Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Нападнат нафтен танкер кај брегот на Оман, четворица повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library22fh9h15tdjlcIcu0Re

Нафтен танкер бил нападнат во неделата на околу пет наутички милји од брегот на Масандам во Оман, соопшти поморскиот безбедносен центар на земјата.

— реклама —

Во нападот се повредени четири лица, а целата екипаж од 20 членови е евакуирана, пренесува Си-Ен-Ен. Станува збор за пловило со име „Скајлајт“, кое пловело под знамето на Палау, островска држава во западниот Пацифик.

— реклама —

Во спасувачката акција учествувале оманската морнарица и вооружените сили, што според соопштението ја одразува подготвеноста на државата за справување со поморски инциденти.

— реклама —

Инцидентот се случува во време кога Оман има важна посредничка улога во регионот. Земјата неодамна посредуваше во преговорите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави со цел постигнување нов нуклеарен договор.

Засега нема информации за одговорноста за нападот, ниту детали за причините и начинот на кој бил изведен. Надлежните служби започнале истрага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања