Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Наркодилер избега од полициска станица, Тошковски да понесе одговорност, бара СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryjhiqq4a59kmafBs0uMd

СДСМ побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, откако приведено лице осомничено за кривично дело поврзано со дрога избега од полициската станица во Кочани.

На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, оцени дека станува збор за сериозен безбедносен пропуст и побара темелна истрага за случајот.

— реклама —

„Нов скандал на Панче Тошковски – наркодилер му побегна од полициска станица во Кочани. Ако наркодилери можат слободно да бегаат од полициска станица, што значи тоа? Тотален распад. Швајцарско сирење. Тоа е сликата за денешната партизирана полиција“, рече Младеновска.

— реклама —

Таа постави повеќе прашања до Министерството за внатрешни работи, меѓу кои кој ќе понесе одговорност за бегството, зошто приведениот не бил сместен во просториите за задржување и дали некој му помогнал да избега.

СДСМ праша и за евентуална поврзаност на лицето со локални полициски функционери и со пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како и дали обвинителството веќе подготвувало предлог за определување мерка притвор.

— реклама —

Од партијата оценија дека, доколку овие информации се точни, случајот е уште посериозен и бара итна и темелна истрага.

— реклама —

„Во секоја нормална држава, ваков случај ќе значеше итна одговорност и оставки“, порача Младеновска.

СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност за сите инволвирани службени лица, вклучително и за раководството на ОВР Кочани, како и оставка од министерот Панче Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kuzeska

Кузеска: Мицкоски кажа збогум на Европа и ја турка државата во изолација

Македонија | пред 1 час

media-libraryc89maqlrcq11fbueEbB

На СДСМ им „мириса“ дека ќе има предвремени избори

Македонија | пред 1 час

media-libraryspuoj27fnlvn11N34FU

СДСМ: Владата не ја соопштува откупната цена, оризопроизводителите се оставени во неизвесност

Македонија | пред 3 часа

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Европската иднина е блокирана, Македонија губи милијарди евра европски средства, вели СДСМ

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања