Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени дека за пари менувале податоци во електронските индекси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Македонија
media-library53peoam1toc5eGvNLde

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип презеде мерки против двајца свои вработени по одлуката на Основното јавно обвинителство Штип за поведување постапка против нив. Од Ректоратот информираат дека нивниот работен однос е ставен во мирување, а пристапот до електронскиот систем за студентски досиеја им е целосно одземен.

— реклама —

Како што наведуваат од Универзитетот, мерката ќе остане во сила до целосно расветлување на случајот. Проверките се однесуваат на ограничен број случаи поврзани со постапките за запишување студенти, а од УГД уверуваат дека досиејата и евиденцијата на останатите студенти не се засегнати.

— реклама —

Евентуално нелегитимно внесените податоци се предмет на истрагата и ќе бидат соодветно процесирани по нејзиното завршување од надлежните органи.

Од Ректоратот посочуваат дека универзитетскиот систем располага со дигитални механизми и записи преку кои може да се утврдат сите направени интервенции и евентуалната индивидуална одговорност.

— реклама —

УГД најави целосна соработка со Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи до расчистување на случајот, а во меѓувреме нема да коментира детали поврзани со постапката.

— реклама —

Универзитетот ги повика студентите, професорите и вработените слободно и анонимно да пријавуваат сомнежи за евентуална злоупотреба на службената положба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library53peoam1toc5eGvNLde

За 21.000 евра менувале податоци во електронските индекси: Двајца вработени на УГД осомничени за компјутерска измама

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library66d48f0a5ct7b9nAesJ

„УГД нема да дозволи каков било сомнеж да ги наруши трудот и вредноста на дипломите на илјадниците чесни студенти и вработени“: Универзитетот за акцијата на МВР

Македонија | пред 6 дена

media-libraryl18dfe88dg0g3d9Z7BH

Потврдени претресите на УГД: Полицијата истражува злоупотреби и неовластено навлегување во компјутерски систем

Македонија | пред 6 дена

media-librarytpq3pjgqvf71dgghnQK

За пари менувал оценки и бодови на студенти, пронајдена голема сума готовина кај осомничен - претреси на универзитетот во Штип

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања