Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„НАТО не може да ги потврди тврдењата дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон со своите ракети“, вели Руте

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
mark-rute

НАТО не може да ги потврди тврдењата на Израел дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон со своите ракети, изјави во телевизиско интервју генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

— реклама —

Предупредувањето на Израел следеше по иранскиот напад врз британско-американската воена база „Диего Гарсија“ која се наоѓа среде Индискиот Океан кој, иако неуспешен, покажа дека Техеран има ракетен дострел што претходно не беше јавно потврден, пренесува Би-би-си.

— реклама —

„Во моментов не можеме да ги потврдиме израелските тврдења, но ги истражуваме“, рече Руте во интервју за американските медиуми.

— реклама —

Тој истакна дека ако ова предупредување е точно, тоа е уште еден доказ дека постапките на Доналд Трамп и нападот на САД врз Иран се клучни за елиминирање на иранската нуклеарна закана.

„Она што го знаеме со сигурност е дека тие се многу блиску до тоа да ја имаат таа можност. Сè уште го анализираме случајот со нападот врз британската база, но ако тоа е точно, тие веќе ја имаат можноста за ракетирање на големи далечини. Ако не е точно, знаеме дека се многу блиску до тоа да ја имаат таа можност“, рече Руте.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nato-1

Руте: НАТО никогаш нема да нападне прв, ние сме одбранбен сојуз

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryqvm0m2r033va9pPovJI

Руте за нападите на Трамп врз НАТО: „Тоа е како семејство, понекогаш има несогласувања, но тоа не значи дека семејството ќе се распадне“

Свет | пред 3 месеци

media-libraryqvm0m2r033va9pPovJI

„Трамп е во право“ – Руте со силна поддршка за американскиот претседател

Свет | пред 3 месеци

nato-1

Руте по инцидентот во Романија: НАТО е подготвен да го брани секој дел од својата територија

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања