Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Молкот на Обвинителството за Алта банка отвора сомнеж дека се штити Мицкоски“, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 20 минути -

Македонија
media-librarycpug2duc46o734odgoa

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, побара Обвинителството итно да отвори истрага за случајот со Алта банка, обвинувајќи дека молкот на институцијата отвора сомнеж за заштита на премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

На прес-конференција таа рече дека, според информациите на СДСМ, во Србија на Алта банка ѝ била одземена дозволата, бил отворен стечај, сопственикот Давор Мацура бил уапсен, а се водела истрага за 380 милиони евра. Наспроти тоа, Кузеска оцени дека во Македонија нема соодветна реакција од Обвинителството, додека граѓаните не можат да дојдат до своите пари.

Таа потсети на изјавата на Трајко Славески за консултациите со Мицкоски околу влезот на Алта банка, како и на претходните предупредувања на СДСМ за потеклото на капиталот и политичката заднина на банката.

— реклама —

Кузеска побара да се испита и санкцијата што ја изрекол австрискиот регулатор за Алта Груп, како и постапката за стекнување квалификувано учество во банка. Таа ја обвини Владата дека со свои заклучоци му овозможила на Мацура да стекне поголем пакет акции на сметка на државата.

— реклама —

Од СДСМ бараат истрагата да ги опфати улогата на Мицкоски, постапувањето на Славески, предлогот на Кочоска, владините заклучоци и потеклото и текот на парите. Кузеска побара и да се обезбеди документацијата за сметките и трансакциите на банката.

Таа најави дека доколку Обвинителството не постапи, СДСМ ќе поднесе кривични пријави за случајот со Алта банка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1aae93bhplcabXe5KsL

(Видео) „Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка“, вели Кузеска

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarylesdi7ujs1sjcnVs9Lp

(Видео) „Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!“ вели Кузеска

Македонија | пред 2 дена

media-libraryg7v5c6aa4f7raaRYKhT

(Видео) „Записникот открива: Владата на Мицкоски нудела државни акции за Давор Мацура и неговата Алта банка!“, вели Кузеска

Македонија | пред 3 дена

media-libraryq8gcj1i4qrns5NCyeGm

(Видео) „Виновните за Алта банка седат во Владата – истрага за Мицкоски, Славески и Кочовска веднаш!“, вели Кузеска

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања