Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Наместо обединување, раководството на СДСМ создава нови поделби“, вели Кичевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarym84kthubnbeubuDIXHq

Поранешниот претседател на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски, преку објава на социјалните мрежи упати критики до актуелното раководство на партијата, оценувајќи дека со својот пристап ги оттурнува долгогодишните членови и создава дополнителни поделби во опозицијата.

„Колку е жално да гледаш како мојата партија ја водат луѓе кои немаат осет за СДСМ. Од група луѓе кои во суштина се СДСМ, луѓе кои не можат да бидат ништо друго освен СДСМ, вие правите противници. Со секој нов ден ги туркате сè поблиску кон создавање нова партија“, напиша Кичевски.

— реклама —

Според него, ваквиот однос најверојатно произлегува од страв за сопствените партиски позиции, но, како што наведува, со тоа дополнително се продлабочуваат поделбите во опозицискиот блок.

Кичевски смета дека наместо јавни напади кон сопартијците, раководството требало да иницира разговор и обединување.

— реклама —

„Требаше да се подаде рака и да се повикаат на разговор. Не преку некој од младината, туку директно од претседателот. Претседател кој секој ден држи по две до три прес-конференции требаше јавно да ги повика, да седне со нив и да ги праша зошто, ако се гради ваков фронт, тој не е дел од тој процес“, наведува тој.

— реклама —

Во објавата додава дека актуелното раководство, според него, остава впечаток дека е уплашено од новата политичка платформа.

„Наместо да бара обединување, создава нова поделба. А таа поделба само дополнително ќе го влоши резултатот на СДСМ на следните парламентарни избори“, порача Кичевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 17 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 19 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања