„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

транзиција

media-libraryac3e9k4rmjo52x9bMZh

„Нè уништи чувството дека не вреди да се бориш“, вели „Ова е нашата земја – нема кој да ја направи достоинствена ако не ние“, вели Луке Галески

Во отворено писмо, Луке Галески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Центарот за комуникации, испрати порака за потребата од промена, ангажман и одговорност, а во пресрет на изборите во недела.„Ние сме децата на транзицијата, генерација што преживеа, но сега мора и да создаде. Ова е нашата земја, и никој нема да ни ја направи достоинствена ако не ја направиме ние“, порача Галески, потенцирајќи дека вистинскиот избор не е меѓу лево и десно, туку меѓу пасивност и ангажман, меѓу цинизам и вера, меѓу живот во страв и живот со цел.Галески вели дека генерацијата што ги издржа деведесеттите мора да ја замени апатијата со дејствување:„Нè уништи чувството дека не вреди да се бориш. А тоа чувство се лечи само со еден лек – дејствување. Секоја мала акција е отпор. Секоја вистина кажана во време на лага е револуција.“Тој повикува на „револуција на карактерот“, наместо улични бунтови, и на враќање на моралот и смислата во јавниот живот:„Да ја играме играта на политиката не како циници, туку како луѓе што знаат зошто веруваат. Да го направиме изборот, не мора за партија, туку за смисла.“Во завршницата, Галески испраќа порака за враќање на достоинството и создавање систем што ќе им даде надеж на идните генерации:„Нашата генерација не е повеќе дете на транзицијата – ние сме родители на иднината што мора да ја изградиме. И затоа, време е за пресврт. Време е за вистински избор.“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања