Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Насилно отворал прозорци и се обидувал да провали во џамии во Тетово, уапсен 35-годишен маж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryjkru42gjbgoi4JPYNM5
Илустрација / Скопје1

Тетовската полиција расчистува случаи на кражби и обиди за тешки кражби во верски објекти во градот. По преземени оперативни мерки, уапсен е 35-годишен жител на селото Јеловјане, кој се сомничи за кривични дела поврзани со кражба и обид за кражба.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 17 октомври во СВР Тетово биле пријавени три обиди за тешка кражба и една кражба во верски објекти, кои се случиле на 16 октомври.

Во верскиот објект „Фирдеус“ на улицата „Ван Вардарска“, во периодот меѓу 16 и 17 октомври, непознат сторител насилно го отворил прозорецот од подрумските простории и се обидел да ја отвори подрумската врата, по што го напуштил местото.

— реклама —

Во „Големата џамија“ на улицата „Горна Чаршија“, околу 5:30 часот, едно лице влегло во објектот и се обидело да го пронајде клучот. Потоа, со метален предмет се обидело да ја оштети и отвори вратата, по што се оддалечило.

— реклама —

Во „Ески“ џамијата на улицата „Пробиштипска“, одговорното лице А.Б. (38) од Тетово пријавило дека непознато лице се обидело да го отвори металниот сеф и го оштетило. Сефот бил пронајден поместен под столиците.

По преземените оперативни мерки, на 17 октомври во 12:30 часот на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово, полицијата го лишила од слобода Д.С. (35) од селото Јеловјане, поради сомнение за сторени кривични дела „Тешка кражба“ и „Тешка кражба во обид“, казниви според член 235 од Кривичниот законик.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 9 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 9 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања