Нема „пазарења“ со Мерко за поддршка во Струга: Нема преговори за поделба на позиции во власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library4jbsesnl2rgmbPwHk1h

Од Владата на Република Македонија категорично ги отфрлија наводите објавени во неколку медиуми дека се водат преговори за поделба на позиции во извршната власт во замена за политичка поддршка од градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за кандидатот на ВЛЕН во Струга.

— реклама —

„Во целост ги отфрламе ваквите невистини. Нема апсолутно никакви преговори за поделба на позиции во извршната власт“, велат од Владата за „Скопје1“.

— реклама —

Претходно, дел од медиумите објавија дека, наводно, „се пазарела амнестија меѓу власта на Христијан Мицкоски и Рамиз Мерко“, при што „со оваа поддршка на осудениот Мерко, тој си ја купува слободата од власта на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ“.

— реклама —

Од Владата, меѓутоа, истакнуваат дека такви средби или договори не постојат и дека станува збор за дезинформации со политички мотиви.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 3 седмици

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања