Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Негувателка од Косово била претепана кога сакала да замине од работното место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
semejno-nasilstvo

Косовска државјанка пријавила во полиција дека подолг период била психички и физички малтретирана од тетовец кој ја ангажирал да се грижи за неговата болна мајка, а при обид да го напушти работното место била физички нападната и се здобила со тешки телесни повреди.

— реклама —

Според информациите од СВР Тетово, на 14 јуни 2026 година, околу 13 часот, во полициската станица се јавила Џ.М. (50) од Косово и пријавила дека била физички нападната од Г.Ј. од Тетово.

— реклама —

Како што навела во пријавата, тој извесен период психички и физички ја малтретирал, а кога се посомневал дека сака да си замине, физички ја нападнал и ѝ нанел тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Од полицијата информираат дека поради нерегулиран престој во државата, косовската државјанка била приведена во полициска станица, по што била спроведена до Граничниот премин „Јажинце“.

— реклама —

СВР Тетово соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на Г.Ј., по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

Надлежните продолжуваат со расчистување и документирање на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 14 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 14 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања