Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Најнови вести

10 мин.
media-libraryhqavqnt2347h8OS8f2g

(Видео) Филипче за Груевски: Ќе бега ли во Русија или друго место?

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, постави низа прашања за иднината на поранешниот премиер Никола Груевски, по политичките промени во Унгарија и најавите од новата власт во Будимпешта.„Сега се поставува што ќе прави Никола Груевски, кога нема повеќе заштитник во Будимпешта? Години наназад уживаше гостопримство. Ќе бега ли во Русија или друго место или ќе се врати да ја отслужи казната?“, изјави Филипче.Тој ја поздрави пораката од новата унгарска власт дека државата нема да биде засолниште за лица кои бегаат од правдата, алудирајќи на најавите на Петер Маѓар.Филипче упати директни прашања и до актуелната власт во Македонија.„Го поставуваме прашањето, има ли барање за екстрадиција од Владата на ВМРО-ЗНАМ за враќање на Груевски? Ако нема, зошто нема? И ако нема, дали денеска ќе поднесат барање за екстрадиција?“, рече Филипче.Прашањето за евентуална екстрадиција на Груевски повторно се актуализира по изборниот пораз на Виктор Орбан, чија влада му додели политички азил на поранешниот македонски премиер во 2018 година. Истовремено, Петер Маѓар, мандатор во Унгарија кој треба да состави нова Влада, рече дека Унгарија нема да биде засолниште на криминалци и потоа го спомена Груевски

Настани | пред 10 минути

26 мин.
media-library174ko8rkoepv2yEnFKw

Маѓар: „Го знам кумот на врските меѓу Орбан, Вучиќ и Фицо“

Владата во која мнозинство ќе има партијата Тиса ќе спроведе истрага за наводен обид за напад врз гасоводот кај Канјижа, изјави победникот на изборите во Унгарија и лидер на Тиса, Петер Маѓар.Tој нагласи дека му е важно односите меѓу Србија и Унгарија да останат добри, пред сè поради Унгарците во Војводина, иако тврди дека знае кој „ги кумува“ блиските односи меѓу Александар Вучиќ, Виктор Орбан и Роберт Фицо. Посочи дека не сака да се меша во внатрешните работи на Србија, но додаде дека српскиот народ може да црпи „сила од изборниот резултат во Унгарија“.Маѓар рече дека за време на изборната кампања, на Велигден, се случила акција која, според него, наликувала на операција под лажно знаме, поврзана со наводен обид за напад врз гасоводот. Тој наведе дека премиерот Виктор Орбан однапред зборувал за можност за таков инцидент, што, според него, отвора сомнежи за целиот случај. Додаде дека новата влада ќе утврди што точно се случило и дали постоела реална опасност, при што истакна дека државното раководство мора да гарантира безбедност и стабилност.Тој се осврна и на односите меѓу Орбан, Вучиќ и Фицо, оценувајќи дека зад нив стојат одредени политички интереси, но нагласи дека Унгарија ќе настојува да ги зачува добрите односи со Србија и да не се меша во нејзините внатрешни процеси. Воедно, порача дека новата унгарска влада ќе продолжи да ги поддржува Унгарците во дијаспората, но дека средствата ќе бидат поефикасно насочени и без злоупотреби.

Свет | пред 26 минути

30 мин.
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: огради се од Заев и посвети се на СДС

ВМРО-ДПМНЕ упати порака до лидерот на СДСМ Венко Филипче, повикувајќи го да се посвети на внатрешна консолидација на партијата и да се огради од, како што наведуваат, криминалите поврзани со поранешното раководство.Во реакцијата се наведува дека Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, наместо да се посветат на политичката работа, се занимаваат со други активности и со јавни настапи.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека излезот за СДСМ е јасно дистанцирање од, како што велат, сомнителни бизнис-поврзаности и поранешни политички одлуки од периодот кога партијата беше на власт.Во реакцијата се посочуваат и одредени лица за кои се тврди дека биле поврзани со тој период, при што се нагласува дека тоа треба да биде предмет на надлежните институции.Од таму додаваат дека наместо фокус на внатрешна консолидација, СДСМ се занимава со соопштенија и политички пораки поврзани со меѓународни теми, вклучително и изборите во Унгарија.Се нагласува дека меѓу Македонија и Унгарија постои редовна официјална комуникација и соработка, и дека не станува збор за приватни договори или бизнис-врски меѓу државите.Од ВМРО-ДПМНЕ упатуваат апел до Филипче да се фокусира на работа и консолидација на СДСМ, со порака дека на државата ѝ е потребна функционална опозиција.

Македонија | пред 30 минути

37 мин.
media-libraryid83gcu8ab0d0PYykaJ

Пијан возач од охридско удрил пешак и побегнал, подоцна пронајден со 2,78 промили алкохол

Возач кој удрил пешак и побегнал од местото на несреќата во Охрид е пронајден и лишен од слобода, при што е констатирано дека управувал возило под дејство на алкохол.На 13.04.2026 во 16:05 часот во Охрид, на улицата „Кленоец“, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(52) од село Горно Лакочереј, удрило во пешакот А.Н.(55) од село Свиништа и го напуштило местото на несреќата.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.По преземени мерки од полициски службеници од СВР Охрид, возачот бил пронајден и по наредба на јавен обвинител лишен од слобода, а возилото е одземено.При проверките е утврдено дека З.Ј. имал 2,78 промили алкохол во крвта. Кај повредениот пешак А.Н. е констатирано присуство од 1,34 промили алкохол.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 37 минути

46 мин.
instagram

Инстаграм воведува нови ограничувања за содржина за тинејџери на глобално ниво

Инстаграм ги проширува ограничувањата за содржина наменета за тинејџери на глобално ниво, со цел да се намали изложеноста на млади корисници на насилна, сексуална и ризична содржина. Компанијата Мета соопшти дека новите правила, кои првично беа најавени во октомври за одредени земји, сега се применуваат на сите тинејџерски профили ширум светот.Според новите насоки, алгоритмите на платформата ќе прикажуваат значително помалку објави со теми како екстремно насилство, експлицитна голотија и употреба на дрога. Ќе бидат ограничени и содржини што вклучуваат непристоен јазик, опасни акробации и објави поврзани со канабис и негови реквизити.Мета воведува и нова опција „Ограничена содржина“, која ќе применува построги филтри и ќе спречи тинејџерите да гледаат, оставаат или примаат коментари под одредени објави. Од компанијата наведуваат дека целта е да се создаде побезбедно онлајн опкружување за младите, иако признаваат дека ниту еден систем не е целосно совршен.Овие промени доаѓаат во период на засилен правен и јавен притисок врз Мета, по судски одлуки во САД кои ја поврзуваат платформата со штета врз тинејџери. Компанијата во последните месеци воведе и дополнителни родителски контроли, како и известувања за пребарувања поврзани со самоповредување, во обид да ја подобри заштитата на младите корисници.

Свет | пред 46 минути

51 мин.
Screenshot-2025-02-14-at-08.12.00

Венс: Поразот на Орбан е лош за САД, но ќе соработуваме со новата влада

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека изборниот пораз на унгарскиот премиер Виктор Орбан претставува лош развој за САД, но дека Вашингтон ќе соработува со новата влада во Унгарија.Тој нагласи дека американската администрација ја поддржувала политиката на Орбан, оценувајќи го како еден од ретките европски лидери што отворено се спротивставуваат на бирократијата во Брисел.Венс истакна дека, и покрај поддршката за Орбан, САД се подготвени да воспостават добри односи со новиот премиер, оценувајќи дека континуитетот на соработката е во интерес на двете држави.На изборите во Унгарија, опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, освои значајна предност, по што Орбан го призна изборниот пораз.

Свет | пред 51 минута

56 мин.
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Масовни откажувања на летови во Германија поради штрајк на пилотите на Луфтханза

Стотици летови се откажани во Германија откако пилотите на „Луфтханза“ втор ден по ред стапија во штрајк поради спор околу повисоки плати и пензиски услови.Штрајкот ги опфаќа пилотите во матичната авиокомпанија, како и во „Луфтханза Карго“ и „Луфтханза СитиЛајн“, при што акцијата започна веднаш по полноќ.Повеќе од илјада полетувања и слетувања се откажани на аеродромот во Франкфурт, главниот центар на компанијата, додека во Минхен се укинати стотици летови, што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај.Штрајкот е организиран од пилотскиот синдикат VC, кој бара подобрување на платите и пензискиот систем, како и подобри услови во регионалните подружници.Додека дел од подружниците на „Луфтханза“ продолжуваат со работа, синдикатот најави можност за проширување на штрајкот, вклучително и на кабинскиот персонал во наредните денови, што дополнително ја зголемува неизвесноста во авиосообраќајот.

Свет | пред 56 минути

59 мин.
iran

Дипломатски обид за смирување: нова рунда преговори САД–Иран

САД и Иран би требало да продолжат со нова рунда мировни преговори во Пакистан.Според информациите, преговарачките тимови на двете страни се очекува да се сретнат во Исламабад подоцна оваа недела, со цел продолжување на дијалогот по претходната рунда што заврши без договор.Иако преговорите во Пакистан не резултираа со конкретен исход, двете страни наводно оставиле отворена можност за натамошни разговори, со надеж за постигнување напредок во следната фаза од дијалогот.

Свет | пред 59 минути

1 час
media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

САД и Иран во нова ескалација: Москва предупредува на нестабилност

Кремљ предупреди дека ризикот од обновување на конфликтот на Блискиот Исток не е елиминиран, во услови на зголемени тензии меѓу САД и Иран околу Ормускиот теснец и поморската безбедност во регионот.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека разговорите меѓу двете земји засега не донеле резултати и дека ситуацијата останува неизвесна.Тој додаде дека најавите за блокада на Ормутскиот теснец предизвикуваат дополнителна конфузија околу тоа што точно ќе опфаќаат мерките и какви ќе бидат нивните последици за меѓународниот поморски сообраќај.Во меѓувреме, поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека секој ирански брод што ќе се приближи до зоната на блокада ќе биде уништен, додавајќи дека американските сили ќе реагираат на секое движење што ќе го сметаат за закана.Американската војска преку Централната команда (CENTCOM) соопшти дека блокадата се однесува на сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа, вклучително и во регионите на Арапскиот и Оманскиот Залив, без разлика на државата на потекло на пловилата.

Свет | пред 1 час

1 час
zemjotres

Земјотрес почувствуван во близина на Кајакент во Русија

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во раните утрински часови во Русија, во кавкаскиот регион.Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран на околу пет километри од населбата Кајакент.Хипоцентарот се наоѓал на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.

Свет | пред 1 час

1 час
severna-koreja-701x394

Северна Кореја тестираше балистички и противбродски ракети од воен разурнувач

Северна Кореја соопшти дека во неделата извршила тестно лансирање на две стратешки крстосувачки ракети и три противбродски ракети од воениот разурнувач „Чое Хјон“, при што присуствувал лидерот Ким Џонг Ун заедно со високи воени претставници.Според државната новинска агенција KCNA, целта на вежбата била тестирање на интегриран систем за управување со вооружување на воениот брод, како и проверка на подобрени навигациски системи отпорни на електронско попречување.Ракетите, според извештаите, летале одредено време по претходно зададени траектории над Жолтото Море и ги погодиле целите со висока прецизност, што Пјонгјанг го оцени како доказ за напредок во воените капацитети.Ким Џонг Ун ги разгледал и плановите за нови разурнувачи кои се во изградба и изразил задоволство од, како што наведе, зајакнувањето на одбранбените способности на земјата.Тој повторно истакнал дека јакнењето на нуклеарното одвраќање останува главен приоритет на државната политика, нагласувајќи потреба од натамошен развој на офанзивните капацитети и системи за брза реакција.

Свет | пред 1 час

1 час
nafta-696x465-1

Пад на цената на нафтата по надежи за мировни разговори

Цената на нафтата бележи благ пад и повторно се спушти под 100 долари за барел, во услови на зголемени очекувања за обновување на мировните преговори меѓу САД и Иран.Според податоците на меѓународните пазари, барел сурова нафта тип „Брент“ моментално се тргува околу 98,50 долари, откако претходно достигна над 103 долари поради најавите за американска блокада на клучната рута низ Ормушкиот теснец.Во текот на ноќта цената накратко падна и на 96,60 долари, што аналитичарите го поврзуваат со обновените надежи за дипломатско приближување и можен напредок во преговорите. Дополнителен фактор е и привременото одржување на двонеделното примирје.И покрај падот, цените на нафтата остануваат значително повисоки во однос на периодот пред ескалацијата на конфликтот, кога барел „Брент“ се движеше околу 72 долари, што и понатаму создава притисок врз трошоците за живот на глобално ниво.

Свет | пред 1 час

1 час
media-library0avc2lh3eodmcOR5o74

СДСМ гледа „спас“ за себе, со промените во Унгарија: Реформите на Маѓар се шанса за слободни медиуми и кај нас

СДСМ оцени дека најавените реформи на медиумскиот сектор во Унгарија, по победата на Петер Маѓар и неговата партија Тиса, претставуваат важен сигнал за враќање на демократските стандарди и европските вредности во регионот.Според партијата, идната унгарска влада најавува „длабока реформа на медиумите“ кои, како што тврдат, со години биле под контрола на досегашниот премиер Виктор Орбан.Во соопштението, СДСМ тврди дека влијанието на медиумските структури поврзани со Орбан се чувствува и во Македонија, при што, според нив, значителен дел од медиумскиот простор е под такво влијание.Партијата обвинува дека во домашниот медиумски простор доминираат, како што велат, „лажни вести, измислени афери и координирани кампањи“, насочени против СДСМ и лидерот Венко Филипче.Воедно, наведуваат дека по нивните претходни најави за политички промени во Унгарија, следеле засилени кампањи против нив, кои, според СДСМ, биле спроведувани преку медиуми, поединци и, како што тврдат, „конструирани случаи и наративи“.СДСМ изразува очекување дека промените во Унгарија ќе доведат до нормализација на односите со Европската Унија, зајакнување на владеењето на правото и поголема регионална соработка.„Се надеваме дека медиумите ќе се ослободат од политичка контрола и дека ќе се обезбеди објективно и професионално информирање“, наведуваат од партијата, порачувајќи дека „време е за Европа и демократија“.

Македонија | пред 1 час

1 час
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Ескалација во Заливот: Иран ја нарече блокадата тешко кршење на меѓународното право

Иран остро ја осуди американската блокада на своите пристаништа, оценувајќи ја како сериозно кршење на државниот суверенитет и меѓународното поморско право.Иранскиот амбасадор при Обединети нации, Амир Саид Иравани, во писмо до генералниот секретар Антонио Гутереш наведе дека мерката претставува „незаконска блокада“ и директно ги поткопува основните принципи на слободна пловидба.Тој побара од Обединетите нации да реагираат и да го заштитат меѓународниот правен поредок, предупредувајќи дека ваквите потези можат дополнително да ги влошат регионалните тензии.Генералниот секретар претходно ги повика сите страни да ја почитуваат слободата на пловидба низ Ормускиот теснец, кој претставува клучна рута за глобалниот транспорт на нафта.Американската војска воведе блокада на иранските пристаништа во понеделник, по неуспехот на мировните преговори одржани во Пакистан, што дополнително ја зголеми напнатоста меѓу Вашингтон и Техеран.

Свет | пред 1 час

1 час
liban-1

Канада бара итен прекин на израелските напади по смрт на свој државјанин во Либан

Канадската министерка за надворешни работи изјави дека канадски државјанин е убиен во јужен Либан, по што Канада упати повик за итен прекин на израелските напади и за дипломатско решение на конфликтот во регионот.Министерката Анита Ананд соопшти дека била информирана за смртта на канадскиот државјанин и изрази сочувство до неговото семејство, наведувајќи дека канадските институции се во контакт за обезбедување конзуларна помош.Жртвата е идентификувана како 38-годишниот Мохамад Хасан Хајдар, жител на Онтарио и татко на пет деца, кој, според канадски медиуми, загинал додека се обидувал да помогне на друго лице за време на напад со беспилотно летало.Канадскиот јавен сервис наведува дека Националниот совет на канадските муслимани соопштил дека Хајдар бил убиен во израелски напад, додека израелската војска засега не ја потврдила директната одговорност.Во меѓувреме, либанските здравствени власти соопштија дека во последните 24 часа во израелските напади загинале десетици лица, а стотици се повредени, при што бројот на жртви значително се зголемува во последниот период на ескалација.Израелската војска во меѓувреме ги прошири воздушните и копнените операции на територијата на Либан, по прекугранични напади и зголемени регионални тензии поврзани со поширокиот конфликт во регионот.

Свет | пред 1 час

1 час
media-libraryr9u0p59b1ld3e30W3Nz

Кина и Шпанија најавија продлабочување на односите во услови на „распаѓање на меѓународниот поредок“

Кина и Шпанија се договорија за продлабочување на билатералните односи и заедничка посветеност на зачувување на глобалниот мир и развој, во услови кога меѓународниот поредок, според оценка на кинескиот претседател Си Џинпинг, се соочува со сериозни потреси.Во разговорите во Пекинг со шпанскиот премиер Педро Санчез, двете страни порачаа дека зајакнатата соработка е во заеднички интерес во период на зголемени меѓународни тензии и економска неизвесност.Си Џинпинг оцени дека светот се соочува со хаос и дека меѓународниот поредок е под притисок, при што повика на унапредување на комуникацијата и довербата меѓу државите со цел заштита на меѓународното право и зачувување на стабилноста.Педро Санчез, од своја страна, предупреди дека меѓународното право се поткопува и повика на зајакнување на соработката меѓу Европа и Кина со цел унапредување на мирот и економскиот развој. Тој нагласи дека глобалните предизвици, меѓу кои климатските промени, безбедноста и борбата против нееднаквоста, бараат поширока меѓународна координација.Шпанскиот премиер ја истакна потребата Европската Унија да ја зајакне својата улога во односите со Кина, особено во контекст на променетата улога на САД во одредени глобални политики. Шпанија се позиционира како еден од најгласните европски поддржувачи на продлабочување на трговската и политичката соработка со Пекинг, наместо третирање на Кина исклучиво како конкурент.

Свет | пред 1 час

1 час
misajlovski-1

Министерот за одбрана ги прекршил законите, состојбата во Армијата е драматично влошена, обвини претседателот на Независниот синдикат на војниците

Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, Александар Насковски, изнесе сериозни обвинувања за незаконско постапување во Министерство за одбрана на РСМ, тврдејќи дека правата на припадниците на Армијата се системски прекршувани.Според него, министерот за одбрана Владо Мисајловски направил три клучни прекршувања на законите.„Прво - Министерот за одбрана Владо Мисајловски не го донесе Планот за превземање и распоредување на професионалните војници согласно член 40-а став 2 од Законот за служба во Армијата на РСМ. Имено, согласно член 40-а  предвидено е : Планот од ставот 2 на член 40-а  министерот за одбрана е должен да го донесе најдоцна до 31 декември во тековната за наредната година и Во случај планот за преземање и распоредување да не биде донесен во рокот утврден во ставот 3 на овој член министерот за одбрана ќе плати глоба во износ од 15.000 евра во денарска противвредност. На барање на синдикатот , Планот за превземање не ни е доставен за прв пат откога постои таа законска обврска. Со ова министерот за одбрана не го испочитува законот на штета на професионалните војници и согласно член 40-а став 5 треба да плати глоба во износ од 15.000 евра во денарска противвредност“, стои во дописот од Насковски.Вториот случај се однесува на, како што наведуваат, утврдена индиректна дискриминација од страна на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, поврзана со нетрансформирање на договорите од определено во неопределено време.„На ден 16.07.2025 година со бр. 08-117/4 е донесено мислење на КСЗД за утврдена индиректна дискриминација врз професионалните војници на служба во Армијата на РС Македонија поради нетрасформирање на работниот однос од определено време на неопределено време согласно Законот за работни односи на РСМ.„До денешен ден односно по истекување на законскиот максимален рок од шест месеци (16.01.2026 г.) според член 27 став 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација , министерството за одбрана НЕ ПОСТАПИ ПО НИЕДНА ПРЕПОРАКА од КСЗД, односно ниту го трансформираше договорот на професионалните војници, ниту иницираше постапка за измена на Законот за служба. Дискриминацијата врз професионалните војници сеуште трае и прави огромни штети на професионалните војници и на буџетот на РСМ“, содава тој.Третото обвинување е дека ниту еден професионален војник не добил трансформација на работниот однос, и покрај законските обврски, што, како што велат, директно ги оштетува над 2000 лица во Армијата.„Поднесовме барање до ДИТ да изврши инспекциски надзор и да превземе законски дејствија против правното лице во Министерството за одбрана со изрекување на глоба од 600 до 1.000 евра во денарска противвредност на правното лице  предвидена во член 265 став 1 алинеја 17 од Законот за работни односи на РСМ. Само за овие три незаконски постапувања , министерот за одбрана треба да плати глоба од 18.600 до 19.000 евра во денарска потиввредност поради непочитување на Законот за служба во Армијата на РСМ, препораките од КСЗД и Законот за работни односи“, напиша тој.Синдикатот пресметува дека за овие прекршувања предвидените казни изнесуваат околу 18.600 до 19.000 евра, но предупредува дека ако секој засегнат војник поднесе поединечна пријава, сумата може да достигне и до 2 милиони евра.„Дискриминацијата трае со децении и уништува цели генерации професионални војници“, вели Насковски, обвинувајќи дека институцијата ја прикрива состојбата зад, како што ја нарекува, „лажна ПР кампања“.Од синдикатот најавуваат дека ова е само дел од, како што тврдат, незаконските постапувања и дека во наредниот период ќе објавуваат нови информации и докази за состојбата во Армијата.

Македонија | пред 1 час

1 час
media-librarypf08t679r32b3cGISbt

Политичка порака или правна реалност: Дали Груевски може да биде вратен?

По најавите на Петер Маѓар дека Унгарија „нема да чува криминалци“, повторно се отвори прашањето за статусот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој веќе осум години живее во Будимпешта со добиен политички азил.Маѓар најави дека лицата кои сториле кривични дела ќе бидат враќани во земјите од каде потекнуваат, што директно го става во фокус случајот на Груевски. Но, правната реалност е значително посложена.Азилот што му беше доделен на Груевски се темели на проценка дека бил жртва на политички прогон и дека неговата безбедност во Македонија е загрозена. Според унгарското и меѓународното право, ваков статус може да се укине само ако престанат причините врз кои бил доделен – односно ако веќе не постои ризик по неговиот живот или политички прогон.Дополнително, азилот може да биде одземен и ако лицето изврши сериозно кривично дело или претставува закана за безбедноста на државата. Но, тоа не е автоматска одлука, туку сложена правна постапка.Процедурата се води пред миграциските органи, при што се утврдуваат фактите, се обезбедува право на одбрана, а одлуката може да се обжали. Дури и во случај на укинување на азилот, депортацијата не смее да се изврши ако постои ризик од неправедно судење, политички прогон или тортура. Дополнително, непознато е дали Македонија има ново барање за екстрадиција, откако последното беше одбиено пред шест години.Иако политичките најави од Будимпешта отвораат нов моментум, конечната одлука за судбината на Груевски ќе зависи од долга и комплексна правна постапка, а не од политичката изјава на Маѓар.Низ годините, многупати се говореше дека Груевски се враќа, што во пракса не се случи. Последно, бројни коментари и очекувања имаше кога се измени Кривичниот законик, со кој застареа и дел од предметите против него.Дополнителен притисок за него е што од 2022 година, САД го стави на т.н. „црна листа“, како што наведоа, вмешаност во значителна корупција. Но тој, продолжи да живее и работи во Унгарија, каде има и своја фирма.По најавите на Маѓар, Груевски не се огласи на социјалните мрежи, како што вообичаено прави.

Македонија | пред 1 час

1 час
media-librarygolb3s798e1dckBrX3M

(Видео) Тензии меѓу Јужна Кореја и Израел по снимка на фрлање тело од покрив

Најмалку 26 јужнокорејски танкери се блокирани во близина на Ормутски теснец, што според аналитичарите претставува клучен фактор зад неодамнешниот дипломатски судир меѓу Јужна Кореја и Израел.Судирот избувна откако јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг коментираше видео-снимка на која се гледаат израелски војници како оттурнуваат тело од покрив. Снимката, која датира од септември 2024 година, првично беше објавена со неточен опис дека прикажува живо малтретирање на дете.Ли повика на проверка на автентичноста и оцени дека доколку настанот е точен, станува збор за сериозно прекршување, споредувајќи го со воени злосторства и историски трагедии. Оваа изјава предизвика остра реакција од израелското Министерство за надворешни работи, кое го обвини за релативизирање на Холокаустот и за ширење дезинформации.Од израелска страна беше соопштено дека случајот е веќе истражен и дека видеото прикажува возрасен милитант, а не дете, убиен за време на операција на Западниот Брег. Сепак, не беа дадени дополнителни детали за исходот од истрагата.Подоцна, Ли појасни дека иако станува збор за тело, а не за жива личност, ваквото постапување претставува прекршување на меѓународното право. Снимката, која прикажува фрлање тела од покрив за време на рација во северниот дел на Западниот Брег, предизвика силни реакции во јавноста.Израелската војска претходно соопшти дека станува збор за сериозен инцидент што не е во согласност со нејзините вредности и најави покренување истрага. Во меѓувреме, зголемените тензии во регионот, особено околу поморските рути, дополнително ја комплицираат дипломатската состојба меѓу вклучените страни.

Свет | пред 1 час

2 час.
sergej-lavrov

Лавров пристигна во Пекинг: Украина и Блискиот Исток во фокусот

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пристигна во Пекинг, каде што ќе оствари разговори со кинеските претставници за унапредување на соработката и актуелните безбедносни предизвици.Во фокусот на разговорите ќе бидат војната во Украина и состојбите на Блискиот Исток, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Лавров треба да се сретне со шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, со кого веќе разговараше телефонски на почетокот на месецот, кога двете страни изразија подготвеност за координација во намалување на регионалните тензии.Во меѓувреме, Кина беше домаќин на повеќе светски лидери од земји погодени од конфликтите и нивните економски последици, меѓу кои и претседателот на Виетнам То Лам, како и престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед ал Нахјан.Кинескиот премиер, Ли Ќијанг, во разговор со претставници од регионот на Заливот истакна дека Пекинг е подготвен да придонесе кон обновување на мирот и стабилноста, нагласувајќи ја улогата на Кина како важен дипломатски фактор во решавањето на глобалните кризи.

Свет | пред 2 часа

2 час.
Screenshot-2025-03-02-at-09.52.47

Иран со остра закана до САД: Американските бродови ќе завршат на дното

Иран упати остро предупредување до САД, наведувајќи дека американските бродови кои ќе се обидат да ги блокираат иранските пристаништа ќе бидат „испратени на дното на морето“, пренесоа државните медиуми во Техеран.Оваа изјава доаѓа како реакција на заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека ќе бидат елиминирани сите ирански бродови во близина на зоните опфатени со блокада.Членот на Комитетот за надворешна политика и национална безбедност на иранскиот парламент, Алаедин Боруджерди, ја оцени најавената блокада како воено неоснована и пропагандна мерка, истакнувајќи дека САД немаат реален капацитет да ја спроведат. Тој додаде дека секој обид за блокада ќе наиде на силен одговор од иранска страна.Во меѓувреме, командантот на елитните Кудс сили при Иранската револуционерна гарда, Есмаил Кани, изјави дека САД и Израел на крајот ќе се повлечат од регионот без конкретни резултати. Тој порача дека Вашингтон и Тел Авив треба да се потсетат на претходните повлекувања од клучни зони во регионот, нагласувајќи дека нивното присуство во Западна Азија нема да биде долгорочно.Размената на остри пораки дополнително ги засилува тензиите меѓу двете земји, во период кога безбедносната состојба во регионот останува исклучително чувствителна.

Свет | пред 2 часа

2 час.
490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ ги продолжува консултациите со политичките партии

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ќе ги продолжи консултациите со претставници на политичките партии, во рамки на процесот за разгледување на актуелните политички и безбедносни прашања во земјата.Според најавата од службата за односи со медиумите при кабинетот на претседателот, предвидени се средби со претставници на Руската партија, Единствена Србија и Зелените на Србија, кои ќе се одржат во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот.Главни теми на разговорите се можноста за одржување предвремени парламентарни избори, како и позиционирањето на Србија во сложените меѓународни околности, особено во делот на безбедноста и енергетиката.Консултациите започнаа на почетокот на април, при што претседателот веќе оствари средби со повеќе политички субјекти, меѓу кои и претставници на парламентарни партии, малцински заедници и синдикални организации. Процесот има за цел да обезбеди поширок политички дијалог пред донесување на клучни одлуки за понатамошниот политички тек на земјата.

Балкан | пред 2 часа

2 час.
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

(Видео) Вучиќ: Европските „демократи“ ме ставија на листа за отстрел

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека европските политички кругови го ставиле на „листа за отстрел“, тврдејќи дека причината за тоа е неговата политика на слобода на говор, мислење и дејствување. Во своето обраќање, тој посочи дека на сличен начин се таргетирани и унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо.Според Вучиќ, заедничка карактеристика на тројцата лидери е нивната посветеност на националните интереси и, како што рече, љубовта кон сопствените држави. Тој оцени дека токму таквиот пристап предизвикува негативни реакции кај дел од европските политички актери.Претседателот на Србија додаде дека земјата претставува „остров на слобода“ и изрази гордост поради таквата позиција, нагласувајќи дека нема да дозволи надворешни притисоци да ја променат таа насока. Воедно, порача дека Србија ќе продолжи да гради односи со соседите, вклучително и со Унгарија, но без да прифати какви било понижувања.Вучиќ се осврна и на обидите за политичко организирање на неговите противници на меѓународно ниво, оценувајќи дека тие не наишле на значителен одзив. Според него, тоа укажува на ограниченото влијание на тие иницијативи надвор од земјата.

Свет | пред 2 часа

2 час.
media-libraryp82sk9c2bt2d55xImJy

(Видео) Ноќна акција: „Исчезнаа“ нелегалните објекти на влезот од Чаршијата

Нелегалните привремени објекти на влезот во Старата скопска чаршија, каде што се продаваа бижутерија и магнети за туристи, се отстранети во текот на ноќта.Од снимките испратени до редакцијата се гледа дека работници синоќа вршеле демонтажа на тезгите, со што е расчистен просторот на еден од најфреквентните влезови во чаршијата.Овој дел од чаршијата подолго време беше исполнет со импровизирани штандови, кои, според реакции на граѓани и туристи, го нарушуваа изгледот на просторот и движењето на пешаците. Истовремено, се правеше профит без да се плати соодветен надоместок за дел од нив.

Скопје | пред 2 часа

2 час.
sad-iran

САД и Иран без договор во Исламабад: спор околу нуклеарната пауза

Преговорите меѓу САД и Иран, одржани изминатиот викенд во Исламабад, завршија без договор околу времетраењето на евентуалниот прекин на иранските нуклеарни активности, пренесуваат извори запознаени со разговорите.Според информациите, американската страна предложила целосен прекин на нуклеарните активности во период од 20 години, со што би се задржала формалната позиција на Иран дека не се откажува трајно од своите права според меѓународните договори. Од друга страна, Техеран понудил значително пократок рок, односно прекин на активностите во траење до пет години.Изворите наведуваат дека сличен предлог од иранска страна бил изнесен и на претходните разговори во Женева, кои исто така завршиле без конкретен резултат. Покрај времетраењето на нуклеарниот прекин, остануваат отворени и други спорни прашања, вклучително и слободниот поморски сообраќај низ Ормутскиот теснец, како и улогата на Иран во поддршката на вооружени групи на Блискиот Исток.И покрај дипломатските напори, главен камен на сопнување останува одбивањето на Иран целосно да се откаже од својата нуклеарна програма и да ја демонтира постојната инфраструктура, што Вашингтон го смета за клучен услов за постигнување траен договор.

Свет | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања