Промени тема
Контакт

Не е возможно правосудниот испит да се полага на албански јазик, додека не се променат законите, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryf9gi9e312e8geutlewf

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик мора да се решава суштински и исклучиво во рамки на Уставот и законите, нагласувајќи дека со постојната законска регулатива тоа не е возможно.

Мицкоски посочи дека Уставот јасно утврдува оти официјален јазик во државата и во меѓународната употреба е македонскиот јазик, но истовремено признава и официјален јазик на заедницата која е повеќе од 20 проценти, односно албанскиот јазик. Според него, во Уставот е наведено и дека комуникацијата во државната управа може да се одвива и на јазикот на заедницата, но само откако тоа ќе биде утврдено со закон.

— реклама —

„Ние мораме овој процес на полагање да го утврдиме со закон. Ваков закон каков што е сега – не дозволува. И тоа не само за албанскиот јазик, туку за сите јазици споменати во преамбулата“, изјави премиерот, потенцирајќи дека не станува збор за политичка волја, туку за јасна правна процедура.

Тој додаде дека доколку постои иницијатива за вакво решение, неопходно е да се изработи нов закон и истиот да се испрати на мислење до Венецијанската комисија, која треба да оцени дали е во согласност со Уставот. Мицкоски потсети дека и во минатото, при носење закони од областа на правосудството, Венецијанската комисија давала негативни мислења, што, според него, укажува на потребата од внимателен и правно издржан пристап.

— реклама —

Изјавата на премиерот доаѓа по ставовите кои беа изнесени во јавноста од страна на министерот за правда Игор Филков изјави дека правосудниот испит не може да се полага на албански јазик.

— реклама —
media-libraryt5ric0v46sk54AMQmj5

Министерот за правда со остра порака: Уставот не се толкува по дневна политика, правосудниот испит не е политичко прашање, туку уставна и законска обврска

Игор Филков, министер за правда, порача дека времето на селективно толкување на Уставот и законите, според дневнополитички потреби, завршило со заминувањето на СДСМ и ДУИ од власт и дека актуелната Влада нема намера да ја продолжи праксата на правен релативизам и институционален хаос. Како што истакна, обврска на институциите е да воспостават јасни правила, правна сигурност и целосно почитување на уставниот поредок.Реагирајќи на изјавите на вицепремиерот Беким Сали за можноста правосудниот испит

Македонија | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8utajlefk9gl7bbu0Jy

„Со гордост ја претставуваме Македонија на Генералното собрание на ОН“, вели Мицкоски

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library57ftvusr5klod8UwjQl

„Македонија останува на европскиот пат, ги браниме идентитетот и државните интереси“: Мицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк:

Македонија | пред 11 час

media-libraryh80o9orv79p82Vet3MH

Мицкоски во Њујорк се сретна со Рубио: Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство

Македонија | пред 1 ден

media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања