Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Напади во Аеродром, Гази Баба, Бит Пазар и Сарај: жена го пријавила синот, скопјанец натепан во казино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw
Илустрација

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие биле пријавени повеќе случаи на физички напади на различни локации во Скопје и околината.

61-годишна жена од скопско пријавила дека во семејниот дом била нападната од својот син, кој користел и тврд предмет. Полицијата работи на расчистување на случајот.

— реклама —

Во СВР Скопје, во 20:00 часот, 33-годишен жител на Арачиново пријавил дека бил нападнат пред угостителски објект во Гази Баба од едно лице и уште еден сторител. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

— реклама —

На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода 26-годишен скопјанец по пријава на неговата партнерка дека околу 15:00 часот физички ја нападнал. И во овој случај, по документирањето ќе следува поднесок.

Рано утрово, во 04:00 часот, 34-годишен жител на Сарај пријавил дека околу 03:30 часот бил нападнат со тврд предмет од лице од селото Љубин. И за оваа пријава се преземаат мерки за расчистување.

— реклама —

Дополнително, вчера во 14:05 часот, 66-годишен скопјанец пријавил дека бил нападнат во казино во Кисела Вода. Полицијата работи на идентификација на сторителот.

— реклама —

Во 14:00 часот била примена и пријава од 43-годишен скопјанец кој околу 07:00 часот бил нападнат на подрачјето на Карпош по претходна расправија.

Полицијата информира дека за сите случаи се преземаат мерки за утврдување на фактите и идентификација на сторителите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk3hjsd860rmhfzdWspV

Приведен 18-годишник од тетовско, осомничен за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryd1ssa6hjo5on2HjNlsc

Без возачка дозвола, пијани или со активна забрана – седум возачи приведени во едно деноноќие

Македонија | пред 3 часа

media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

78-годишен пешак тешко повреден откако во него удрила „шкода“ во Скопје

Македонија | пред 3 часа

media-librarygl7rh4ipjtlb279ZYZ7

Им се заканувал со остар предмет на сопругата и малолетниот син, приведен турски државјанин во Скопје

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања