Промени тема
Контакт

Руте: НАТО никогаш нема да нападне прв, ние сме одбранбен сојуз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 часа -

Свет
nato-1

НАТО не гледа непосредна закана за својата територија од Русија, но е подготвено да реагира доколку забележи засилување на воените сили, порача генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање дали Русија би можела да размислува за напад врз некоја од земјите членки на НАТО, Руте рече дека Алијансата во моментов не смета дека постои таква опасност.

„Не мислиме така. Не постои непосредна закана за територијата на НАТО. Ако забележиме засилување на силите, ќе реагираме“, изјави Руте на прес-конференција.

— реклама —

Тој нагласи дека пораката на Алијансата е јасна, потсетувајќи на ставот што претходно во текот на неделата го изнесе и врховниот командант на НАТО, Алексус Гринкевич.

— реклама —

„Ќе го браниме секој педа од нашата територија, без оглед на тоа дали на неа живеат луѓе или не“, порача генералниот секретар.

Сепак, Руте категорично ја отфрли можноста НАТО прв да започне воен напад врз друга страна, нагласувајќи дека Алијансата има одбранбен карактер.

„Никогаш, навистина никогаш, нема да започнеме напад врз некој друг, бидејќи тоа не е во наш интерес. Ние сме одбранбен сојуз“, истакна Руте.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqvm0m2r033va9pPovJI

Руте за нападите на Трамп врз НАТО: „Тоа е како семејство, понекогаш има несогласувања, но тоа не значи дека семејството ќе се распадне“

Свет | пред 3 месеци

— реклама —
media-libraryqvm0m2r033va9pPovJI

„Трамп е во право“ – Руте со силна поддршка за американскиот претседател

Свет | пред 3 месеци

nato-1

Руте по инцидентот во Романија: НАТО е подготвен да го брани секој дел од својата територија

Свет | пред 4 месеци

mark-rute

Руте предупреди: Преголемото потпирање на САД не е здраво за Европа

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања