7 год.
Нема фотографија

Момче пронајдено мртво на сред Скопје

23-годишно момче од Скопје со иницијали К.Н. било вчера пронајдено мртво во хотел покрај улицата „Качанички пат“, соопштија од МВР.„На 29.09.2018 година во 19,48 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на улица „Качанички пат“ има починато лице. Од увидот е констатирано дека се работи за лицето К.Н.(23) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од таму.

Скопје | пред 7 години

7 год.
42321838_305002373633592_8307820129018707968_o

Рангелова: Гласав на референдумот

Пратеничката Даниела Рангелова од редовите на опозициската “ВМРО-ДПМНЕ”,  за Скопје1 потврди дека излегла на референдумот. Таа вели дека гласала против договорот со Грција. За неа успешен референдум е оној кој ќе има исполнет цензус.На прашањето дали ќе биде исполнет цензусот, Рангелова одговори дека не може да предвиди и тоа ќе го видиме кога ќе заврши референдумот.Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дниела Рангелова денеска е фотографирана како излегла на гласање за референдумот. По неа фотографиран е и координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова е една од осомничените на Специјалното јавно обвинителство поврзана со случајот за насилство врз градоначалникот и Советот на општина Центар, летото 2013 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Двајца пријатели се степале во врска со гласањето на референдумот

Пријатели се степале поради референдумот, по што полицијата поднесе пријава за еден од нив. Инцидентот бил пријавен вчера во 13:30 часот во Полициска станица Центар.И.Е.(44) од Скопје пријавил дека околу 00:15 часот во кафе-бар во Скопје, додека бил со негов пријател, му се прибилижил Ј.Л.(33) од Скопје, со кого се познаваат од претходно, и му упатил вербални закани во врска со гласањето на референдумот, а во еден момент го удрил со тупаница, по што пријавителот за кратко паднал во бессознание.Преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и против Ј.Л. е поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

7 год.
42803598_2444289912464351_5368186405300207616_n

Четири инциденти до 11 часот поврзани со референдумот, велат од МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира дека во гласачкото место во ОУ„ Лазо Ангеловски“ во Скопје К.Ж.(22) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир, со тоа што навредувал граѓани и физички нападнал полицајци. Тој е приведен во полициската станица во Аеродром.Пријавен бил и случај од страна на старец од Зубовце, Гостивар, кој пријавил дека бил навредуван во врска со референдумот од страна на 64-годишна жена. Таа е повикана во полициска станица и МВР информира дека се работи на расчистување на случајот.Според Ангеловски, во Струга од зграда во близина на избирачко место во ОУ„Браќа Миладиновци“ пријавено е фотографирање со мобилен телефон од тераса од страна на неколку лица. Веднаш се преземени мерки, лицата биле однесени во полициската станица во Струга и се работи на расчистување на случајот.„На гласачко место во ОУ ‘Ванчо Прке’ во Штип, Б.О. од Штип пријавил дека при достава на храна во избирачки одбор, бил фотографиран и навредуван од Е.С. од Штип. Тој е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот“, информира Ангеловски.МВР ги повикува граѓаните да ги почитуваат законите и да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и на тајноста на гласањето. Какво било однесување спротивно на законите МВР нема да толерира и ќе постапи согласно со законите со цел граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Христијан Мицкоски нема да гласа на референдумот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање дали ќе излезе да гласа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пренесе информација дека тоа нема да се случи.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на партискиот став кој овозможува секој да постапи по свое лично убедување одлучи да не гласа на референдумот. Мицкоски смета дека прашањето за референдум е повеќезначно и манипулативно. Во неговата содржина се состои прашање за членство во НАТО и ЕУ што преставува стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ, а во пракса на денешниот референдум се одлучува за штетен договор за преименување на земјава и ништо повеќе, и во таков случај Мицкоски одлучи да не гласа на референдумот, практично апстинирајќи да испрати порака на несогласување и отфрлање на штетниот договор, вели Стоилковски.Одлуката за неизлегување преставува законско право и еден од начините за изразување на незадоволство од договорот и вака водениот референсумски процес.

Македонија | пред 7 години

7 год.
42868680_413356675862428_2048255141659803648_n

ФОТО: Стевчо Јакимовски пече пиперки на денот на референдумот

Ексградоначалникот на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски на денот на референдумот пече пиперки за ајвар во неговиот дом.Јакимовски го бојкотира референдумот уште кога беше изгласано одржувањето од страна на Собранието. Тој во повеќе наврати го повтори истиот став, дека нема да излезе на гласање, со цел, да не се обезбеди цензус и да пропадне референдумот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
42765794_696589617406981_914868445395288064_n

ФОТО: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Данев и Рангелова гласаа на референдумот

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дниела Рангелова денеска е фотографирана како излегла на гласање за референдумот. По неа фотографиран е и координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.Опозициската партија во текот на предреферендумската кампања не зазеде конкретен став за референдумот.Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски на поддржувачите им порача секој да постапи како што сака.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Најмалку 17 повредени во тајфунот во Јапонија, се очекува посилен удар

Во тајфунот кој во саботата го погоди јапонскиот остров Окинава, се повредени најмалку 17 луѓе.Како што јавуваат медиумите, Тами достигнува брзина од 216 километри на час, а најголемиот удар се очекува во понеделник наутро.На фотографиите може да се забележат скршени гранки и дрва кои ја блокираат главната улица во главниот град Наха, а во моментов врне силен дожд. Брановите достигнуваат висина и до неколку метри.Околу 700 луѓе се евакуирани, а без струја се скоро 200 000 домови, велат од радиото НХК.Откажани се најмалку 386 летови, главно во западна Јапонија.Западните региони се уште се опоравуваат од најмоќниот тајфун кој ја зафати Јапонија на почетокот на септември. Тајфунот Јеби одзема 11 животи и го затвори аеродромот Кансаи.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нападнато 17-годишно момче во „Лептокарија“

Вчера во попладне во полициската станица во Карпош, е добиена пријава од 50-годишен Скопјанец, чиј 17-годишен син бил физички нападнат од неколку непознати лица кои биле на возраст од 17 години. Настанот се случил во 9 часот наутро, во Трговскиот центар „Лептокарија“, информираат од полицијата.Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
glasanje

Инцидент пред гласачко место во Ново Лисиче – хулигани нападнале жена што гласала, па се судриле со полицијата

Група од млади малтретирале жена која дошла да гласа на референдумот на гласачко место во училиштето, по што интервенирале полицајци кои биле распределени на ова гласачко место. Напаѓачите се спротиставиле и судриле со полицијата, по што дошло засилување и лицата биле приведени и однесени во полициска станица, велат очевидци за Либертас.Лица од групата извикувале „Смрт за ш…..и“.По инцидентот, пред училиштето има засилено присуство на полиција, а гласањето тече непрекинато.Се очекува официјална информација од МВР за инцидентот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Обвинителство: Нема посериозен инцидент на референдумот

Утрово до 10.00 часот утринава не е пријавен кривично правен настан или посериозен инцидент кој би значел повреда на правото на гласање и противзаконито дејствување предвидено во Глава 16 – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот, велат од Основното јавно обвинителство, запрашани дали има инциденти поврзани со одржувањето на референдумот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјанец тешко повреден по пад од мотор

Скопјанец е теко повредне по пад со мотор. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 20 часот на крстосница со улица “Димитрие Чуповски” и улица “Мито Хаџивасилев Јасмин”.Н.К.(39) од Скопје управувувајќи мопед “Кимико Агилити” со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над мопедот и паднал на коловоз. По незгодата бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pozar-1

Пожар во индустриска зона

МВР информира дека вчера во 22,11 часот било пријавено дека во индустриска зона Бунарџик во кругот на „ТИРЗ 2“ имало опожарена сува трева и лозја. Во 23 часот од екипа на Противпожарна единица Скопје, пожарот е локализиран.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

832 жртви од катастрофата во Индонезија, се уште се бараат исчезнатите

Серијата земјотреси и цунамито кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси направија хаос, а бројот на жтвите се искачи на 832 луѓе.Се започна на 28 септември кога за само неколку часа Индонезија ја погодиjа три земјотреси и цунaми. Од првиот удар до цунамито поминаа осум часа, но жителите не беа спремни за катастрофа. Властите во текот на денот најпрво објавија предупредување за цунами, но подоцна го повлекоа.Поради опасноста од нови потреси голем број од луѓето спиеја надвор, а пациентите беа лечени надвор од зградата на болницата.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Излезеноста до 9 часот е 2,48%

Од Државната Изборна Комисија излегоа со првични информации околу излезеноста до 9 часотОпштинаЗапишани избирачи*Број на ИМПроцеси- рани ИМПроцесирани избирачиГласале%АЕРОДРОМ65.925939365.8861.7962,73%АРАЧИНОВО9.45213139.4311531,62%БЕРОВО10.963161610.9604974,53%БИТОЛА82.13117017082.0542.2902,79%БОГДАНЦИ6.7761200––БОГОВИЊЕ27.332383626.3934561,73%БОСИЛОВО12.212191912.2081451,19%БРВЕНИЦА15.246242415.2392321,52%БУТЕЛ33.165454533.1407552,28%ВАЛАНДОВО9.97024229.6861821,88%ВАСИЛЕВО10.45019179.6351151,19%ВЕВЧАНИ2.039332.038422,06%ВЕЛЕС46.1728400––ВИНИЦА17.143333317.1303482,03%ВРАПЧИШТЕ25.463393925.4543491,37%ГАЗИ БАБА61.444924731.2446762,16%ГЕВГЕЛИЈА19.234373519.1907193,75%ЃОРЧЕ ПЕТРОВ37.823535337.7937792,06%ГОСТИВАР79.16012100––ГРАДСКО3.13611113.135802,55%ДЕБАР18.340272718.3181961,07%ДЕБАРЦА4.4602800––ДЕЛЧЕВО14.7283600––ДЕМИР КАПИЈА3.36411113.362641,90%ДЕМИР ХИСАР7.09241417.0902924,12%ДОЈРАН2.717882.715572,10%ДОЛНЕНИ11.5864073.308541,63%ЖЕЛИНО23.235353523.2294561,96%ЗЕЛЕНИКОВО3.74715153.740701,87%ЗРНОВЦИ2.560442.558431,68%ИЛИНДЕН13.999252313.3581711,28%ЈЕГУНОВЦЕ10.200212110.1972232,19%КАВАДАРЦИ32.259606032.2175931,84%КАРБИНЦИ3.20016163.195611,91%КАРПОШ53.688747453.6631.9423,62%КИСЕЛА ВОДА52.929828252.8931.2732,41%КИЧЕВО50.23812012050.1958791,75%КОНЧЕ2.75510102.755200,73%КОЧАНИ32.998635132.3268132,52%КРАТОВО8.0753700––КРИВА ПАЛАНКА17.0064700––КРИВОГАШТАНИ4.74013134.737701,48%КРУШЕВО7.93623187.7482463,18%КУМАНОВО92.69116713078.8072.4583,12%ЛИПКОВО25.2323600––ЛОЗОВО2.038992.035562,75%МАВРОВО И РОСТУША9.67239399.6721962,03%МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА6.66917176.6662333,50%МАКЕДОНСКИ БРОД5.15253535.1511062,06%МОГИЛА5.38823235.385551,02%НЕГОТИНО15.906282815.8944072,56%НОВАЦИ2.97724172.342672,86%НОВО СЕЛО11.273201911.2601731,54%ОХРИД52.195898351.7561.4822,86%ПЕТРОВЕЦ7.58819197.5851341,77%ПЕХЧЕВО4.180994.1782165,17%ПЛАСНИЦА4.971994.967541,09%ПРИЛЕП64.22514212263.7942.1773,41%ПРОБИШТИП12.6504600––РАДОВИШ24.239464524.2003301,36%РАНКОВЦЕ3.01913112.815973,45%РЕСЕН16.765504816.7086794,06%РОСОМАН3.3441093.209371,15%САРАЈ31.157464631.1137822,51%СВЕТИ НИКОЛЕ14.633353514.6164072,78%СОПИШТЕ4.94914144.948811,64%СТАРО НАГОРИЧАНЕ3.36738383.363300,89%СТРУГА60.1691019258.8731.4012,38%СТРУМИЦА49.157838349.0861.1242,29%СТУДЕНИЧАНИ15.461313115.4422381,54%ТЕАРЦЕ22.054303022.0485392,44%ТЕТОВО83.19111711783.0921.8372,21%ЦЕНТАР43.416787843.3891.7003,92%ЦЕНТАР ЖУПА6.68716166.6861482,21%ЧАИР57.6088600––ЧАШКА6.00831316.0051883,13%ЧЕШИНОВО – ОБЛЕШЕВО5.56913135.5641001,80%ЧУЧЕР – САНДЕВО7.57314147.557971,28%ШТИП41.927808041.8541.4073,36%ШУТО ОРИЗАРИ23.454363623.4033261,39%

Македонија | пред 7 години

7 год.
ciivil

ЦИВИЛ бележи технички проблеми и нерегуларности на почетокот на Референдумот

Набљудувачите на ЦИВИЛ (307) се распоредија низ целата земја и го набљудуваа почетокот на референдумското изјаснување во Република Македонија. На самиот старт се забележани помали технички проблеми. Не работат УВ ламбите во неколку избирачки места во општина Петровец. Во неколку скопски општини се нотира доцнење на отворањето на избирачките места. Оние избирачки места каде што доцнењето е подолго од 15 минути, избирачките одбори имаат обврска за исто толку време да го продолжат гласањето на тоа место.Видливи се трагите од кршењето на изборниот молк во голем број општини низ целата земја. Некои графити се и на самите училишни згради каде што се одвива гласањето, како што е случајот во Јегуновце (на фотографијата) и Петровец.Се бележат и повеќе други помали нерегуларности за што ЦИВИЛ ќе ја извести јавноста на првата прес конференција во 10:30 часот, во хотел Сити Парк.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Референдум: Ќе има ли цензус?

Започна референдумот во земјава на којшто гласачите ќе можат да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.Право на глас имаат еден 1.806. 336 гласачи запишани во Избирачкиот список.Се гласа на 3.748 избирачки места кои ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Државната изборна комисија и за референдумот постави интерактивна мапа на својата веб-страница на која ќе може да се следи текот на гласањето по општини и излезноста на гласачите.На референдумот први гласаа членовите на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во странство. На избирачкиот список се запишани 104 такви членови. Иако на посебниот список на граѓани кои се на привремена работа или престој во странство има запишано 76.060 гласачи, за гласање на референдумот во странство пријавени беа 2.695 македонски државјани во 33 дипломатско конзуларни претставништва.Вчера гласаа лицата во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, лицата кои се наоѓаат во куќен притвор и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.Според податоците што ги соопшти синоќа ДИК, во затворите одѕивот бил 64,69 отсто.Од 1859 кои гласаат дома, односно болните и немоќни лица, гласачкото право го оствариле 1520 гласачи.Вкупно 36,56 отсто, односно 985 лица гласале досега во странство, каде на 33 места право на глас имаа 2.694 лица, соопшти на прес-конференција Државната изборна комисија.Избирачот може само еднаш да гласа. Гласањето се врши тајно, зад параван, а заокружувањето треба да биде со сино пенкало. Забрането е фотографирање и снимање на избирачкиот материјал и на избирачите додека гласаат. Гласање за друго лице е забрането, може само да му се помогне на избирач кој има физички недостаток или е неписмен.До 19 часот трае и изборниот молк. Дотогаш може да се известува за изборите и текот на гласањето, но престануваат сите облици на изборно медиумско преставување.По затворањето на гласањето во 19 часот, Државната изборна комисија првичните резултати од референдумот добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците и целокупниот гласачки материјал од ОИК во рок од 24 часа по нивниот прием. Конечните резултати од референдумот ДИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. Комисијата ги објавува резултатите од референдумот во Службен весник во рок од 15 дена од денот на одржувањето.Референдум во Македонија е под лупа на 11.927 домашни набљудувачи. Во ДИК се акредитирани и 493 меѓународни набљудувачи, 194 преведувачи и 111 странски новинари.Најбројна е мисијата на ОБСЕ – ОДИХР со 197 претставници. Комисијата акредитирала и 83 новинари од 32 медиуми од земјава и од регионот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се активира вулканот Попокатепетл

Вулканот Попокатепетл исфрла пепел, кој го зафати дури јужното крајбрежје на Мексико Сити.Националниот центар за превенција на катастрофи го предупреди населението да внимава на вулканот поради активностите во кратерот и регистрираните 183 емисии на штетени гасови и пепел во последните 24 часа.Геофизичари регистрирале зајакната активност на вулканот, кој се наоѓа 72 километра југоисточно од Мексико Сити.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ураган ги погоди Италија и Грција, донесе огромни бранови

Реткиот ураган мознат како „медикен“ кој се разби на Средоземјето ги погоди утринава Пилос и Метони на југот на Грција каде има прекин во снабдувањето со струја и откажани се траектите.Траектите се сопрени меѓу Пиреј и делови од островите Циклада, како Миконос и Санторини, како и некои островите во групата Додеканези, Род и Кос.Извештаите јавуваат за големи бранови и силен ветер, но засега нема повредени. На жителите им е советувано да останат во затворено

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопје дел од светското движење „The Distinguished Gentlemans Ride“

Скопје трета година по ред ќе биде дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride“ чија цел е да се подигне свеста кај мажите за сопственото здравје и да се соберат финансиски средства за борба против ракот на простатата.Скопјани ќе имаат можност да видат 126 урбани моторџии облечени во елегантна облека и уникатни мотори кои ќе дефилираат низ градските улици. Покрај хуманата димензија на настанот, се промовира и еден урбан начин на облекување кај мажите, а од друга страна се уриваат стереотипите дека моторџиите се неуредни, создаваат бучава и имаат бунтовничко однесување.– Пред две години имавме околу 80 учесници, лани околу 110, а годинава се очекуваат повеќе. И првата и втората година имаше огромен интерес, но моравме да поставиме лимит како организатори за настанот да биде безбеден, изјавија неодамна за МИА Игор Стефановски и Благоја Петровски, креатори на идејата Скопје да стане дел од ова движење.Движењето почна во 2012 година во Сиднеј кога Марк Хава облечен во фин машки костум заедно со свои пријатели одлучи во чест на негов пријател кој не ја доби битката со ракот на простата да продефилира низ улиците.Годинава, околу 85 илјади лица ќе бидат дел од светското движење кое ќе се одржи во 95 држави. Собрани се 4.072.787 долари кои ќе бидат наменети за фондацијата „Мовембер“ за истражувања и програми за рак на простатата и останатите машки болести. Од појавувањето на движењето досега собрани се повеќе од 16 милиони долари.Настанот се организира секогаш во последната недела од септември според одредени правила и мора да има одлики кои се специфични за самото движење, како уникатни мотори и елегантен дрес-код составен од палто, вратоврска, елек, елегантни чевли и задолжително кацига за безбедност.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања