Неочекувани снежни врнежи во моментов има на Стража, како и на граничниот премин Деве Баир изненадувајќи ги туристите, на само еден ден пред Први мај.
Од УХМР информираат дека до крајот на денот времето ќе биде oблачно со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север, на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во врнежи од слаб снег.
До крајот на денот се очекува врнежите да престанат, облачноста да се намали и во текот на ноќта во поголем дел од земјава да преовладува ведро време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.