Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Нè уништи чувството дека не вреди да се бориш“, вели „Ова е нашата земја – нема кој да ја направи достоинствена ако не ние“, вели Луке Галески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryac3e9k4rmjo52x9bMZh

Во отворено писмо, Луке Галески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Центарот за комуникации, испрати порака за потребата од промена, ангажман и одговорност, а во пресрет на изборите во недела.

„Ние сме децата на транзицијата, генерација што преживеа, но сега мора и да создаде. Ова е нашата земја, и никој нема да ни ја направи достоинствена ако не ја направиме ние“, порача Галески, потенцирајќи дека вистинскиот избор не е меѓу лево и десно, туку меѓу пасивност и ангажман, меѓу цинизам и вера, меѓу живот во страв и живот со цел.

— реклама —

Галески вели дека генерацијата што ги издржа деведесеттите мора да ја замени апатијата со дејствување:

— реклама —

„Нè уништи чувството дека не вреди да се бориш. А тоа чувство се лечи само со еден лек – дејствување. Секоја мала акција е отпор. Секоја вистина кажана во време на лага е револуција.“

Тој повикува на „револуција на карактерот“, наместо улични бунтови, и на враќање на моралот и смислата во јавниот живот:

— реклама —

„Да ја играме играта на политиката не како циници, туку како луѓе што знаат зошто веруваат. Да го направиме изборот, не мора за партија, туку за смисла.“

— реклама —

Во завршницата, Галески испраќа порака за враќање на достоинството и создавање систем што ќе им даде надеж на идните генерации:

„Нашата генерација не е повеќе дете на транзицијата – ние сме родители на иднината што мора да ја изградиме. И затоа, време е за пресврт. Време е за вистински избор.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања