Промени тема
Контакт

Намалена видливост предизвика проблеми во авиосообраќајот на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

Поради густа магла и намалена видливост, денеска (21 декември 2025 година) е отежнат авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје. Во периодот од полноќ до 20 часот реализирани се ограничен број летови, додека дел од нив се откажани или пренасочени.

Според ажурираните информации од аеродромот, во наведениот временски период слетале вкупно 13 авиони од повеќе европски дестинации, меѓу кои Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз (Буве), Берлин, Минхен (Меминген) и Цирих.

Истовремено, од скопскиот аеродром полетале 13 авиони кон Виена, Белград, Загреб, Брисел, Хамбург, Баден-Баден, Франкфурт, Берлин, Варшава, Базел и Барселона, додека летовите за Рим (Фјумичино) и Малме се очекува да полетаат во текот на вечерните часови.

— реклама —

Откажани се вкупно 20 летови, и на пристигнување и на поаѓање, а два авиона биле пренасочени кон други аеродроми поради неповолните временски услови.

— реклама —

Од Меѓународниот аеродром Скопје апелираат патниците редовно да ги следат информациите од своите авиокомпании, бидејќи временските услови се менуваат, а секоја компанија има сопствени процедури и критериуми за слетување и полетување при намалена видливост.

Надлежните информираат дека аеродромот е отворен и дека сите капацитети се ставени во функција. Персоналот и техничката опрема работат непрекинато со цел безбедно и навремено опслужување на авионите и патниците.

— реклама —

Промените во редовниот распоред на летање се објавуваат во реално време на официјалната веб-страница на аеродромот, а патниците со дополнителни прашања можат да се обратат на информативниот пулт во терминалната зграда или на телефонскиот број 02/3148-333.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE

Повторно воспоставен авионскиот сообраќај на аеродромот во Катанија

Свет | пред 1 седмица

media-library6c9alqtkejnd2iw4kRp

Ryanair може да се соочи со високи казни поради спорните такси за седишта

Свет | пред 2 месеци

avion

„Кроација ерлајнс“ ги намалува летовите од Загреб кон Скопје и Сараево

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Сè поскапи летови меѓу Европа и Азија, растат цените на авионските билети

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања