Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Најстудено на Попова Шапка, снежната покривка достигна 34 сантиметри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
popova-shapka

Голем дел од Македонија утрово се разбуди со минусни температури и снежна покривка. Најстудено беше на Попова Шапка и во Берово, каде се измерени минус 7 степени, додека минус 6 се регистрирани на Маврови Анови и во Крушево. Во Крива Паланка температурата се спушти до минус 5, а во Скопје-Петровец, Струмица и Тетово до минус 4 степени.

— реклама —

Највисока снежна покривка до 7 часот е измерена на Попова Шапка – 34 сантиметри, следат Маврови Анови со 12 и Битола со 8 сантиметри. Снег има и во Крушево, Прилеп, Претор, Тетово, Штип и Демир Капија, но со помала висина.

Во изминатите 24 часа најмногу воден талог наврна во Битола – 7 литри на метар квадратен, потоа во Маврови Анови 5, а во Тетово, Крушево и Пожаране по 3 литри.

— реклама —

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови, каде на планините и на некои повисоки места снежната покривка може да се зголеми од 15 до 25 сантиметри, а на пониските места да се формира покривка од 3 до 10 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а максималните температури ќе се движат од минус 2 до 4 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од снег и слаб до умерен југоисточен ветер, при што дневната температура ќе достигне околу 1 степен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5aitttq4841te3OOflm

(Фото) Австрија парализирана, паднаа 20 санетиметри снег: Лавина затрупа автобус со патници

Свет | пред 3 седмици

popova-shapka

На Попова Шапка речиси метар снег, најниска температура измерена утрово

Македонија | пред 3 седмици

49896239_1977012449012818_2128562530354724864_n_1977012442346152

Минимални температури до -2°C и 63 см снег на Попова Шапка

Македонија | пред 1 месец

2-2

Попова Шапка со 64 сантиметри снег и најмногу врнежи во изминатото деноноќие

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања