Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

НАСА тргнува во „невозможна мисија“: Ќе спасува телескоп што паѓа кон Земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryudknr2rls65pfzF9WcM
unsplash

Иако првично бил планиран да работи само две години, вселенскиот телескоп „Нил Герелс Свифт“ повеќе од две децении успешно ги следи најмоќните космички експлозии. Сега, поради постепеното намалување на неговата орбита, НАСА подготвува една од најнеобичните и најризични мисии во својата историја – спасување на телескопот од неконтролирано приближување кон Земјата.

Телескопот беше лансиран во 2004 година и во изминатите години значително ги надмина очекувањата на научниците. Сепак, засилената активност на Сонцето доведе до проширување на атмосферата на Земјата, што создаде дополнителен отпор и предизвика Свифт постепено да ја губи височината. Од првичните 600 километри, сега орбитира на околу 370 километри над Земјата.

— реклама —

Бидејќи телескопот нема сопствен погонски систем за корекција на орбитата, НАСА ја започна мисијата „Swift Boost“. Во рамки на проектот, роботската леталка „ЛИНК“, развиена од американската компанија „Каталист Спејс Технолоџис“, ќе треба да се приближи до Свифт, да го фати со три роботски раце и да го подигне на побезбедна орбита.

Од НАСА признаваат дека станува збор за исклучително сложена операција, бидејќи телескопот никогаш не бил дизајниран за ваков вид сервисирање во вселената.

— реклама —

Свифт има клучна улога во набљудувањето на гама-блесоците – краткотрајни, но екстремно енергетски експлозии што настануваат при колапс на масивни ѕвезди или судири на неутронски ѕвезди. Досега телескопот открил повеќе од 2.000 вакви појави.

НАСА во септември минатата година ѝ додели договор вреден 30 милиони долари на компанијата „Каталист Спејс“, која за помалку од една година требаше да ја развие и тестира леталката ЛИНК.

Роботската леталка располага со три роботски раце, три главни јонски потисници и дополнителни мотори за прецизно маневрирање во орбитата. Нејзиното лансирање е планирано за 27 јуни 2026 година од атолот Кваџалеин во Република Маршалски Острови.

— реклама —

По лансирањето, ЛИНК неколку недели ќе ги проверува сопствените системи, по што постепено ќе се приближи до телескопот преку серија прецизни маневри.

Најголем предизвик ќе биде самото фаќање на Свифт, бидејќи леталото нема специјален приклучок за сервисирање, а неговите надворешни материјали, по повеќе од 21 година во вселената, можеби веќе се оштетени.

Од февруари годинава Свифт работи со намален научен капацитет за да се намали отпорот од атмосферата и да се добие повеќе време за спасувачката операција.

Доколку мисијата биде успешна, телескопот би можел да продолжи со научната работа уште најмалку неколку години, а истовремено би се отворила можност и други стари сателити во иднина да добијат „втор живот“ наместо да завршат во атмосферата на Земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvcojsoijmmq2cLH5hiG

НАСА ја забрзува трката за Месечината: Маск и Безос се борат кој прв ќе испрати астронаути

Магазин | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryfgh7so5b5fv41t2rZX5

Нов рекорд на Марс: Роверот на НАСА помина повеќе од 45 километри

Вирално | пред 2 седмици

media-libraryi8sm6tmg0dc0c8XTJPf

Ново рекордно патување до Меѓународната вселенска станица: Crew-13 пристигна за помалку од осум часа

Технологија | пред 4 седмици

media-library49409gtp4mafdOLaolW

По проблемите што ги оставија астронаутите девет месеци во вселената, НАСА подготвува нов лет на „Старлајнер“

Технологија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања