Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„УГД нема да дозволи каков било сомнеж да ги наруши трудот и вредноста на дипломите на илјадниците чесни студенти и вработени“: Универзитетот за акцијата на МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library66d48f0a5ct7b9nAesJ
Фото: УГД

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип најави целосна соработка со Министерството за внатрешни работи и надлежното обвинителство во истрагата за сомнежи за злоупотреба на електронскиот систем за оценки од страна на вработено лице.

— реклама —

Од Ректоратот соопштуваат дека Универзитетот има нулта толеранција за корупција и каква било злоупотреба во академската заедница, додавајќи дека студентите и квалитетот на нивното образование остануваат во центарот на сите активности.

— реклама —

„УГД нема да дозволи каков било сомнеж да ги наруши трудот и вредноста на дипломите на илјадниците чесни студенти и вработени“, наведуваат од Универзитетот, уверувајќи дека наставниот процес, научноистражувачката работа и меѓународната соработка продолжуваат непречено.

— реклама —

Од институцијата нагласуваат дека остануваат посветени на транспарентноста, отвореноста и институционалниот интегритет и дека целосно ќе им помогнат на надлежните органи за брзо расчистување на случајот.

— реклама —

Реакцијата следува по информациите дека полицијата врши претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во рамките на истрага против раководител на информатичкиот сектор при Универзитетот. Тој е осомничен за кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl18dfe88dg0g3d9Z7BH

Потврдени претресите на УГД: Полицијата истражува злоупотреби и неовластено навлегување во компјутерски систем

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-librarytpq3pjgqvf71dgghnQK

За пари менувал оценки и бодови на студенти, пронајдена голема сума готовина кај осомничен - претреси на универзитетот во Штип

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања