Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
davos-1

(ВИДЕО) Министерот за економија Крешник Бектеши во Давос на министерска средба за Е-трговија

Министерот за Економија Крешник Бектеши кој е дел од владината делегација во рамките на работната и економска агенда на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија денеска зеде учество на министерска средба за електронската трговија на која Република Македонија како земја членка на Светската трговска Организација, активно учествува во унапредување на правилата во меѓународната трговија.На средбата, на која збор зедоа и Генералниот директор на СТО Роберто Азеведо, како и Еврокомисарот за трговија Сесилија Малмстром, министрите повикаа на почеток на преговори кон Договор за меѓународно-трговските аспекти на електронската трговија во рамка на Светската трговска организација.62-те земји кои ја поддржуваат оваа иницијатива – меѓу кои и Македонија ја потврдија својата верба во можностите кои електронската трговија ги нуди, за фирми, но и за цели економии. Министерот Бектеши потенцираше дека, “особено за земји како Република Македонија, со мали но отворени економии, електронската трговија може значително да го поттикне претприемништвото, да намали неефикасности, да зголеми продуктивност, и суштествено да придонесе кон економскиот раст.”Затоа, Република Македонија се обидува да направи соодветна правна рамка за електронска трговија и ги подржува сите напори за таква правна рамка на меѓународно ниво, што би била и целта на Договор на оваа тема под Светската трговска организација.Министерот Бектеши во оваа прилика уште еднаш подвлече дека оваа влада е решена да ги направи потребните чекори кои ќе обезбедат стабилност и сигурност за земјата и за регионот, и кои ќе отворат врата за нови странски инвестиции, за развој на македонската економија и подобар животен стандард за сите граѓани.Земјите пристапнички кон Заедничката декларација ќе продолжат да ги охрабруваат сите членки на СТО да учествуваат со цел понатамошно подобрување на придобивките од електронската трговија за бизнисот, потрошувачите и глобалната економија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија: Силен шамар за марионетата Заев од Мицотакис

„Марионетската власт на Зоран Заев доби силен шамар и тоа директно од лидерот на Нова демократија и најверојатно новиот грчки премиер по скорешните избори во Грција, Кирјакос Мицотакис.Мицотакис во неговиот говор во грчкиот парламент за време на расправата по повод ратификацијата на Договорот за промена на името, порача дека процесот на интеграција на Скопје кон Европската Унија не е поврзан со Договорот и дека тој како премиер ќе стави вето на патот на Македонија кон ЕУ и одбива да го напушти ова право на вето кое го нарече право на грчката татковина.Со ваквата изјава на Мицотакис излезе на виделина страшното предавство на Зоран Заев со кое избриша се што е македонско во замена за некакво обично ветување за преговори за членство во ЕУ кое не може со сигурност да се тврди дека и ќе се реализира во наредните дваесетина години а прашање е дали до тогаш ќе опстане Европската унија.За предавството на македонските национални и државни интереси, одговорност мора да има.Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси бидејќи ќе следи поништување на сите антимакедонски и антидржавни акти како што се Договорот за промена на името кој е спротивен на домашното и меѓународното право, двојазичниот закон за јазична федерализација како преодна етапа кон територијална федерализација и Одлуката за пристапување на Македонија во членство во НАТО“, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50603763_2562809920402465_6610172346076495872_n-1

МТСП: Поголеми плати за кадарот во градинките со Законот за детска заштита

Покачувањето на платите на вработените во градинките продолжува и во 2019 година. Со измените на Законот за детска заштита коишто се во собраниска процедура и треба да се најдат на гласање пред пратениците е предвидено покачување на платите на кадарот во градинките. Со истите измени за прв пат се предвидува и кариерен развој во секторот детска заштита, со што се враќа достоинството на вработените во градинките. Зголемувањето на платите, но и започнатите реформи беше тема на денешниот состанок на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со директорите на градинките од цела Македонија.Министерството за труд и социјална политика и изминатата година обезбеди за 5 % повисоки плати за сите 4.300 вработени во градинките кои добија покачување. Исто така, за неполна година беше обезбедена финансиска согласност за вработување на над 1.000 лица, од кои поголемиот дел се на неопределено време.Процесот на јакнење на детската заштита продолжува и годинава со зголемување за 300 % на буџетот за капитални инвестиции во градинки. Со дополнителни 15 милиони евра од Светска банка се обезбедува простор за околу 7.000 нови деца во градинките, но истовремено работиме и на јакнење на кадрите. Не инвестираме само во зголемување на капацитетите на градинките, туку во целосна преобразба на детската заштита, односно го менуваме начинот на кој државата се грижи за децата.За да имаме успешно рано учење, неопходно е да имаме и квалитетен кадар во градинките. Во соработка со УНИЦЕФ се работи на професионалните компетенции на сите вработени. Дел од воспитувачите/чките по поминатите обуки, стекнатите вештини ќе треба да ги пренесат на своите колеги. Со втората фаза ќе се дефинираат компетенциите за директорите негователите, стручни работници и стручни соработници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51293342_2147808928596026_9074887441109745664_n

(ФОТО) Вака изгледаат Стража и преминот Делчево - Бугарија, сообраќајот се одвива отежнато

Неисчистени улици, завеани патишта, блокирани пристапи до локалните патишта и до селата. Ваквите сцени, кои неретко се претвораат и во драми на патиштата кога се загрозуваа и човечки животи станаа редовна појава последните пет години.На социјалните мрежи се појавија фотографии од моменталната состојба на Стража, а од истите може да се забележи дека сообраќајот се одвива отежнато.Слична е ситуацијата на патниот правец Делчево - Бугарија каде не се гледа ништо од снегот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
sela

Растат апетитите на Села: Редно време е претседател да биде Албанец

Алијанса за Албанците ќе има свој кандидат за претстојните претседателски избори што ќе се одржат во април. Претседателот на АА, Зијадин Села, вели дека е време Македонија да добие претседател Албанец.„Алијанса за Албанците ќе има свој кандидат и името ќе го објави откако ќе се договориме во партијата. Мислам дека е време Албанец да биде претседател на државата и така да пратиме порака за една нова Македонија ослободена од сите предрасуди. И така ќе бидеме едно општество за сите“, рече Села.Тој додаде дека нема да се кандидира за претседателските избори. Според него, консензуален претседател mu одговара само на ДУИ.Повеќе на Макфакс.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50837839_561997007545681_7027236085952413696_n

(ФОТО) Тешка сообраќајка близу Охрид, има повеќе повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи предмалку на патниот правец Охрид - Кичево во близина на аеродромот кај Охрид.Според првичните информации има повеќе повредени лица кои со возило брза помош се пренесени во болница.Официјална потврда за причините и бројот на повредени се очекува од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
naumoski

Наумоски: Купив „бе-ем-ве Х5“, па нема со магариња да патуваме

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, си купил нов автомобил, марка „БМВ Х5“ кој го пријавил и во анкетниот лист. Наумовски пред година и половина кога седна во градоначалничката фотелја возел „пежо 1007“. Тој во изјава за „Макфакс“ вели дека е нормално да си купи нов автомобил и додава „Нема со магариња да патуваме“.„Автомобилот е произведен во 2010 година и чини 17 илјади евра. Беше 20 илјади евра, па ми ја намалија цената оти беше оштетен кај багажникот. Кога дојдов за градоначалник, не бев на улица најден. Го купив со заштеда, го продадов стариот автомобил и го исплаќам на рати. Автомобилот е увезен од Америка. Па, нема со магариња да одиме“, вели Наумоски за „Макфакс“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
51293342_2147808928596026_9074887441109745664_n

ФОТО: Снег го потрупа патот кај Стража

Јавното претпријатие „Македонија пат“ повторно потфрли. Од утрово во повеќе делови на земјава има обилни снежни врнежи, а возачите се жалат за состојбата на патиштата. Фотографиите кои се објавуваат на социјалните мрежи, покажуваат дека патиштата во делот на превојот Стража повторно не се исчистени.Од 7.35 часот се воведува забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира АМСМ.Поради обилни врнежи од снег од синоќа е воведена забрана за движење на камиони и на патот Дебар – Маврови Анови и обратно, како и преку планинскиот превој Стража.Забрана за камиони од утрово е воведена и на преминот Ѓавато.Поради појава на магла видливоста е намалена од 20-50м на Стража, од 50-100м на Маврово, од 100-150м на Плетвар, од 50-60м Делчево и кај Смојмирово видливоста е од 50 до 100м.Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од ЈП Македонијапат. Снег со слаб интензитет врне на Стража, Маврово, Струга- Ќафасан, Буково, Ѓавато, Пресека и Железнец.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar-1

Два часа пожарникарите гаснеа опожарен стан во Скопје

Два часа пожарникарите синоќа гаснеа опожарен стан во Скопје. Како што информираат од Противпожарната единица на Град Скопје, пожарот зафатил стан на улицата Христо Татарчев бр 62.Осум пожарникари со три возила синоќа во периодот од 21:34 часот до 23:05 часот интервенирале на гаснење на огнот. Зафатени биле 20 метри квадратни, при што првично е причинета штета од 200 000 денари.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kina

(ВИДЕО) Силна експлозија одекна во Кина - неофицијално во зграда

Силна експлозија одекна во центарот на кинескиот град Чангчун, јави „Спутник“. Неофицијално експлозијата се случила, во зграда на еден од повисоките катови.Засега нема извештај за жртви, а не е позната ниту причината за експлозијата.https://twitter.com/xupeibai/status/1088721457436274689?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1088721457436274689&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b5%25d0%25ba%25d1%2581%25d0%25bf%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25ba%25d0%25b8%2F

Свет | пред 7 години

7 год.
lavrov

(ВИДЕО) Кога не момент попушта концентрацијата - Лавров се ракуваше со микрофон

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на изјавата за медиумите по состанокот со министерот за надворешни работи на Алжир, Абделкадер Месаел, се ракуваше со микрофон.Како што пренесуваат тамошните медиуми, снимател од една телевизија се обидел да го приближи својот микрофон до Лавров со цел да ја сними нивната изјава. На видеото што го објавија медиумите се гледа како микрофонот се приближува до Лавров, а во тој момент рускиот министер, обидувајќи се да избегне непријатна ситуација, едноставно се ракуваше со микрофонот.

Свет | пред 7 години

7 год.
liljak

Смртоносен вирус на ебола пронајден кај лилјак

За првпат вид на смртоносен вирус на ебола одговорен за неодамнешните епидемии е пронајден во лилјак во Западна Африка, објавија либериските здравствени власти. Ова најново откритие може да им помогне на научниците да научат повеќе за тоа како вирусот ги инфицира луѓето.Лилјаци кои ја носат оваа болест веќе беа пронајдени во Централна Африка, а научниците веќе долго време се сомневаа дека лилјаците се природен домаќин на ебола и извор на и некои други човечки инфекции.Иако лилјакот беше пронајден во Либерија, земјата немаше никакви случаи на ебола од 2016 година.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ѓорчев: Не сакам да изгубам ниту на кошарка во маало, ќе победам

„Не сакам да изгубам ниту на кошарка во маало, а камоли на претседателски избори“, вели Влатко Ѓорчев од својата пратеничка канцеларија на првиот кат од Собранието. Иако во парламентот вчера беше вообичаен ден со активности, за него е, сепак, посебен: првпат во законодавниот дом влезе како кандидат за претседател на државата. Телефонот постојано му ѕвони, прима пораки и поддршка за кандидатурата.Во канцеларијата влегува неговиот партиски колега Антонио Милошоски. Срдечно се поздравуваат и се прегрнуваат.„Со среќа“, му вели Милошоски.„Заедно ќе победиме“, му враќа Ѓорчев.Ексминистерот за надворешни работи практично до последен момент фигурираше како потенцијален кандидат на опозицијата за наследник на Ѓорге Иванов.„Таа одлучност, мотивираност и волја ја има само кај Влатко“, коментира Милошоски.Тој објаснува дека со Ѓорчев споделуваат блиски гледишта за надворешно-политичките приоритети на Македонија потенцирајќи го Договорот за стратегиско партнерство со САД од 2008 година, како и оној со Турција, партнерските односи со државите членки на ЕУ и определбата за проактивна мултилатерална дипломатија во ОБСЕ, ОН и Советот на Европа. Тие се познаваат добро уште од студентските протести во 1997 година.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
51180438_10215567848100750_5238038420806172672_n-1

Донација од Делегацијата на ЕУ во Скопје и Меѓународната организација за миграција

Делегацијата на Европската унија во Скопје и Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска на Министерството за внатрешни работи му донираа две теренски возила марка „Нисан навара“ опремени со сет на системот TRACK’N’GO.Со донацијата се зајакнуваат капацитетите на тимовите за интервенција и се подобрува одржувањето на телекомуникациските системи на МВР. Возилата се опремени со специјална опрема која се користи за тешко пристапни локации и во лоши временски услови.Министерот Оливер Спасовски во име на Министерството за внатрешни работи се заблагодари на донацијата, потенцирајќи ја одличната соработка со Делегацијата на ЕУ и ИОМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Автомобил се заби во ограда, три лица повредени

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 2 часот на излезот на Радовиш.Настанот го потврди заменик портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека од засега непознати причини автомобил марка „мерцедес“ се забил во оградата на една од бензинските станици.Повредените со возило на Итната медицинска помош се пренесени во болницата во Штип, а полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcija-protesti-1

Средношколците во Грција ја блокираат наставата

Средношколци од 55 училишта во грчката провинција Централна Македонија протестираат утринава против ратификување на Договорото од Преспа. Тие ги окупираа училишните простории и ја блокираат наставата.Повеќето од окупираните училишта се наоѓаат во Пела, или 22, додека 11 во Тесалоники.Директорот на секундарното образование во Пела за грчките медиуми изјави дека нема докази за надворешно влијание зад окупацијата на средните училишта.

Свет | пред 7 години

7 год.
40530078_10158105600814466_4386630037059665920_n

Зекири: Не знам зошто ДУИ не го додадат и Влатко Ѓорчев на листата консензуалени кандидати

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, негодува за имињата кои се најдоа на наводната листа на кандидати за консензуален претседател на ДУИ.„Консензуален кандидат за ДУИ да ти биле Денко Малевски, Лазе Еленовски па дури и Владо Поповски, не знам зошто на оваа листа не го додадат и Влатко Ѓорчев ?!!…“, напиша тој на фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
GRCIJA-PROTESTI

(ВИДЕО) Протести: Гореа Атина и Солун

Во Атина и Солун додека во грчкиот парламент се одржуваше седница за ратификација на Договорот од Преспа, голем број граѓани протестираа.Протестите преминаа во насилство, при што и полицијата мораше да интервенира.На протестот во Атина беше запалено и македонското знаме од страна на демонстрантите, а грчките медуми јавуваат дека во Солун низ улиците се водела вистинска „улична војна“ со полицијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
toshe-proeski

Традиционална крводарителска акција во спомен на Тоше Проески

Традиционално по 15. пат денеска ќе биде организирана крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот 38-ми роденден.Организатори на акцијата се Црвениот крст на град Скопје, Општинската организација на Црвен крст Центар, Институтот за Трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот.Поддршка кон акцијата ќе дадат и волонтерите од Клуб 25- клуб на млади крводарители, мотиватори како и волонтерите од Клуб на млади на Црвен крст Центар.Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин, нагласуваат организаторите.Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески почна во 2010 година и истите се реализираат во негова чест. До сега на овие 14 акции, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале над 4. 500 крводарители.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tatjana

Денеска е голем празник: Маченичката преживеа и откако им беше фрлена на лавовите, па пострада за Христа

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари.Денеска е Св. маченица Татјана.Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим. Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Како христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачена.После измачувањата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како во времето кога животните живееја во мир со Адама.Најпосле и ја отсекле главата. Света Татјана пострада за Христа во третиот век.

Магазин | пред 7 години

7 год.
slanski_hrabal

Две нови книги во едицијата „Прашки ракописи“

,,Везилка 2011” објави два нови наслова во едицијата ,,Прашки ракописи” чиј автор е Ристо Лазаров. Првиот, насловен ,,Процесот на Слански и други чешки судбини” е посветен на познатиот процес против Рудолф Слански, секретар на Комунистичката партија на Чехословачка и уште на дванаесетмина високи функционери, речиси сите Евреи, кои во декември 1952 година, во сталинистичка чистка експресно се осудени на смрт со стрелање. Слански прв се појавил пред судот, обвинет, како и другите, за титоизам. Ги признал сите точки на обвинението: за шпионажата, за богатството, дека саботира и дека откривал воени тајни. Неговото појавување пред суд било крајна самодисциплина какба што не е видена во историјата на чешката правда. И не само чешката. Накусо, ракописот го зафаќа сталинистичкиот период во Чешка, вклучувајќи го и подигањето и уривањето на огромниот споменик на Сталин во Прага.,,Храбал - тажниот крал на чешката книжевност”, пак е кус животопис на Бохумил Храбал, познат раскажувач, романсиер и сценарист за кого Милан Кундера вели дека е најголем чешки писател. Прочуениот автор на сценаријата за филмовите ,,Песот кој лаеше на возовите” и ,,Го служев англискиот крал”, како и на многу други романи и раскази, за себеси вели: ,,За мене постојат две сакрални фигури: Хашек и Кафка. Хашековата е исткаена од народен хумор и шеги, а Кафкината - таа тоа го промислува интелектуално, има повеќе набој од тој вид. Место кое е невозможно да се заобиколи кога се говори за Храбал е пивницата ,,Златен тигар” во која Храбал беше како дома и наместо во некоја од старите чешки палати инсистираше да му беше домаќин на американскиот претседател Клинтон, кој веројатно не се покаја што ја прифати таквата покана.

Магазин | пред 7 години

7 год.
teuta

Тетовчани се отруја, Теута веројатно спие

Екстремно загадениот воздух во Тетово и оваа зима не ги алармираше властите да преземат сериозни мерки за намалување на штетните ПМ 10 честички во воздухот. Причините за аерозагадувањето се знаат, но тие како да не постојат за надлежните, пишува НЕЗАВИСЕН.За сообраќајниот хаос ништо не се презема. Пробивањето на двата главни булевари во градот, со кои требаше да се растовари сообраќајот, не се одвива, иако ваквите градежни активности неколкупати беа најавувани од градските власти, проблемот со недостиг на паркинг-места сè уште не се решава, а тетовци сè уште се надеваат дека ќе профункционира јавниот градски превоз.Најголемиот проблем според урбанистите се висококатниците, кои ја блокираат нормалната циркулација на воздухот, а и оваа зима масовно се градат, посебно во центарот. Граѓаните веќе и не очекуваат дека институциите ќе преземат нешто сериозно за намалување на аерозагадувањето. Тие велат дека им останува само да не излегуваат од дома кога е многу загадено.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Silegov-520x292

Мега скандал: Шилегов прави голема изборна измама со вработување на 700 партиски војници, вели Арсовски

Мега скандал е што во изборна година Градот Скопје и Петре Шилегов носат планови за вработување на над 700 партиски војници во само две јавни претпријатија, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.-Тука се плановите за вработувања за следната година каде што јасно се гледа дека над 700 луѓе ќе бидат вработени. Ова преставува вовед во изборна манипулација и може да се толкува како корумпирање на гласачкото тело. Изборниот период се уште незапочнат е компромитиран со сомнеж за предизборна корупција од страна на СДСМ и владата. Од овие 700 вработувања, во ЈП Комунална хигиена се вработуваат 300 нови работници, а во ЈСП се планира вработување на 403 лица. И двете претпријатија опстојуваат поради субвенции на градот Скопје и бележат загуби, а сега граѓаните ќе мора да ги плаќаат и овие 700 нови партиски војници кои што ќе ги вработи СДСМ, рече Арсовски и додаде:„Овие 700 вработувања на партиски војници не може никако да се толкуваат поинаку освен како корумпирање на гласови пред изборите. Додека се вработуваат 400 партиски војници во ЈСП, одат во пензија само 30 луѓе во првата година, а во ЈП Комунална Хигиена се вработуваат 300 луѓе при што само 29 ќе одат во пензија, односно 10 пати повеќе се вработуваат од онолку колку што одат во пензија. Ова се вика натрупување на државната администрација со партиски војници. Се работи за раководни звања, раководители на сектори, на одделенија, заменици раководители, советници“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
timthumb

Каменос повикува на масовни оставки во грчкиот парламент

Претседателот на Независни Грци и до неодамна коалициски партнер во владата, Панос Каменос, преку неговиот Твитер профил, утрово побара масовни оставки на пратениците за да се спречи ратификацијата на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.-До 14 часот можеме да го блокираме гласањето на Договорот од Преспа со оставка на 101 пратеник. Прв ја потпишувам мојата оставка, напиша Каменос и упати повик до Мицотакис за оставка.Со сличен предлог за време на расправата во грчкиот Парламент во изминатите два дена излезе и лидерот на Златна зора, Никос Михалољакос, кој тврдеше дека ако неговите пратеници, пратениците од Нова демократија и од ПАСОК си поднесат оставки тогаш, според него треба да се распишат избори, а слични шпекулации излегоа и во дел од медиумите.

Свет | пред 7 години

7 год.
50399547_2241988246056121_6516587491187752960_n

(ФОТО) Ако.мк: Поздрав од центарот на Скопје

ФОТО: Ако.мк

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања