Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран со остра закана до САД: Американските бродови ќе завршат на дното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
Screenshot-2025-03-02-at-09.52.47

Иран упати остро предупредување до САД, наведувајќи дека американските бродови кои ќе се обидат да ги блокираат иранските пристаништа ќе бидат „испратени на дното на морето“, пренесоа државните медиуми во Техеран.

— реклама —

Оваа изјава доаѓа како реакција на заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека ќе бидат елиминирани сите ирански бродови во близина на зоните опфатени со блокада.

— реклама —

Членот на Комитетот за надворешна политика и национална безбедност на иранскиот парламент, Алаедин Боруджерди, ја оцени најавената блокада како воено неоснована и пропагандна мерка, истакнувајќи дека САД немаат реален капацитет да ја спроведат. Тој додаде дека секој обид за блокада ќе наиде на силен одговор од иранска страна.

— реклама —

Во меѓувреме, командантот на елитните Кудс сили при Иранската револуционерна гарда, Есмаил Кани, изјави дека САД и Израел на крајот ќе се повлечат од регионот без конкретни резултати. Тој порача дека Вашингтон и Тел Авив треба да се потсетат на претходните повлекувања од клучни зони во регионот, нагласувајќи дека нивното присуство во Западна Азија нема да биде долгорочно.

Размената на остри пораки дополнително ги засилува тензиите меѓу двете земји, во период кога безбедносната состојба во регионот останува исклучително чувствителна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања