Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нападнат брод со украинска пченица во Црното Море, има загинат и тројца повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryiutfmkshjo36begtcdI
Фото: Илустрација

Едно лице загина, а тројца се повредени во напад врз трговски брод под знамето на Гвинеја-Бисау, кој превезувал украинска пченица во водите на Црното Море, соопштија украинските власти.

— реклама —

Гувернерот на Одеската област, Олег Кипер, информираше дека бродот е оштетен, а членовите на екипажот биле евакуирани на брегот.

— реклама —

„Непријателот продолжува со напади врз цивилни бродови во водите на Црното Море. За жал, едно лице загина, а уште три се повредени“, напиша Кипер на Телеграм.

— реклама —

Тој наведе дека станува збор за трговски брод под знамето на Гвинеја-Бисау, кој превезувал украинска пченица.

— реклама —

Кипер оцени дека ваквите напади, според него, ја покажуваат „систематичноста и цинизмот на рускиот терор“ и претставуваат закана за животите на цивилите, како и за глобалната безбедност на снабдувањето со храна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvvbneafof87j95yvMK2

(Видео) Драма кај Бугарија: Три поморски дрона погодија товарен брод во Црното Море

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryiutfmkshjo36begtcdI

Три поморски дрона погодиле контејнерски брод во Црното Море, екипажот се евакуирал

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn1rc5gqm77coaNWi8g1

Напад со дронови врз танкер во Црното Море: Седум морнари исчезнати

Свет | пред 2 седмици

media-libraryiutfmkshjo36begtcdI

НАТО ја засилува будноста во Црното Море: Нападите со дронови врз трговски бродови ја зголемуваат загриженоста

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања