Натпросечно топло време, но и попладневна и вечерна нестабилност со пороен дожд и грмежи – можно е локално невреме

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-9400PM

Во Македонија и покрај натпросечно високите температури на воздухот (продолженото лето), започна период на нестабилно време. Тоа значи дека до крајот на денешниот ден, како и во следните денови очекуваме локален попладневен и вечерен развој на конвективни грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

— реклама —

Во петок на повеќе места очекуваме нестабилност со пороен дожд и грмежи, кога локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.

— реклама —

И во делови од скопската котлина постои можност за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во петок попладне, кога е можна и појава на невреме.

— реклама —

Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 16 и 17 степени, додека преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 35 степени.

Пад на температурите за неколку степени се очекува во петок, како и за време на викендот.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања