Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Со тешки ранци и без логистика: Емилија и Благица освоија 35 врва на Шара за четири дена за 35 години независна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryvab2c79td4789AKDEaX

Благица Владимировска и Емилија Лазареска за четири дена искачија 35 врва на Шар Планина, симболично одбележувајќи 35 години од независноста на Македонија. Зад нив остана маршрута со вкупна висинска разлика од 8.848 метри – колку што е висок Монт Еверест.

— реклама —

Двете планинарки тргнале од Старо Село, продолжиле преку планинарскиот дом „Љуботен“, а предизвикот го завршиле преку Рудока до селото Ломница.

— реклама —

Целиот потфат го поминале без логистичка поддршка, носејќи тешки ранци со храна и опрема за четири дена. Еден од најголемите проблеми била водата. Поради сушниот период, голем дел од високите извори на Шар Планина биле пресушени, па на одредени делови морале да се спуштаат и до 600 метри за да стигнат до вода.

— реклама —

Четирите дена значеле постојано движење, поставување и собирање на шаторот и повторно продолжување кон следниот врв. Но, меѓу физички најтешките моменти останале и оние поради кои се оди на планина – изгрејсонцата и зајдисонцата, тишината на Шара и краткиот одмор со топол чај или кафе пред шаторот.

Благица и Емилија се симнале од Шар Планина во вторникот, токму со подвигот од 35 искачени врва да го одбележат 35-годишниот јубилеј од независноста на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhm8pj8le7lqea2p6jAA

Обновена зимската маркација од Попова Шапка до Титов Врв – патеката подготвена за зимската сезона

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarycejccub90ba89a6TrwR

Поставени физички препреки на Шар Планина за спречување на движењето на моторни возила надвор од дозволените патишта

Македонија | пред 3 седмици

sar-planina-2

Продолжена забраната за движење на Шар Планина поради опасност од пожари: Ќе трае до 30 септември

Македонија | пред 1 месец

sar-planina

По голема потрага, пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања