Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Обвинителството бара притвор за мажот кој со боксови ја тепаше сопругата оти не му дала 100 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против жител на тетовското село Гајре, осомничен за семејно насилство, закани и нанесување телесни повреди на членови од неговото семејство.

— реклама —

Според Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривични дела „Загрозување на сигурноста“ и „Телесна повреда“.

— реклама —

Настанот се случил на 21 јуни, кога осомничениот од неговата мајка и сопруга побарал 100 евра. Откако тие одбиле да му дадат пари, тој почнал да ја крши покуќнината во домот.

Со намера да ги вознемири и заплаши, осомничениот им се заканувал со нож на двете жени, велејќи дека ќе ги убие. Според информациите од Обвинителството, сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, при што ѝ нанел телесни повреди.

— реклама —

Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските услови, до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

— реклама —
media-libraryc05j9ok1bkh9c2brs1N

Тетовец ја нападнал мајка си затоа што не му дала пари, а потоа ѝ се заканувал на сопругата со нож

Дваесет и осумгодишен жител на Тетово бил лишен од слобода откако, според пријавата, агресивно се однесувал во семејниот дом, кршел покуќнина, физички ја нападнал својата мајка и со нож ѝ се заканувал на сопругата.Од СВР Тетово информираат дека на 21 јуни околу 19:00 часот полициски службеници го привеле А.И. (28) од Тетово.Претходно, неговата 51-годишна мајка пријавила во СВР Тетово дека околу 12:00 часот, во семејниот дом, нејзиниот син почнал агресивно да се однесува и да ја крши покуќнината,

Македонија | пред 7 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FFM

ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ се обезбедени, никој не е во бегство

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-librarycjs32hbogohfbesZ92S

Убиецот од кумановско ги усмртувал жените за да ги задоволи страстите кон мртви тела: има четири жртви и два обиди

Македонија | пред 3 дена

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Стојанче ја тепал Ивана и пред малата Катја: Истрагата завршена, пред трагедијата таа тргнала да се исели, но Стојанче и се заканувал

Македонија | пред 3 месеци

policija-policaec-35

Командирот на полицијата во Прилеп оди во затвор поради дрога

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања