Промени тема
Контакт

Најнови вести

16 час.
media-library53peoam1toc5eGvNLde

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени дека за пари менувале податоци во електронските индекси

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип презеде мерки против двајца свои вработени по одлуката на Основното јавно обвинителство Штип за поведување постапка против нив. Од Ректоратот информираат дека нивниот работен однос е ставен во мирување, а пристапот до електронскиот систем за студентски досиеја им е целосно одземен.Како што наведуваат од Универзитетот, мерката ќе остане во сила до целосно расветлување на случајот. Проверките се однесуваат на ограничен број случаи поврзани со постапките за запиш

Македонија | пред 16 часа

16 час.
media-librarycsh1i936ka910S4pYET

Серија насилни инциденти во Македонија: Татко го натепал синот, еден маж ги нападнал таткото и сопругата, друг — мајка му

Пет случаи на физички напади и закани биле пријавени во полицијата во текот на 8 ноември, при што во три од нив осомничените биле лишени од слобода, информира Министерството за внатрешни работи.Во делчевско село, полицијата го привела 45-годишниот А. Л., по пријава дека физички го нападнал својот 13-годишен син. За случајот бил известен јавен обвинител.Во Гостивар, 35-годишниот Х. Д. бил лишен од слобода по пријава од неговиот 70-годишен татко. Според пријавеното, по претходна расправија во семе

Македонија | пред 16 часа

16 час.
media-library1t41dhskauv96tipxic

Осум возачи уапсени: возеле без дозвола, пијани или со забрана

Осум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации во Македонија поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.Четворица од нив управувале возило без положен возачки испит: В.П. (45) од Скопје, Н.Е. (56) од селото Морани, скопско, А.А. (35) од селото Студеничани, скопско, и Т.Б. (20) од Турција, со престој во Тетово.Двајца возачи, Г.Н. (

Македонија | пред 16 часа

16 час.
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Инфлацијата во октомври изнесува 3,3 проценти, месечниот раст на цените е 0,4 отсто

Инфлацијата во Македонија во октомври 2026 година достигнала 3,3 проценти на годишно ниво, додека во однос на претходниот месец е забележан раст од 0,4 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.Од Министерството за економија и труд оценуваат дека показателите упатуваат на релативна ценовна стабилност, но посочуваат дека внимателно ги следат движењата на пазарот, особено цените на основните прехранбени производи.Оттаму најавуваат дека доколку се утврдат неоправдани

Македонија | пред 16 часа

16 час.
media-librarys8clukirps2n7BBJeWa

(Видео) Над 1.000 грла добиток неконтролирано се движат низ Крива Паланка, градоначалникот бара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба во општината поради неконтролираното движење на повеќе од 1.000 грла крупен добиток, кој предизвикува штети на имотите, земјоделските површини и јавните простори, а ја загрозува и безбедноста во сообраќајот.На прес-конференција, на која присуствуваа и граѓани погодени од проблемот, Митовски порача дека досегашните институционални реакции не донеле трајно решение и дека се потребни допол

Македонија | пред 16 часа

17 час.
nema-voda

Повеќе улици во Гази Баба утре без вода поради интервенции на водоводната мрежа, проверете дали сте на списокот

Поради интервенции на водоводната мрежа, утре (вторник, 10 ноември) ќе има прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во скопската општина Гази Баба.Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради промена на шибер на нова водоводна мрежа со профил Ф100 мм и замена на воздушен вентил Ф80 мм, на улицата „Душан Тасковиќ“ бр. 49.Без вода ќе бидат жителите на улицата „Душан Тасковиќ“, делови од улиците „Коце Металец“, „Филип Филиповиќ“ и „Гемиџиска“, како и улиците „Тајмишka“ и

Скопје | пред 17 часа

17 час.
media-libraryb0ujnhekgjp740RR6bz

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица, неделниот лимит зголемен на 15.000 денари

Шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска се отворени и во Тетово и Струмица, покрај експозитурата во Битола, која работи од 6 ноември. Граѓаните кои немаат платежни картички на овие шалтери можат да подигнат до 20.000 денари.Според информациите, исплатата на средствата во трите града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во Струмица на почетокот на работниот ден имало кратко доцнење поради логистичка организација, но исплатата продолжила според предвидената динамика.Исплатите ќ

Македонија | пред 17 часа

17 час.
media-library18is0v5m70uvdiDcyVe

Најмалку 34 загинати при превртување на мигрантски брод кај Сенегал, едно лице е спасено

Најмалку 34 лица загинале откако мигрантски брод се превртел во Атлантскиот Океан, во близина на брегот на Сенегал, додека пловел кон шпанските Канарски Острови. Едно лице било спасено, а бројот на исчезнати сè уште се утврдува, соопштило Министерството за внатрешни работи на Сенегал.Несреќата се случила со мал дрвен чамец во морскиот простор меѓу главниот град Дакар и Сен Луис, на северот од земјата. Според основачот на сенегалското здружение за помош на мигрантите „Боза Фии“, Салиу Диуф, сите

Свет | пред 17 часа

17 час.
media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Големо поевтинување на горивата: бензините поевтини за 7 денари, а дизелот за 5,5 денари

Цените на сите нафтени деривати бележат значително намалување откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поевтинување во просек за 7,51 процент во однос на цените утврдени на 2 ноември.Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар. Новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката 88 денари за литар.Дизелот ќе биде поевтин за 5,5 денари и ќе се продава по 94,5 денари за литар. Екстралесното масло за домаќинство поевтинува за 6,5 денари, на 103

Македонија | пред 17 часа

18 час.
media-librarycpug2duc46o734odgoa

(Видео) „Молкот на Обвинителството за Алта банка отвора сомнеж дека се штити Мицкоски“, вели Кузеска

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, побара Обвинителството итно да отвори истрага за случајот со Алта банка, обвинувајќи дека молкот на институцијата отвора сомнеж за заштита на премиерот Христијан Мицкоски.На прес-конференција таа рече дека, според информациите на СДСМ, во Србија на Алта банка ѝ била одземена дозволата, бил отворен стечај, сопственикот Давор Мацура бил уапсен, а се водела истрага за 380 милиони евра. Наспроти тоа, Кузеска оцени дека во Македониј

Македонија | пред 18 часа

18 час.
media-library6rqr9p30u7hm7Fkl47X

Ѓорѓиевски на средба со швајцарскиот амбасадор за нови можности за развој и модернизација на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остварил протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Зомер, на која разговарале за можностите за соработка и размена на искуства во повеќе области.Ѓорѓиевски посочи дека швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги можат да бидат значајни за развојот на Скопје.Тој нагласи дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можат да се создадат партнерства со

Скопје | пред 18 часа

18 час.
media-librarymnpcui99cnq2auJ0nHz

Прво систематско пребројување на дивокозата на Шар Планина, забележани здрави стада и подмладок

Националниот парк „Шар Планина“, во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), ги спроведе првото организирано пребројување и проценката на популацијата на дивокозата во зоната на строга заштита Лешница.Истражувањето опфати три лешнички долини, каде што биле забележани здрави стада со единки од различна возраст и пол, вклучително и подмладок. Според надлежните, овие показатели упатуваат на добра состојба на популацијата, а на набљудуваните места има и соодветни услови за исхрана.Резултати

Македонија | пред 18 часа

18 час.
media-librarylng55irhup809BUd80c

Мицкоски се согласува Обвинителството да отвори случај и да поведе истрага за Алта банка

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка да продолжи да работи и порача дека Владата е насочена кон нејзино спасување, отфрлајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ во врска со нејзиното преземање.Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на СДСМ Обвинителството да отвори предмет за случајот, Мицкоски рече дека се согласува да биде поведена истрага за да се утврдат сите околности.Тој оцени дека обидите на опозицијата да создаде сомнеж дека банката ќе заврши во стечај нема да успеат и

Македонија | пред 18 часа

18 час.
media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Правосудниот испит ја разгоре политичката расправија: ЗНАМ се заканува со напуштање на Владата, албанските партии му порачаа на Димитриевски дека Врање е блиску

Спорот околу полагањето на правосудниот испит предизвика остри реакции во албанскиот политички блок, откако ЗНАМ порача дека испитот треба да се полага исклучиво на македонски јазик и дека партијата ќе ја напушти Владата доколку биде прифатен предлогот на министерот за правда Јетон Шасивари за комбинирано полагање.Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, се соочи со критики од повеќе албански политичари, кои реагираа на неговите изјави за застапеноста на Албанците и употребата на албанскиот јазик.

Македонија | пред 18 часа

18 час.
media-libraryi84rjk4mbmi0ble3chx

37-годишен маж од Тетово починал во својот дом, наредена обдукција

37-годишен маж од Тетово починал во својот дом, а неговото тело било донесено во Клиничката болница во Тетово без знаци на живот.Според информациите од МВР, на 8 ноември во 16:35 часот, од Интерното одделение на болницата била пријавена смртта на Ф.С. (37) од Тетово.Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде што лекар ја констатирал смртта. Според првичните сознанија, мажот починал во својот дом, а на телото не биле забележани траги на насилство.Увид извршиле полициска екипа и јав

Македонија | пред 18 часа

18 час.
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни.Мицкоски рече дека бил непријатно изненаден од изјавата и потсети дека и тој и министерката за образование се редовни професори кои, како што наведе, со години им помагале на генерации студенти да стекнат знаење.Тој изрази жалење што Ходаи не присуствувал на состанокот со претставниците на студентските движења, на кој се разгова

Македонија | пред 18 часа

18 час.
media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Правосудниот испит во кој се симулира судски процес ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека нема да се овозможи полагање на целиот правосуден испит на албански јазик, туку решението што ќе биде доставено на владина седница ќе содржи два дела.Според него, студентите ќе можат делот од испитот поврзан со нивните додипломски студии да го полагаат на јазикот на кој го завршиле високото образование. Во Македонија, како што посочи, високообразовни студии се одржуваат на албански, турски и англиски јазик.Од друга страна, делот од правосудниот испит во

Македонија | пред 18 часа

18 час.
media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на банката да биде закажана кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека истекол тридневниот рок во кој требало да биде известен регулаторот во Србија, а во тек е десетдневниот рок во кој треба да се даде согласност Народната банка преку аукција да ги отуѓи акциите.Тој додаде дека по завршувањето на оваа постапка следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенци

Македонија | пред 18 часа

19 час.
media-libraryog4u1s1nc70v744IKMK

Филипче бара истрага за Алта банка, Обвинителството порачува: Не постапуваме по политички барања

„Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на докази, не врз основа на барања од политички партии“, е ставот на Обвинителството во врска со прашањето за евентуално отворање предмет за „Алта банка“, по обвинувањата што ги изнесе претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Филипче претходно побара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, а во проверката на финансиските текови поврзани со банката да се в

Македонија | пред 19 часа

19 час.
media-librarypahl16ohled97wEqJfP

Ива Михаилова од Бугарија бара да учествува преку видеоврска на судењето во Кочани, тврди дека вештачењата ја докажуваат нејзината невиност

Ива Михаилова побарала да учествува преку видеоврска на денешното судско рочиште во Кочани, во постапката што се води против неа. Во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ), таа соопштила дека нејзиниот адвокат поднел барање за далечинско учество, а се очекува на денешното рочиште да бидат разгледани две вештачења за кои тврди дека ја потврдуваат нејзината невиност во сообраќајната несреќа во која загина едно лице, а неколку други беа повредени.Михаилова на 12 октомври замина во Бугариј

Македонија | пред 19 часа

19 час.
nino-vasev

Здравствени причини го одложија денешното судење за случајот „Онкологија“

Денешното судско рочиште за предметот „Онкологија“, кој се води пред Основниот кривичен суд Скопје, е одложено поради отсуство на судијката Снежана Марковска од здравствени причини.Од Судот информираат дека следното рочиште е закажано за 25 ноември, според претходно утврдениот распоред.На последното рочиште, одржано на 5 октомври, Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на одбраната, Владимир Даниловски, во врска со терапијата применувана кај пациентите на Клиниката за онкологија. При

Македонија | пред 19 часа

19 час.
rast-na-berzi

Европските берзи со мешани движења: банкарскиот сектор расте, технолошките компании губат

Европските берзи ја започнаа новата трговска седмица со минимални промени во главните индекси, но со различни движења во одделни сектори. Италијанските банки забележаа значителен раст по најавите за можно спојување и објавувањето рекордни финансиски резултати, додека технолошките компании и производителите поврзани со вештачката интелигенција останаа под притисок.Паневропскиот индекс STOXX 600, кој опфаќа 600 компании од развиените европски пазари, во 9:10 часот изнесуваше 648,88 поени, речиси б

Свет | пред 19 часа

19 час.
media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Со 3,50 промили алкохол управувал автомобил низ Битола, приведен 30-годишник

Возач од Битола бил приведен откако полицијата утврдила дека управувал автомобил со дури 3,50 промили алкохол во крвта.Како што информира МВР, на 9 ноември, во 02:41 часот, на улицата „Партизанска“ во Битола, полициски службеници запреле автомобил „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки.При извршената контрола било утврдено дека 30-годишниот Х. Ј. од Битола управувал под дејство на алкохол, при што алкотестот покажал 3,50 промили во крвта.Тој бил лишен од слобода, а по целосно документирање на

Македонија | пред 19 часа

19 час.
media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Приведен 24-годишник во Ресен, ја нападнал невенчаната сопруга

Маж на возраст од 24 години е лишен од слобода во Ресен поради физички напад врз неговата невенчана сопруга.Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 8 ноември, околу 16:35 часот, на улицата „Славејко Арсов“ во Ресен. Полициски службеници од ОВР Ресен го привеле Е.Џ. (24) од Ресен по пријава за физички напад врз неговата невенчана сопруга.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 19 часа

19 час.
media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Пронајдена дрога при полициски претрес во Кичево, лишено од слобода 45-годишно лице

Едно лице на возраст од 45 години е лишено од слобода во Кичево, откако полицијата при претрес на неговиот дом пронашла материја за која постои сомневање дека е дрога.Како што информира МВР, на 8 ноември, во 13:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода П.Ј. (45) од Кичево.При претресот, извршен со судска наредба, криминалистичката полиција пронашла и одзела бела прашкаста материја и фолии со траги од кафеава материја.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања