Промени тема
Контакт

Нема двојазични лиценци за работа во детски градинки ако не побара кандидатот кој полага, Собранието ги отстрани забелешките на Сиљановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Собранието со апсолутно мнозинство и Бадентер ги потврди измените на Законот за заштита на децата на кои претседателката Силјановска Давкова претходно стави вето и ги врати на повторно разгледување. Со денешната потврда од пратениците претседателката е должна да го потпише указот за прогласување на законот и тој да биде објавен во Службен весник. Измените денеска беа изгласани со 65 гласа „за“, а „против“ се произнесоа 17 пратеници.

— реклама —

Решението кое го прифати мнозинство вели тестирањето и лиценците за работа во детските градинки да се издаваат на македонски јазик, а доколку кандидатот побара, тоа да биде издадено и на албански јазик, односно на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од населението во Република Северна Македонија. Ова значи дека нема да има двојазични лиценци, доколку тоа не биде побарано.

— реклама —
— реклама —

На ваквите законски измени реагираа од Европскиот фронт, обинувајќи дека на тој начин се деградирале правата на Албанците во земјава.

— реклама —

„Јас како претставник и како Албанец имам право по автоматизам да му се обратам и да влезам на испитот и на мојот јазик. Како што е фактот со личните документи, ние не направивме посебно барање“, рече пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања