Промени тема
Контакт

НАТО авион собори дрон што влезе во романскиот воздушен простор, прогласена воздушна тревога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
dron1
Илустрација

Романското Министерство за национална одбрана соопшти дека во раните утрински часови во неделата е соборен дрон кој неовластено влегол во воздушниот простор на земјата од правец на Молдавија.

— реклама —

Според соопштението, системите за надзор го регистрирале леталото во 4:44 часот, на околу 24 километри северно од Галац. По неговото откривање, биле подигнати авиони од шпанските воздухопловни сили, кои се распоредени во Романија во рамките на мисијата за воздушно патролирање.

— реклама —

Еден од авионите Ф-18, кој бил во борбено дежурство од 57. воздухопловна база „Михаил Когалничеану“, го соборил дронот.

— реклама —

Како можна локација на падот на остатоците од леталото било идентификурано ненаселено подрачје меѓу населените места Балени и Кудалби, во округот Галац. Според надлежните, во инцидентот нема информации за загрозени цивили.

— реклама —

Воздушната тревога за округот Галац била прекината во 5:20 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eTBu5c0GVL-haos-vo-nato-amerika-im-zabrani-na-turskite-piloti-da-letaat-so-borbenite-f-35-odmazda-za-kupuvanjeto-na-ruskiot-protivraketen-sistem-s-400

Дрон од правец на Белорусија крена борбени авиони на НАТО, затворен аеродромот во Вилнус

Свет | пред 4 часа

— реклама —
nato-mrezi

НАТО под притисок: Европа го зголемува буџетот за одбрана и гради поголема воена независност

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

НАТО: Засега нема опасност од руски напад

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ бара НАТО да не дозволи отворање на мостот во Митровица и повлекување на КФОР

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања