Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Насилство во семејства низ повеќе градови – полицијата презема мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Според информации од МВР, во последното деноноќие се евидентирани вкупно седум пријави за семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода, а со неколку други се извршени службени разговори.

— реклама —

На 27.04.2026 во 22:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.А.(38) од Струмица, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот агресивно се однесувал кон неговата 36-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител.

На 28.04.2026 во 03:45 часот во Крива Паланка, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ц.(34) кој физички ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал.

— реклама —

Во Велес, на 27.04.2026 во 20:30 часот, 30-годишна жена пријавила закани од својот невенчан сопруг.

— реклама —

Во Скопје се евидентирани неколку случаи: во Ѓорче Петров, по претходна пријава, А.Ј.(30) е повикан на службен разговор поради напад врз сопругата; во Шуто Оризари М.А.(26) е повикан по пријава за физички напад врз сопругата; во Кисела Вода е извршен службен разговор со Ј.Ф.(83) по пријава дека упатувал закани кон својот син.

Во Штип е пријавен случај на закани од поранешен партнер упатени преку телефон и социјални мрежи.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи и по нивно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 21 час

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 21 час

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања