Промени тема
Контакт

Нема бесплатен меѓуградски превоз за студентите: Јаневска откри кои мерки се приоритет на МОН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library44624d58jbkuelujWIy

Спречувањето на врсничкото насилство, подобрувањето на квалитетот на наставата и безбедноста на учениците се меѓу приоритетите на Министерството за образование и наука, посочи министерката Весна Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања по повод поставувањето камен-темелник за нова спортска сала во ООУ „Братство“.

Јаневска рече дека Министерството планира континуирани активности за спречување на врсничкото насилство и создавање стабилен систем кој ќе дејствува превентивно. Според неа, Владата досега презела повеќе проекти, законски измени и промени во училиштата, со цел насилството да се спречува и санкционира.

— реклама —

„Презедовме проекти и законски измени. Презедовме промени во училиштата во однос на распоредот на наставниците, грижата, па дури и казни за оние родители чии деца ќе повторуваат врсничко насилство“, изјави Јаневска.

Таа нагласи дека активностите нема да бидат еднократни, туку треба да доведат до воспоставување стабилен систем за превенција и справување со врсничкото насилство.

Во однос на бесплатниот меѓуградски превоз за студентите, Јаневска појасни дека таква мерка во моментов не е предвидена. Студентите, како што рече, имаат обезбеден бесплатен превоз во градовите.

— реклама —

Министерката потсети дека основното и средното образование се бесплатни, додека високото образование се плаќа со минимална партиципација. Таа посочи дека студентите имаат можност да се запишат на шест државни универзитети.

Како еден од главните приоритети Јаневска го издвои подобрувањето на квалитетот на образованието преку воведување едносменска настава, целодневна настава за помалите ученици, промени во наставните планови и програми во високото образование и носење нов закон за високото образование.

— реклама —

Во врска со топлотниот бран, министерката рече дека Скопје во моментот не е во портокалова фаза. Таа посочи дека постојат утврдени процедури и дека, доколку условите го наложат тоа, ќе бидат преземени соодветни мерки. Јаневска апелираше учениците, родителите и наставниците да не преземаат мерки самостојно, бидејќи, како што рече, Министерството навреме ќе реагира доколку има потреба.

Во однос на ООУ „Киро Глигоров“, каде дел од наставата се одвива онлајн поради градежни работи, Јаневска објасни дека одлуката е донесена првенствено заради безбедноста на учениците.

Според неа, краткиот период на онлајн настава е оправдан ако со тоа се обезбедуваат подобри услови за учење во иднина. Таа посочи дека градежните работи сè уште траат и дека во училиштето има работници, поради што е проценето дека наставата од далечина е најбезбедно решение.

— реклама —

„Бенефитот што учениците во „Киро Глигоров“ ќе го имаат отсега во следните 20 години е несразмерно поголем од оној што децата две недели ќе учат онлајн“, рече Јаневска.

Таа додаде дека евентуална промена на организацијата на наставата во училиштето не е одлука на Министерството, туку за тоа треба да разговараат директорката и градоначалникот, доколку сметаат дека условите се безбедни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Студентите бараат субвенции за поскапиот меѓуградски превоз, Јаневска: Ќе видиме што можеме да направиме

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Јаневска: за две години во образованието се вложени 70 милиони евра во над 90 инфраструктурни проекти

Македонија | пред 1 седмица

media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Јаневска за случајот со д-р Василевски: МОН нема ингеренции за вработувањата на Медицинскиот факултет, ДПИ ќе постапува ако има избор во звање

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања