Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

За пари менувал оценки и бодови на студенти, пронајдена голема сума готовина кај осомничен - претреси на универзитетот во Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarytpq3pjgqvf71dgghnQK
Илустрација / Скопје1

Полициски службеници вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во рамки на истрага за сомнителни манипулации со оценки, испитни бодови и студентски досиеја на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, дознава неофицијално Скопје1 од извори во истрагата.

— реклама —

Според информациите до кои дојде Скопје1, во акцијата учествуваат полициски службеници од СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје и службите за компјутерски криминал.

Во фокусот на истрагата, според нашите извори, е лице вработено на Универзитетот „Гоце Делчев“ како раководител на ИТ-секторот, за кое постојат сомнежи дека подолг временски период незаконски интервенирало во електронската евиденција на студентите.

— реклама —

Неофицијалните информации укажуваат дека осомничениот наводно менувал бодови од испити, бришел оценки и овозможувал запишување семестри на студенти кои не ги исполнувале потребните услови.

— реклама —

Според истите извори, сомнителните интервенции претежно се однесувале на студенти од Турција, а постојат сомнежи дека за услугите бил наплаќан паричен надомест.

Скопје1 дознава дека при досегашните полициски активности во домот на осомничениот, според првичните информации, била пронајдена поголема сума пари. Засега нема потврда за точниот износ, ниту дали парите се поврзани со делата што се предмет на истрагата.

— реклама —

Претресите се во тек, а засега нема официјална потврда од МВР за бројот на опфатени лица, евентуални приведувања и кривичните дела за кои се води постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl18dfe88dg0g3d9Z7BH

Потврдени претресите на УГД: Полицијата истражува злоупотреби и неовластено навлегување во компјутерски систем

Македонија | пред 1 час

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања