Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ гледа „спас“ за себе, со промените во Унгарија: Реформите на Маѓар се шанса за слободни медиуми и кај нас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library0avc2lh3eodmcOR5o74

СДСМ оцени дека најавените реформи на медиумскиот сектор во Унгарија, по победата на Петер Маѓар и неговата партија Тиса, претставуваат важен сигнал за враќање на демократските стандарди и европските вредности во регионот.

— реклама —

Според партијата, идната унгарска влада најавува „длабока реформа на медиумите“ кои, како што тврдат, со години биле под контрола на досегашниот премиер Виктор Орбан.

Во соопштението, СДСМ тврди дека влијанието на медиумските структури поврзани со Орбан се чувствува и во Македонија, при што, според нив, значителен дел од медиумскиот простор е под такво влијание.

— реклама —

Партијата обвинува дека во домашниот медиумски простор доминираат, како што велат, „лажни вести, измислени афери и координирани кампањи“, насочени против СДСМ и лидерот Венко Филипче.

— реклама —

Воедно, наведуваат дека по нивните претходни најави за политички промени во Унгарија, следеле засилени кампањи против нив, кои, според СДСМ, биле спроведувани преку медиуми, поединци и, како што тврдат, „конструирани случаи и наративи“.

СДСМ изразува очекување дека промените во Унгарија ќе доведат до нормализација на односите со Европската Унија, зајакнување на владеењето на правото и поголема регионална соработка.

— реклама —

„Се надеваме дека медиумите ќе се ослободат од политичка контрола и дека ќе се обезбеди објективно и професионално информирање“, наведуваат од партијата, порачувајќи дека „време е за Европа и демократија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања