„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
dui

ДУИ: Не е време за предвремени избори

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека во моментот не е време за предвремени парламентарни избори. Според партијата, со изборите ќе се наруши динамиката на имплементацијата на договорот од Преспа, што, како што велат од партијата, може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Македонија во НАТО и Европската Унија.Централното претседателство на ДУИ на денешната седница ги разгледуваше актуелните состојби настанати по одржувањето на консултативниот референдум за влез на земјата во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот од Преспа. Според партијата, бројката од 610 илјади граѓани што се изјасниле позитивно јасно ја отсликува волјата на граѓаните за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на договорот од Преспа.„ДУИ смета дека потпишаниот и ратификуван договор претставува меѓународна обврска на државата и во таа насока ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред сè, од САД, Европската Унија и земјите членки на Унијата, во кои јасно и недвосмислено се повикува парламентот на Република Македонија да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на договорот од Преспа“, велат од партијата.Исто така, од таму соопштија дека ДУИ одлучила дека во моментот приоритет за државата е изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира договорот од Преспа во парламентот. Партијата упати повик до преостанатите политички партии да работат на создавање услови за имплементација на договорот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mpc

Во Калишта јубилејно заседава највисокото црковно тело на МПЦ

Јубилејно заседание на највисокото црковно-управно и законодавно тело на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископскиот црковно-народен собор ќе се одржи од денеска до 7 октомври во манастирскиот комплекс „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта.На дневен ред на соборот ќе бидат неколку измени во Уставот на МПЦ-ОА од административен карактер, разграничување на границите и бројот на епархиите, разгледување на состојбите и животот во епархиите, како и одредување на ставови по одредени прашања од внатрешен и надворешен карактер.Соборот е составен од делегати од сите епархии на МПЦ-ОА, и во него членуваат архиепископот, надлежните, викарните и пензионираните архиереи, по две лица од клирот и три лица од верниот народ од секоја епархија, вклучително и дијаспората.Одржувањето на соборот е во годината се прославуваат 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, кога се одбележува 1000 – годишнината од формирањето на Охридската архиепископија, кога ќе се чествуваат и 75 години од Свештеничкото заседание во с. Издеглавје и 1155 години од Моравската мисија на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј.

Македонија | пред 7 години

7 год.
izbori

Канцелеријата на Народниот правобранител ќе брифира за проблемите со Избирачкиот список

Констатираните состојби и проблеми со Избирачкиот список и со остварувањето на избирачкото право, ќе бидат тема на денешниот брифинг за медиумите што ќе се одржи во Канцелеријата на Народниот правобранител.Според Канцеларијата, проблемите со Избирачкиот список и со  остварувањето на избирачкото право се провлекуваат неколку изборни циклуси наназад, за што Народниот правобраниел има изготвено и посебен извештај.Проблемите, како што наведува Канцеларијата, се потврдија и на денот на одржувањето на референдумот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Oбвинетите во „Титаник“ повторно ќе слушаат бомби во судницата

Во кривичниот суд во Скопје утрово треба да продолжи судењето за предметот „Титаник” за изборни измами, на кое треба да бидат преслушани дел од преостанатите над 600 необјавени бомби како докази на специјалното јавно обвинителство.На минатото рочиште од бомбите се слушаше како ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, бара од неговите соговорници итно да најдат противкандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година, за да не пропадне изборниот круг, а за таа услуга да им нудат пари за поткуп на некој од противкандидатите.Поранешната министерка за внатрешни работи Гопрдана Јанкулоска во еден од разговорите откри и дека на една адреса се воделе по 50 луѓе и дека „индијански работи се прават за време на молк“.Во „Титаник“ обвинети се 21 лице, меѓу кои, поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dogovor

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сѐ подалеку од договор, а сѐ поблиску до избори

И по вчерашните заседанија на дел од највисоките партиски тела и изјавите на лидерите на партиските лидери јасно е дека договор за двотретинско собраниско мнозинство за уставните промени според Спогодбата со Грција е речиси невозможен. За барањата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вели дека нема за што да разговара... Сѐ поблиску сме до нови предвремени парламентарни избори.Синоќа Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ само ги усвои одлуките на Извршниот комитет на партијата. Најголемата опозициска партија бара формирање техничка влада по пржински модел на 100 дена пред изборите, разрешување на јавниот обвинител и назначување на нов по предлог на опозицијата и формирањена анкетната комисија во Собранието за да ги истражи сите нерегуларности за време на спроведувањето на референдумот на кои тие укажуваат. Тоа се условите на опозицијата како услов за предвремените избори. Освен тоа ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека денеска ќе поднесе повеќе од 200 кривични пријави против лица, членови на избирачките одбори во неколку општини, кои биле замешани во фалсификатот на референдумот. Истовремено, опозицијата почнува да формира општински изборни штабови, а на чело на републичкиот изборен штаб веќе е именуван генералниот секретар Игор Јнушев.„Нашите услови се јасни, ние битката не ја водиме за власт, битката не ја водиме за избори, ниту ја водиме за доаѓање на власт, Заев порано или подоцна ќе си оди. Битката ја водиме за зачувување на името на Република Македонија и сме среќни што со исходот од резултатот уставното име на Република Македонија е зачувано. Сѐ друго е второстепено и небитно“, рече синоќа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и повтори дека пратеничката група нема да ги поддржи уставните измени доколу има гласање во Собранието.Претходно, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ги отфрли сите барања на ВМРО-ДПМНЕ како услов за избори.„Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од сто дена според Пржинскиот модел, за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот се апсолутно неприфатливи. Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира за вакви работи. Да се бара комисија која ќе провери дали референдумот бил законски, дали имало законитост во неговото спроведување и слично во услови кога претседателот на ДИК е од ВМРО-ДПМНЕ, како и Управниот суд во кој нема сменето ниту еден член, само по себе кажува што всушност се сака со ваквите барања“, изјави Заев.СДСМ и нејзиниот коалициски партнер ДУИ не се откажуваат од тоа сепак да се обезбеди двотретинско собраниско мнозинство за да се усвојат узтавните измени според Спогодбата со Грција за промена на името на Република Македонија.Прашан дали ќе разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Заев рече дека нема што да разговара со него.„Во минатото дадовме карт-бланш за техничка влада. Ги прифативме барањата за финансирање на политичките партии, ја формиравме Државната изборна комисија со претседател од ВМРО-ДПМНЕ. За возврат апсолутно не сакаа ни да разговараат за некаков начин за успешна поддршка на процесите кои се важни за Македонија“, рече премиерот.Никој не посакува вонредни парламентарни избори, сите се согласни дека се влегува во нова политичка криза, но пресметката на избори очигледно е неминовна.За ДУИ предвремени парламентарни избори не се потребни бидејќи ќе се изгуби време и ќе се доведат во прашање евроатлантските интеграции на Македонија.„Со предвремени парламентарни избори ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Република Македонија во НАТО и Европската Унија. Централното претседателство на ДУИ одлучи дека во моментов приоритет за државата е изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Договорот од Преспа во Парламентот и упатуваме повик до останатите политички партии да работат на создавање услови за имплементација на Договорот“, соопшти ДУИ по синоќешното заседание на претседателството.Во наредните неколку дена владеачкото мнозинство ќе се обиде да обезбеди гласови од најмалку осум пратеници од опозицијата за да го има неопходното двотретинско мнозинство. За тоа има време до среда, кога треба да се распишат избори ако посакуваниот датум за избори е 25 ноември.Во секој случај, јасно е дека до крајот на годината нема да бидат изгласани уставните измени како што пишува во Спогодбата за промена на името.Изгласувањето на измените и ратификацијата на Спогодбата во грчкиот Парламент мора да заврши до средината на април бидејќи тогаш почнува кампањата за изборите во Европскиот парламент. И во Грција сѐ почесто се слуша за неопходноста од предвремени парламентарни избори. Претседателските избори во Македонија треба да се одржат во април/мај догодина.

Македонија | пред 7 години

7 год.
putin-620x350

Путин во нов календар за 2019

На интерент се појави календар за 2019 година на кој стојат најпознатите фотографии од Владимир Путин.Путин во календарот си игра со тигар, пука со пиштол, лови риба, јава коњ и вежба.На една од фотографиите тој е облечен во војничка униформа со крзнени детали, позади него се гледа пушката која тој ја носи на својот грб.Како што известуваат од „The Sun“, се уште не е познато дали станува збор за календар кој го одобрил Кремљ.Календарот веќе е пуштен во продажба, а мислењата на жителите на Москва се поделени.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денес сончево, од недела промена на времето

Времето денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 27 степени.Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од 8 до 25 степени.Според УХМР, следните денови ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време со температури околу просекот за овој период од годината. Во недела попладне и во понеделник е можна појава на краткотраен дожд, особено во западните и југозападните делови од земјава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Хрватската претседателка со својот изглед ја засени Меланија Трамп

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, привлече големо внимание на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија во Њујорк.Нивната заедничка фотографија го обиколи светот, а голем број луѓе го пофалија изгледот на хрватската претседателка.Неколку дена по оваа средба, хрватските медиуми истакнуваат дека Колинда со својот изглед направила огромна реклама на својот бренд, по што фустанот кој го носела на средбата за кратко бил распродаден.Хрватските медиуми велат дека Колинда со својот изглед ја засенила дури и Меланија Трамп, која важи за една од најдобро облечените жени во светот. 

Свет | пред 7 години

7 год.
12natasaproekt

Со 2.300.000 денари ќе се реконструира сцената Долни Сарај

Распишан е тендерот за санација на сцената „Долни Сарај“ во Охрид, а работите се проценети на 2.300.000 денари.Директорката на „Охридско Лето“ Наташа Поповиќ неодамна ја посети сцената „Долни Сарај“ каде на терен изврши увид.Според јавниот повик кој го распиша фестивалот „Охридско Лето“ на сцената ќе се извршат градежни работи и електро инсталациони зафати.Во повикот се бара :Техничка спецификација – Предмер Пресметка1.Припремни работи 1.1 Рачно расчистување на оштетените скалници од гледалиштето, рачен утовар на шуд и негов траспорт до 15 кмм3 =  26.401.2 Рачно рушење на дел од трибината за гледалиште, рачен утовар нашуд и одвоз на истиот до 15 км.м3= 1.20 х 1,20 х 10,0 = 14,401.3 Рачно рушење на бетонски скалила од фестивалската сцена кон исток (партер) рачен утовар на шуд и негов транспорт до 15 км.м3 =  4,01.4 Рачен ископ на земја (планирање) и нивелирање на теренот, делумно распростирање на самиот терен  делумно се транспортира со рачен утовар на хумус и тревам3= 0,30 х 10 х 20 = 6,01.5 Рачно корнење на постоечки пенушки од посечени дрва со рачен утовар на корења, земја, и друг шуд со одвоз на истиот до 15 км.м3 = 2,01.6 Рачно вадење на поставените бекатон плочки од летната тераса, нивно слоѓување за повторна употребаи повторна монтажам2 =  601.7  Рачно копање на земја за партерно уредување со делумно планирање натеренот делумен одвоз на истата со рачен утовар и одвоз до 15 кмм3 = 4,0 1.8 Рачно рушење на постоечката бетонска охрада на проодната тераса, заедно со бетонскиот гелендер со одвоз на шуд до 15 кмпарчиња 106  Градежни работи   Бетонски и армирани работиНабавка и вградување на бетон МБ30 за2.1 Бетонирање на гледалишна подна скалеста армиранобетонска плоча d= 12цмм3 = 12 х 16 х 0,12 = 23,00м3= 18 х 18 х 0,12 = 38.82 Набавка и вградување на бетон МБ30 за2.2 Бетонирање на армиранобетонски потпорен ѕид од гледалишна подна плоча d = 16 цмсо користење на дуплошперована  иверицам3 = 0,18 х 10 х 1,2 = 2,0Набавка и вградување на бетон МБ30 за2.3 Бетонирање на конзолно армирано бетонска плоча заедно со серклаж просечна дебелина Д= 16цмм3 = 0,16 х 31 х 0,60 = 3,0Набавка и вградување на бетон МБ30  во оплата за 2.4 Бетонирање на армирано бетонски скали со користење на оплата од дуплошперована иверицам3 = 1,20 х 0,16 х 5 = 0,96Набавка и вградување на бетон МБ30 за2.5 Набавка и вградување на бетон како подлога за поставување на подни керамички плочким3 = 0,07 х 20 х 10 = 14,0м3 = 0,07 х 3,0 х 16,0 = 3,36м3 = 0,07 х 1,40 х 37= 3,64м3=212.6 Набавка и вградување на бетон МБ30 во двострано шалована оплата за жардинерии за цвеќем3 = 1,2                                                                                                  3.Арматура3.1 Набавка и вградување на арматура во подна гледалишна плоча/ мрежа Q10/10кг = 5203.2 Армирање и поставување на бетонски стобчињапарчиња 107 4.Ѕидарски работиЅидање на надворешен ѕид со бетонски блокови во продолжен малтер 1:3:5м2 = 8,05.Малтерисувачки работи Малтерисување на ѕидна површина на надворешен ѕид од бетонски блокови во цементен малтерм2 = 16                        СЕ малтерисувачки работи = Подови6.1 Набавка и поставување на мршав бетон како подлога за готов под на сценам3 = 0.05 х 14 х 16 х 3 = 33,606.2 Набавка и вградување на  полиуретански под за сцена врз предходно извршено нивелирање на подм2 = 16 х 14 = 2246.3 Набавка и поставување на бекатон плочки за пристапно пешачка патека заедно со предходно положена песочна подлогам2 206.4 Нивелација и поставување на бекатон плочким2 250 Огради7.1 Набавка и вградување на 107 бетонски вретенасти столбчиња за ограда на постоечката проодна тераса заедно со глендер,парчиња 107  Санитарен јазол 8.1 Рачно рушење на постоечкиот санитарен јазол и одвоз на отстранетиот материјал до 30 кмм3 = 6,0   Електроника А. Електричнаинсталацијазаелектроенергетскиразвод и надворешноосветлување Разводниормари 1.1 Монтирање на разводниормари РО/1 и РО/2 комплетсоизработка на бетонскифундамент и електричноповрзувањебр.2хНапојникаблиИспорака, пренос и полагање 2.1 кабелппоо/А 4х25 мм2                                                                                                            м.20х2.2 кабелппоо/А 4х35 мм2                                                                                                            м.90х2.3 кабелппоо/А 4х50 мм2                                                                                                            м.90х2.4 тракаФеЗн 4х30 мм                                                                                                                 м.200х 3.Инсталациони каблиИспорака, пренос и полагање 3.1 кабелппоо-у 3х1,5 мм2                                                                                                            м.40х3.2 кабелппоо-у 4х4 мм2                                                                                                               м.80х СветлоснаарматураИспорака, пренос и поставување 4.1 металенстолбсо Н=3 м, ф 60 ммкомплетсо 2х автоматскиосигурувачи 16А, 1Р1                                                                                       бр.9х4.2 светлоснаарматура Ф400 мм (илипоизбор на инвеститорот)IP 65 со LED 24w/5000k (3000k) комплетсоспојномонтаженприборзамонтирање на металиенстолб                                                                                    бр.9х4.3 светлоснаарматурарефлектор IP 65 широкснопсоLED 24w/ 5000k (3000k), 220V комплетсоспојномонтаженприборзамонтирање на металенстолб                                                                                                  бр.9х 4.4 Прекинувач GS 20-258 U                                                                                                         бр.1х Испорака, преноспосавување 5.1 Ископ на кабелскироввоземја 60х60 ммнасипување на слојодпесок 10 см, насипувањепесокзаизрамнувањеслојод 10 см, посавување на ГАЛ штитници, поставување на опоменскалента и затрупување на ровот                                                                                                     м.100х5.2 металнацевка ф70 мм                                                                                                           м.54х5.3 металнацевка ф 32 ммм.30х 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степени по Рихтер, го погоди јапонскиот остров Хокаидо, соопшти денес Јапонската метеоролошка агенција.Земјотресот се случил околу 9 часот утрово по локално време, со епицентар на југот на Хокаидо на длабочина од околу 30 метри. Засега нема опасност од цунами.Во градовите Атсума и Мукава, кои се наоѓаат во таа област, нема повредени, додека во градот Сапоро е повредена 30 годишна жена кога врз неа паднала полица.Денешниот земјотрес е најјак од земјотресите кои го погодија островот пред еден месец, во кој настрада 41 човек, а 10.000 згради беа оштетени. Поради тој земјотрес се уште дел од жителите се наоѓаат во приватни центри.Јапонската метеоролошка агенција ги предупреди граѓаните дабидат спремни во следните денови бидејќи се можни нови потреси со јачина од 4 степени, а и повеќе, но и да се подготват за обилни врнежи и одрони поради тајфунот кој би требало да го погоди островот во недела. 

Свет | пред 7 години

7 год.
sediste-vmro-noc

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави против 200 лица, членови на избирачки одбори

Против членови на избирачките одбори и вработени во МВР во општините Струга, Кичево, Центар Жупа, Желино, Пласница, Боговиње и Сарај утре ќе бидат поднесени кривични пријави за нерегуларности во спроведувањето на референдумот. Се работи за повеќе од 200 лица, изјави вечерва Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ по одржувањетона редовната седница на Централниот комитет на партијата.Овие лица, смета партијата, сториле шест кривични дела - злоупотреба на службена должност, изборна измама, повреда на тајноста на гласањето...Николовски рече дека ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди вчерашните заклучоци на ИК за разрешување на јавниот обвинител, избор на нов јавен обвинител на предлог на опозицијата, за формирање собраниска анкетна комисија која ќе го испитува грубото и насилно фалсификување на желбата на граѓаните на референдумот кој партијата не го признава.Партијата смета дека пред, за време и по референдумот направен е груб фалсификат. Во однос на евентуалните избори неопходно е почитувањето на одредбите од законите за Влада и за  избори, примена на пржинскиот модел и мандат на новата Влада од 100 дена, рече Николовски.ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на општински изборни штабови.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kgn-img-418158

(Видео) Тереза Меј танцуваше на „Dancing Queen“

Британската премиерка Тереза Меј имаше драматично излегување на сцена денеска пред говорот што требаше да биде обид да се обедини нејзината поделена партија околу БрегзитНо, политиката падна во сенка на нејзиното појавување – во позадина одеше „Dancing Queen“ на ABBA и премиерката направи некаков обид за танцување што според некои медиуми беше оценето како „пародија на самата себе“.[embed][/embed]

Свет | пред 7 години

7 год.
klinika-za-ginekologija

Ваљон Вела економски директор на клиника за гинекологија

Од вчера Клиниката за Гинекологија и акушерство има и економски директор., По пауза од шест години, најголемото родилиште во земјата доби втор менаџер. Ваљон Беља кој е кадар на ДУИ ќе управува со финансиите и ќе биде вршител на должноста.Неофицијално, неговото назначување е договор меѓу коалиционите парнери СДСМ и ДУИ.Од Министерството за здравство не сакаа да коментираат ништо за новоименуваниот директор. Нема ниту објаснување зошто отвораат нови работни места кога се најавуваше укинување на економските директори. Измените на законот за здравствена заштита, неофицијално под притисок на ДУИ биле тргнати од владина седница.

Скопје | пред 7 години

7 год.
DUIII

ДУИ: Не е време за избори

Централното Претседателство на Демократската Унија за Интеграција на денешната седница ги разгледуваше актуелните состојби настанати по одржувањето на консултативниот референдум за влез на Република Македонија во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа и ги донесе следниве заклучоци, соопшти ДУИ.На референдумот излегоа преку 650 илјади граѓани, од кои над 90%, или 610 илјади граѓани се изјаснија позитивно, со што јасно се отсликува волјата на граѓаните за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на договорот од Преспа.„Потпишаниот и ратификуваниот Договор претставува меѓународна обврска на државата, и во таа насока ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред сѐ од САД, Европската Унија, земјите – членки на Унијата инт., во кои јасно и недвосмислено се повикува Парламентот на Република Македонија да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на Договорот од Преспа“, соопштуваат од ДУИИмајќи ги предвид овие заклучоци, Централното Претседателство на ДУИ одлучи дека во моментов приоритет за државата е изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Договорот од Преспа во Парламентот, упатувајќи повик до останатите политички партии да работат на создавање услови за имплементација на Договорот.ДУИ смета дека во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, со кои ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Република Македонија во НАТО и Европската Унија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
univerzalna-696x395

Конгресен центар "Александар Македонски" повторно ќе стане Универзална сала

Советот на Град Скопје на следната седница ќе одлучува за враќање на името Универзална сала на Конгресниот центар „Александар Македонски“ – Скопје.Името на Универзална сала беше сменето од претходната градска администрација, како дел од пакетот реконструкција на Универзалната сала, кој до сега не е реализиран.Според скопскиот градоначалник Петре Шилегов, реконструкцијата на Универзална сала како симбол на солидарноста во изминатите години беше само предмет на манипулација од претходната власт.

Скопје | пред 7 години

7 год.
bugarija_vlada

1,6 милиони Бугари сакаат да ја напуштат државата

Речиси секое четврто вработено лице во Бугарија размислува да побара работа во странство. Меѓу оние 1,6 милиони кои сакаат да заминат во странство не се само млади, туку и лица кои се на возраст над 50 -60 години.Ова го покажуваат податоците од националната анкета „Трудова миграција”, направено по нарачка на Фондацијата „Фридрих Екберт“ од бугарската агенција „Сова Харис“ во периодот од 1-8 септември.Студијата опфати 1.000 испитаници на возраст од 18 до 64 години.На прашањето „Дали размислувате привремено или трајно да побарате работа во странство“, позитивно одговориле 23% .При што меѓу млади на возраст од 18-30 години позитивно одговориле, 32,8%, лица на возраст помеѓу 31-40 години – 25,7%; помеѓу 41-50 години – 20.6%; а оние на возраст од 51 до 64 години -14,6%.Васил Тончев, извршен директор на „Сова Харис“ вели дека не само што младите луѓе си заминуваат, туку заминуваат сите.99 отсто од испитаниците сакаат а заминат во земјите од ЕУ, а са 1 отсто, надвор од Унијата.Главните причини за барање работа во странство се повисоките плати (95%), подобар социјален систем (50%), подобра здравствена заштита (40%) итн.Според 38% од испитаниците, тие не би барале работа во странство ако би добиле плата помеѓу 1000 и 2000 лева (500 -1.000 евра).Само 1% велат дека нема плата која би ги мотивирала да останат во Бугарија.Според податоците на НСИ минатата година, работната сила во Бугарија изнесува 4 милиони 370 илјади луѓе.Да заминат сакаат 1 милион 600 илјади луѓе, пишува Vesti.bg.Според прогнозата на ОН, до 2050 година, населението во Бугарија ќе изнесува 5,5 милиони.

Свет | пред 7 години

7 год.
levica

Советник на „Левица“ секоја сабота ќе се среќава со граѓаните на Карпош

Левица како политичка партија со свој претставник изразува крајна разочараност од досегашното водење на политиките и функционирањето во рамките на општина Карпош.„За време на кампањата во предизборниот процес многу мерки и реформи беа ветени и гарантирани од страна на актуелната локална власт. После година дена од промената на политичките партии, евидентно е разочарувањето кај граѓаните на општина Карпош од безидејноста и немањето политичка волја за решавање на најзначајните проблеми со кои се соочува оваа општина. Заради тоа што програмски гледано ние како партија имавме некои поклопувања со програмата на СДСМ имавме, а сигурени сме дека и граѓаните имаа, високи очекувања. Очекувања кои беа разочарани“ велат од „Левица“.Градежната мафија, порачуваат од „Левица“, и во мандатот на оваа власт продолжи да работи непрекинато, со што дополнително се влоши енормниот проблем со загадувањето на воздухот.„Неспособноста на локалната власт предводена од СДСМ јасно се манифестира преку нејзиното прогласување за ненадлежна и избегнување одговорност за сите прашања и проблеми кои ги мачат жителите на оваа општина. Очигледен е фактот дека надлежностите и ветувањата на оваа локална власт завршуваат со скапите предизборни кампањи, пракса поради која беа казнети нивните претходници“ реагираат од партијата.Поради тоа, од „Левица“ најавуваат дека во сабота ќе се одржи првиот отворен ден со советникот на Левица од општина Карпош, при што, како што велат од партијата, целта е директно запознавање и инволвирање на граѓаните во работата на општината преку нивна директна партиципација.Оваа иницијатива, како што додаваат, ќе се реализира секоја прва сабота во месецот од 12 до 17 часот во канцеларијата на Левица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Преку криминалното владеење Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вршеа притисок врз администрацијата

Преку криминалното владеење Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вршеа притисок врз администрацијата, а денес институциите работат професионално и ЕУ констатира напредок, велат од СДСМ.„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со измислици и лажни наводи избегнувајќи да одговори дали ќе ги повика пратениците да ја почитуваат волјата на над 600.000 граѓани, кои на референдумот, слободно и без притисоци, се одлучија за иднина во ЕУ и НАТО. Што се однесува до администрацијата, факт е дека ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет за оваа тема бидејќи за време на 11-годишното криминално владеење злоупотребите на институциите и притисоците врз вработените во администрацијата беа секојдневие“, велат од партијата.Времето на таквиот однос кон државните институции и вработените во нив, додаваат од СДСМ, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.„Денес, институциите работат професионално, независно, во служба на законите и во интерес на граѓаните. Тоа е препознаено и од Европската Унија, каде што во извештајот од Европската комисија, Македонија првпат е оценета позитивно, со добар напредок во администрацијата. Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување на мерките што обезбедуваат ефикасна, професионална и независна администрација. ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во ќор-сокакот на лаги и измислици“, велат од СДСМ.Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата, наместо да измислуваат непостоечки теми треба јасно да соопштат дали се за ЕУ и НАТО или против?

Македонија | пред 7 години

7 год.
Sequence-01.Still001-1

(ВИДЕО) Блокирана Партизанска: Над сто возила стојат во место

Од Центар до Карпош се вози подолго од еден час заради колапсот во сообраќајот на булеварот „Партизански Одреди“ кој го блокира овој дел од Скопје.Причината за овој сообраќаен колапс не е позната, а возачите се нервозни и прашуваат што се случува. Колоната е километарска, а највеќе гужва има на потегот од трговскиот центар „Сити мол“ до крајот на булеварот кај Ѓорче Петров.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mitko-jancev

ЈАНЧЕВ : Не очекувам да ме разрешат бидејќи во ВМРО ДПМНЕ сум како дома !

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и Градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев во изјава за „Скопје 1“ вели дека не очекува да го разрешат од партиските функции бидејќи во партијата се чувствувал како дома.„ Јас лично не очекувам да бидам разрешен ! Како да ви кажам се чувствувам како дома “ - изјави Јанчев за „Скопје 1“.Вчеравечер ВМРО ДПМНЕ го разреши заменик генералниот секретар на партијата и реформатор, Петар Богојески кој исто како и Јанчев гласа на референдумот и водеше кампања против бојкотот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања