Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

„Не може повеќе да се издржи“: Клиничката перална затворена, работниците оставени без плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryhcgbmt3mau919lj6r8x

Жаклина Блажевска, која 24 години е вработена во Клиничката централна перална, вели дека веќе 11 месеци не земала плата и дека состојбата станува неподнослива. Таа посочува дека Клиничкиот центар алиштата ги пере на друго место, а вработените во пералната останале без работа и без примања. Како што раскажува, тие повеќепати побарале одговори од раководството и од Министерството за здравство, но добивале само уверувања дека се чека „еден потпис“. И покрај тоа, решението со месеци не доаѓа, а работниците живеат во неизвесност и надеж дека ќе им се реши статусот.

— реклама —

Слична е состојбата и кај Осман Џафери, кој веќе 30 години работи во пералната на Клиничкиот центар. Тој потсетува дека за време на ковид-пандемијата вработените непрекинато работеле и ги переле алиштата за сите клиники, без оглед на ризиците и притисокот. Вели дека и тогаш, и сега, работеле исклучиво за пациентите и нивната безбедност. Денес, пак, се соочуваат со тешка егзистенцијална состојба, без плата и без јасна перспектива. Според Џафери, неколку негови колешки веќе дале отказ поради неможност да издржат без приходи, а самиот тој завршил и пред инфаркт од стресот и неизвесноста.

Дел од вработените бараат пералната повторно да се стави во функција и институциите конечно да го решат нивниот работен статус. Тие апелираат да им се овозможи да ја продолжат работата која со децении ја извршувале, или, доколку тоа не е можно, да им се најде соодветно работно место, со што ќе се стави крај на, како што велат, тортурата и долгомесечната неизвесност.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-06-at-16.07.19

Алиу: До јуни на Клинички ќе имаме катни гаражи коишто ќе можат да се користат

Скопје | пред 1 седмица

media-librarylg565806789g19HjcTV

Алиу најави паметен паркинг систем на Клинички: Резервации и уплати преку мобилна апликација

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2025-03-06-at-16.07.19

„Мафија на лажни просјаци“ дејствува околу Клиничкиот центар во Скопје, алармира доктор Лазаров

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryd8b47pvfua35c6nHj0D

(Видео) Не свирете кај Клинички, не го решавате метежот а создавате дополнителен стрес кај најранливите, алармира доктор Лазаров

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања