Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Прво систематско пребројување на дивокозата на Шар Планина, забележани здрави стада и подмладок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 28 минути -

Македонија
media-librarymnpcui99cnq2auJ0nHz

Националниот парк „Шар Планина“, во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), ги спроведе првото организирано пребројување и проценката на популацијата на дивокозата во зоната на строга заштита Лешница.

— реклама —

Истражувањето опфати три лешнички долини, каде што биле забележани здрави стада со единки од различна возраст и пол, вклучително и подмладок. Според надлежните, овие показатели упатуваат на добра состојба на популацијата, а на набљудуваните места има и соодветни услови за исхрана.

— реклама —

Резултатите се совпаѓаат со досегашните набљудувања на ренџерската служба и податоците од фотозамките, кои го потврдуваат и присуството на природни предатори во планинскиот екосистем.

Собраните податоци ќе придонесат и за мониторингот на балканскиот рис, кој го спроведува МЕД во соработка со партнери од Македонија и соседните држави. Шар Планина е значајно живеалиште за овој редок вид, но и за дивокозата, на која високопланинските пасишта, карпестите предели и шумите ѝ обезбедуваат соодветни услови за живот.

— реклама —

Од Националниот парк посочуваат дека заштитата на дивокозата не подразбира само следење на нејзиниот број, туку и создавање услови за непречено живеење. Меѓу клучните мерки се спречувањето на криволовот, почитувањето на забраната за лов во паркот и контролата на движењето на моторните возила, бидејќи животните се чувствителни на човечкото вознемирување.

— реклама —

Доколку временските услови дозволат, пребројувањето ќе продолжи и на други места во Националниот парк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhm8pj8le7lqea2p6jAA

Обновена зимската маркација од Попова Шапка до Титов Врв – патеката подготвена за зимската сезона

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarycejccub90ba89a6TrwR

Поставени физички препреки на Шар Планина за спречување на движењето на моторни возила надвор од дозволените патишта

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvab2c79td4789AKDEaX

(Фото) Со тешки ранци и без логистика: Емилија и Благица освоија 35 врва на Шара за четири дена за 35 години независна Македонија

Македонија | пред 1 месец

sar-planina-2

Продолжена забраната за движење на Шар Планина поради опасност од пожари: Ќе трае до 30 септември

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања