опфати најпознатите балади, но и побрзите композиции кои ја кренаа салата на нозе. Од првите акорди до последниот бис, публиката пееше, аплаудираше и со мобилни телефони ја осветлуваше салата, создавајќи интимна и топла атмосфера.Владо Јаневски уште еднаш ја потврди својата препознатлива сценска присутност и вокална сигурност, носејќи ја публиката низ повеќедецениска музичка приказна.

Магазин | пред 2 часа

2 час.
media-librarytiegtek1qpd29PFCu0v

(Видео) 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите молчат 53 дена, вели Димитријевиќ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска изнесе нови обвинувања за, како што рече, сомнителни јавни набавки, тврдејќи дека една фирма во период од две години добила 74 тендери во вкупна вредност од 17,6 милиони евра.Според Димитријевиќ, поминале 53 дена од објавувањето на претходните наводи од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ, а, како што истакна, „нема ниту една институционална реакција“. Тој обвини дека Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Финансиската полиција не постапиле по досегашните информации.„Нема пари за повисоки плати, се кратат субвенциите за земјоделците за 40 милиони евра, а зад грбот на народот едни исти фирми добиваат милионски тендери“, изјави Димитријевиќ, додавајќи дека, според нивните податоци, фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје за две години склучила 74 договори со институции.Тој наведе дека наглиот раст на склучени договори започнал во 2024 година и продолжил во 2025 година, при што само во текот на минатата година биле склучени 59 договори, најголем дел со општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.Дополнително, според него, вредноста на склучените договори во голем број случаи се поклопувала со проценетата вредност на тендерите, што, како што рече, претставува „основен индикатор за наместени јавни набавки“.Димитријевиќ во изјавата посочи и на други случаи за кои СДСМ претходно алармираше, наведувајќи дека една семејна фирма добила 161 тендер, друга 51, а сега трета фирма 74 договори. Тој ја обвини власта дека „си дели тендери како колачи“ и дека јавните средства се користат за, како што рече, партиски и бизнис интереси.Од СДСМ најавија дека Антикорупцискиот тим ќе продолжи со објавување на, како што велат, нови податоци и документи, додавајќи дека ќе бараат институционална одговорност.

Настани | пред 2 часа

3 час.
media-library5487dfr48am82vA0KCS

„Ако Македонија сака квалитет, ќе мора знаењето да е критериум, а не партиската книшка“, алармира иселена професорка критикувајќи го новиот закон

Како Македонка која живее и работи во Финска, во рамки на University of the Arts Helsinki, Виолета Симјановска јавно реагира на предложениот Закон за високо образование, оценувајќи дека системот во Македонија има потреба од суштински промени, а не од засилена централизација.Симјановска, која во 2013 година докторирала на Културен менаџмент и културни политики, посочува дека нејзиниот обид професионалното искуство и меѓународните контакти да ги пренесе во Македонија завршил со разочарување. Наместо разговор за научни трудови, визија и компетенции, како што тврди, комуникацијата со тогашното раководство на Факултетот за драмски уметности се свела на прашања за партиска припадност и „врски“ во институциите.Нејзината реакција во целост:„Како Македонка која живее и работи во Финска, во високообразовна институција – University of the Arts Helsinki, чувствувам одговорност да придонесам во дебатата за новиот Закон за високо образование во Македонија.Прво, затоа што сакам да направам нешто добро за мојата земја. И второ, затоа што верувам дека одредени аномалии во системот мора храбро да се именуваат и коригираат. Мојата лична приказна е доказ дека нешто суштинско треба да се промени.Во 2013 година докторирав на Културен менаџмент и културни политики. Пред тоа имав долгогодишно професионално искуство во полето на изведувачките уметности. Природно, дојде момент кога почувствував дека моето знаење, искуство и меѓународни контакти треба да ги пренесам на помладите генерации во Македонија.Стапив во контакт со деканот на ФДУ, но од тој разговор излегов длабоко разочарана. Воопшто не се зборуваше за моите квалификации, научни трудови, визија, професионално искуство или меѓународни мрежи. Наместо тоа, разговорот се сведе на партиска книшка и на тоа дека треба да „фатам врски“ во Министерството за финансии. Тоа беше одлучувачкиот момент да си ја пробам среќата надвор од Македонија.На отворен меѓународен конкурс бев избрана и добив огромна професионална одговорност. Последните шест години сум лидер на целиот оддел за Arts Management на Sibelius Academy. Не поради партиска припадност. Не поради „врски“. Туку поради квалификации, визија и докажана експертиза.Овој личен пример не го споделувам од суета, туку како аргумент: ако системот во Македонија навистина сака квалитет, мора да создаде услови каде што знаењето и компетентноста се единствениот критериум.Во предложениот текст на законот, (170тина страни!!!) улогата на Владата и Министерството е доминантна , од одобрување на докторски студии, до рокови за уписи. Во европски контекст, вакви решенија се исклучок, не правило.Да го земеме повторно примерот на Финска.Tука, универзитетите се автономни правни субјекти. Државата поставува стратегиски цели и обезбедува финансирање преку договори за резултати, но не одлучува колку докторанти ќе се запишат, ниту кога ќе се отвори конкурс. Академската заедница самостојно управува со своите програми, вработувања и истражувачки приоритети. Тоа е модел заснован на доверба и одговорност, не на микроменаџмент со можност за влијание од политичките елити.Особено е значајно прашањето на интердисциплинарноста. Универзитети како Aalto University се создадени токму врз принципот на спојување на технологија, бизнис и уметност. Студент може да комбинира различни области, да премине од една во друга, да гради сопствен академски профил. Изборот на матура не е доживотна пресуда.Во Финска не постои „вонредно студирање“ во формата што ја знаеме кај нас. Постојат флексибилни патеки, но стандардите за квалитет се исти за сите.Ако зборуваме за квалитет и меѓународна конкурентност, мора да зборуваме и за импакт фактор. Доколку сакаме академската заедница во Македонија да објавува во списанија индексирани во бази како Web of Science, треба да сме реални: тоа е скап процес. Објавување на еден труд во списание со висок impact factor често чини околу 2.000 евра (понекогаш и повеќе). Без сериозно инвестирање во истражување, инфраструктура и меѓународна соработка, барањата за „импакт“ остануваат празна декларација.Дополнително, ако сакаме интернационална видливост, мора да си поставиме неколку прашања:Колку студиски програми во Македонија се на англиски јазик, во јавниот сектор?Дали е направена проценка на капацитетите на професорскиот кадар во однос на академски англиски?Како ќе привлечеме странски студенти ако наставата е претежно затворена во локален контекст?Сè ова, во комбинација со засилената централизација, остава впечаток на автократски пристап кон образованието, концентрирање на моќта во едно место, намалување на автономијата и зголемување на административната контрола.Ако сакаме модерно и европско високо образование, во Макдонија, потребен ни е закон што ќе ја зајакне автономијата, ќе го стави знаењето над политиката и ќе инвестира во истражувања и вистински квалитет.Во спротивно, ќе продолжиме да ги испраќаме најподготвените кадри надвор , и ќе се прашуваме зошто си заминуваат. А доминантионт дискурс ќе продолжи во насока на партиска послушност и припадност, далеку од европски те стандарди на високо образование.

Коментари | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања