Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Со кои аргументи Туфегџиќ го брани таткото на Вања пред Апелација: Тој е жртва во целиот трагичен настан

објавено пред 5 месеци -

Македонија
vanja-tatko-tufegdzik

Адвокатот Владимир Туфегџиќ го поднел одговорот на жалбата до Апелациониот суд за случајот против Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, кој беше ослободен од Кривичниот суд за обвинението дека помагал во грабнувањето на својата 14-годишна ќерка. За „Скопје1“, Туфегџиќ потврди дека барал одржување јавна седница и ги образложи клучните аргументи поради кои очекува ослободителната пресуда да биде потврдена во целост.

„Кривичниот суд донесе правична и законита одлука. Обвинителството не успеа да докаже ниту мотив, ниту умисла, ниту било каква комуникација меѓу Александар и групата што го изврши злосторството. Сè што понудија беа претпоставки, лични перцепции и погрешни толкувања на паниката и однесувањето на татко што го бара своето исчезнато дете“, вели Туфегџиќ, повикувајќи се на наводите од поднесениот одговор на жалбата.

— реклама —

Според него, суштината на проблемот е што обвинението „нема корен“. Тврди дека не постои докажан мотив за кој било облик на соучесништво, ниту пак имало материјален доказ што би укажувал дека Александар знаел, учествувал или на кој било начин им помогнал на обвинетите кои ја грабнаа и убија Вања.

— реклама —

„Дури и сведоците од МВР изјавија дека немале ниту еден доказ што го поврзува Александар со делото. Признаа дека нивните заклучоци биле субјективни, а не базирани на факти“, посочува адвокатот.

— реклама —

Тој дополнително објаснува дека постојат јасни докази дека групата предводена од Љупчо Палевски планирала грабнувања многу пред исчезнувањето на Вања, уште во 2022 година, и тоа целосно независно од семејството Ѓорчевски.

„Фактите покажуваат дека оваа група имала своја логистика, свои планови и претходни обиди. Александар никогаш не бил дел од тоа. Нема телефонски контакти, нема средби, нема пораки. Има само еден татко кој со часови трчал низ Скопје обидувајќи се да најде каде исчезнала неговата ќерка, вели Туфегџиќ.

Во одговорот на жалбата, адвокатот детално ги оспорува и тезите на обвинителството во врска со наводната „Вибер порака за откуп“, за која тврди дека никогаш не била докажана.

„Ниту еден родител, ниту една снимка, ниту еден технички доказ не потврди дека воопшто постоела таква порака. Тоа беше конструкција што се распадна сама по себе“, нагласува Туфегџиќ.

Адвокатот истакнува дека доказите во постапката, наместо вина, ја потврдуваат улогата на Александар како оштетен и избезумен родител.

„Тој е жртва во целиот трагичен настан. И тој, и мајката, и нивното семејство. Обвинението неправедно го претвори неговиот очај во сомнеж“, вели тој.

Туфегџиќ додава дека правниот стандард е јасен: вината мора да биде докажана надвор од разумно сомневање.

„Во случајов не само што нема докази, туку постојните докази директно ја исклучуваат можноста Александар да им помогнал на убијците. Оттука, Апелациониот суд има обврска да ја потврди ослободителната пресуда. Сè друго би било спротивно на законот, логиката и правдата.“

Адвокатот завршува со став дека јавната седница е неопходна, за јавноста да ја чуе вистината без шпекулации и погрешни интерпретации. „Граѓаните заслужуваат да видат дека правдата не смее да биде жртва на сензационализам. Александар е невин човек. Очекувам Апелација да го потврди тоа.“

Вчера се навршија две години од монструозното убиство на малата Вања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

palco

(Видео) Адвокатот на Палчо бара одново да се суди убиството на Вања и Панче, па тврди дека тој е невин

Настани | пред 4 дена

— реклама —
vanja-gjorcevski-aleksandar-

Таткото на Вања кажа дека се чувствува како заложник, Туфегџиќ го нападна Обвинителството: Токму затоа што нема докази треба да биде ослободен

Македонија | пред 5 дена

media-libraryceng4lkp9km01YFeyx6

Александар Ѓорчевски имал клучна улога во грабнувањето на Вања, тој пратил порака до девојчето кога се договарало грабнувањето, вели обвинителот

Македонија | пред 5 дена

vanja-palco-velibor-bore-gjorcevski4

Жалбите за пресудата за убиствата на Вања и Панче денеска пред Апелациски суд

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања