Промени тема
Контакт

Наместо домаќинско работење, општина Илинден се луксузира со народни пари, потрошени речиси 9000 евра за 3-дневна обука во Нови Сад, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
468523038_910332417865627_5305738201406599333_n

„Иако ДПМНЕ ветуваше дека домаќински ќе работи на локално ниво пред локалните избори, иако се жалеше дека претходното раководство ја донела локалната самоуправа пред банкрот, дека буџетот бил празен, фактите говорат сосема друго, Општина Илинден за викенд обука за 20 лица успеала да потроши неверојатни 9000 евра народни пари“, соопшти Левица.

— реклама —

„Според нас, како политичка партија, се работи за луксузен туристички викенд под превезот на обична обука бидејќи за овој престој во луксузен хотел со 4 ѕвезди во странство, со јадење, пиење, со превоз со високо туристички автобус, се потрошиле речиси 9000 евра народни пари.

— реклама —

Интересен факт е тоа што обуката ја крстиле "Ефикасно управување со буџетите на локалната самоуправа: Решенија и предизвици", што сосема се коси со начинот на реализација бидејќи се работи за очигледно расипништво и душманско расфрлање со народните пари.

На жителите на Општина Илинден им е јасно зошто во општината нема канализација, зошто улиците се во катастрофална состојба со дупки, зошто градинките добиваат спонзорства од кладилниците, зошто жителите се лечат во полураспадната амбуланта, а тоа е токму поради ваквиот начин на луксузирање на локалните власти предводени од ДПМНЕ.

— реклама —

Општината, за да постапи домаќински и економично, требала обуката да ја реализира во рамки на работното време на службениците и во рамки на самата институција, но за жал тие се одлучиле да патуваат и да се гоштеваат во Република Србија, Нови Сад.

— реклама —

Локалните избори се ближат, жителите на Илинден ќе имаат можност за брзо време да го казнат ваквото расипништво на ДПМНЕ во Општина Илинден!“, се наведува во соопштението на Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања