„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нарачките од Тему и Али експрес поскапуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

Мнозинството пратеници ги изгласаа законските измени со кои се воведува 18% ДДВ за пратки до 22 евра странски онлајн продавници.

— реклама —

Законот стапува на сила 8 дена по објавата во Службен весник.

Овие измени ќе погодат многу граѓани кои незадоволно на социјалните мрежи реагираат бидејќи и малите нарачки од „Тему“, „Али Експрес“ и другите онлајн продавници од странство ќе се оданочуваат.

— реклама —

„Предложената законска измена е со цел да се избрише ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра.Предлогот предвидува и ослободување од ДДВ за мали пратки од некомерцијална природа пратени од физичко лице од странство до физичко лице - примач во земјава со вредност до 22 евра.Ослободувањето не се применува за алкохол и алкохолни пијалоци, парфеми и тоалетна вода и тутун и преработки од тутун“, пропишал законодавецот.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски образложи дека основна причина за измените е создавање појасна правна рамка, спречување злоупотреби, пофер и порамноправна положба на малите бизниси во земјава со тие во странство при плаќање ДДВ.

Во 2024 година над 1.000 тони ситни производи влегле во Македонија без да бидат оданочени.

За измените „за“ гласаа 59 пратеници, 12 беа „против“. Власта го подржа законот.

„Сакаме да градиме нови патишта, болници, градинки, училишта, сакаме зголемување на минималната плата.Но, тоа не е можно доколку македонскиот денар завршува на странските пазари”, смета Малиша Станковиќ од коалициските социјалисти.

Левица бара законот да биде повлечен бидејќи се казнуваат сиромашните а буџетот се полни со зголемување на даноците на добивка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ujp

УЈП нема одговор зошто третина од граѓаните не ги добија парите од скенираните сметки

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

Ќе има ДДВ за пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, ама граѓаните нема да плаќаат повеќе

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi4sk3lm47e2gaRPpUQ7

Удар за Тему, разочарување за граѓаните: Се укинува даночниот праг за нарачки до 22 евра – сите пратки ќе имаат ДДВ

Македонија | пред 2 месеци

ujp

УЈП алармира: Над 10.000 даночни обврзници не поднеле ДДВ пријави или не платиле долг

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања