Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Трамп е во право“ – Руте со силна поддршка за американскиот претседател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryqvm0m2r033va9pPovJI

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп бил во право кога со години вршел притисок врз европските сојузници да ги зголемат трошоците за одбрана, оценувајќи дека токму тоа придонело за посилна и помодерна Алијанса.

Во интервју за „Политико“, Руте изјави дека Трамп успеал да го постигне она што, според него, американските претседатели го барале уште од времето на Двајт Ајзенхауер – порамноправна распределба на воените трошоци меѓу САД и европските членки на НАТО.

„Американскиот претседател беше во право. Ми се допаѓа тој човек. Мислам дека она што го прави за НАТО е одлична вест“, изјави Руте.

Тој најави дека претстојниот самит на НАТО ќе биде пресвртница за Алијансата, со нови инвестиции вредни милијарди долари во клучни одбранбени програми.

— реклама —

Според Руте, покрај американскиот притисок, дополнителен мотив за зголемување на воените буџети е и руската закана. Тој нагласи дека земјите членки остануваат посветени на воената и финансиската поддршка за Украина, како и на зајакнувањето на сопствените одбранбени капацитети.

„Мораме да ја заштитиме милијардата луѓе што живеат во земјите на НАТО од руската закана, од забрзаното кинеско вооружување и од соработката меѓу Русија, Кина, Северна Кореја и Иран“, рече Руте.

— реклама —

Осврнувајќи се на неодамнешната американска воена операција против Иран, генералниот секретар на НАТО истакна дека европските сојузници одиграле важна улога, овозможувајќи користење на својата инфраструктура и воени бази.

Тој посочи дека Романија привремено го затворила својот најголем цивилен аеродром за потребите на американската авијација, додавајќи дека илјадници американски летови биле реализирани од европски аеродроми.

— реклама —

Руте заклучи дека, и покрај повремените несогласувања, НАТО останува единствен со САД како клучен партнер.

„Трамп има право кога вели дека постојат поединечни случаи што го разочаруваат, но ако се погледне целокупната слика, европските сојузници направија огромен исчекор“, изјави Руте.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqvm0m2r033va9pPovJI

Руте за нападите на Трамп врз НАТО: „Тоа е како семејство, понекогаш има несогласувања, но тоа не значи дека семејството ќе се распадне“

Свет | пред 3 седмици

nato-1

Руте по инцидентот во Романија: НАТО е подготвен да го брани секој дел од својата територија

Свет | пред 2 месеци

mark-rute

Руте предупреди: Преголемото потпирање на САД не е здраво за Европа

Свет | пред 2 месеци

mark-rute

„НАТО не може да ги потврди тврдењата дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон со своите ракети“, вели Руте

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања