Промени тема
Контакт

„Не сте нормални – автомобилот е убиствено орудие, а не пешакот“, реагира Најчевска на новите казни за пешаците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
media-libraryhokhlr419dknaD49ubR

Професорката по право, Мирјана Најчевска, остро реагираше на најавените измени во Законот за безбедност во сообраќајот, со кои од 26 септември стапуваат во сила нови казни – 40 евра за пешаци кои користат мобилен телефон на пешачки премин и 50 евра за возачи кои зборуваат на телефон или носат слушалки додека управуваат со возило.

— реклама —

„Не сте нормални, најсериозно. Возењето со мобилен треба да се казнува најмалку 1000 евра, а најдобро е да се казнува процентуално согласно со примањата на прекршителот. Автомобилот е убиствено орудие, а не пешакот. Како ќе казнуваш пешак со мобилен на пешачки премин? На пешачки премин треба да сум заштитена, а не да се пазам од секоја будала која ја штити естаблишментот“, напиша Најчевска.

— реклама —
— реклама —

Таа постави и прашања за ранливите категории на граѓани: „Што правиме со тие кои се со оштетен слух? А со старите кои не се концентрирани? Да не ги пуштаме на улица? А децата кои не се концентрирани и нив да не ги пуштаме? А тие со попреченост и нив да не ги пуштаме на улица?“

— реклама —

Новите измени, според Министерството за внатрешни работи, треба да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и да ги санкционираат навиките кои со години ја намалуваа сигурноста на улиците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска: „Не може да постои добронамерен бог, тоа е апсурд“

Коментари | пред 1 месец

— реклама —
media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Се дават во ѓубре, дишат загаден воздух, правосудството е корумпирано“: Најчевска прашува до кога

Коментари | пред 1 месец

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска за затворениот предмет за модуларните болници: За вакво нешто се тресе држава, а кај нас повторно ќе се заборави

Коментари | пред 1 месец

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Додека Јавното обвинителство и судовите не станат независни институции, секој криминалец кој ќе дојде на власт ќе биде заштитен“, вели Најчевска.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања