Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Намалена видливост поради магла во Пехчево, Берово и Катланово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
magla

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Сепак, на одредени места има намалена видливост поради појава на магла.

— реклама —

Според информациите, видливоста е намалена од 50 до 100 метри во Пехчево, Берово и Смојмирово, како и до 100 метри во Катланово.

— реклама —

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од појава на одрони. Како поризични се посочуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

— реклама —

Воедно, потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови, а оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година.

— реклама —

Исто така, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година е затворен за сообраќај за сите видови возила поради сезонски режим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-47-8200PM

Се санира автопатот Кичево – Охрид, воведен времен режим кај клучката Арбиново

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Од утре времен режим на сообраќај на автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот

Македонија | пред 1 седмица

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 1 месец

media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања