Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Насилството го покажа вистинското лице на анти европската коалицијата ВМРО ДПМНЕ - Левица, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-07-04-at-19.54.20

„Протестот е уставно и демократско право. Но, насилството и сликите коишто вчера ги видовме, повредени полицајци, насилници со качулки на виделина ја покажа вистинската цел на деструкцивната анти-европска коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

СДСМ најостро го осудва насилството и обидот преку деструкции и насилие да се создаде тензија во земјата, нови поделби и раздор и да се закочи целата држава.

Тоа е вистинскот лице и вистинската цел на анти европската коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица.

— реклама —

Во период кога траат широки и инклузивни консултации ВМРО-ДПМНЕ и Левица, наместо дијалог и конструктивност, одбраа да организираат насилни протести, да шират лажни вести измислуваат црни сценарија со кои ја плашат јавноста.

Тоа е уште еден доказ дека Мицкоски и Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ и Левица не и мислат добро на државата, не им мислат добро на граѓаните.

СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи насилничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози иднината на државата.

— реклама —

Сакаме јасно да порачаме на сите деструктивни сили дека нема да дозволиме да се загрози стабилноста на државата. Нека не се обидуваат да го повторат упадот од 27 април.

Тоа нема да го дозволиме. Ние сме членка на НАТО и продолжуваме по евро-атланскиот пат.

— реклама —

Пред нас е предлог кој е согласност со нашите црвени линии, предлог кој содржи чиста формулација на македонскиот јазик, кој гарантира дека историските прашања со Бугарија нема да бидат дел од преговарачката рамка.

По години чекање, конечно имаме можност сосема заслужено да започнеме со преговори за членство во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица и нивните деструкции нема да ја загрозат европската иднина на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kuzeska

Кузеска: Мицкоски кажа збогум на Европа и ја турка државата во изолација

Македонија | пред 4 часа

media-libraryc89maqlrcq11fbueEbB

На СДСМ им „мириса“ дека ќе има предвремени избори

Македонија | пред 5 часа

media-libraryjhiqq4a59kmafBs0uMd

Наркодилер избега од полициска станица, Тошковски да понесе одговорност, бара СДСМ

Македонија | пред 5 часа

media-libraryspuoj27fnlvn11N34FU

СДСМ: Владата не ја соопштува откупната цена, оризопроизводителите се оставени во неизвесност

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања