Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

„Нема право да истребува народ“ – Санчез со жестока порака до Израел и трајна забрана за оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
pedro-sances

Шпанија воведе трајна забрана за продажба на оружје и муниција на Израел, соопшти денеска премиерот Педро Санчез. Одлуката е дел од пакет мерки со кои, како што рече, треба да се стави крај на „геноцидот во Газа“.

— реклама —

Во рамките на мерките, на бродови што пренесуваат нафта за израелската војска нема да им биде дозволено да влегуваат во шпанските пристаништа, а авионите со воен материјал за Израел ќе имаат забрана за користење на воздушниот простор на Шпанија.

„Иако Израел има право на одбрана и постоење, тоа не му дава право да истребува беспомошен народ. Заштитата на сопствената земја е едно, а бомбардирањето болници и гладни деца е друго. Шпанија има обврска да стори сè што може за да запре она што специјалниот известувач на ОН и бројни експерти го сметаат за геноцид“, изјави Санчез.

— реклама —

Шпанскиот премиер е меѓу најгласните критичари на израелската воена кампања во Газа во рамките на Европската Унија, а минатата година ја призна независноста на Палестина.

Кон крајот на јули, Словенија стана првата членка на ЕУ што воведе забрана за извоз на оружје кон Израел.

Помош за Палестинците

Мадрид ќе обезбеди и правно обврзувачка помош за шпанските граѓани што живеат на овие окупирани територии. Санчес, чија земја минатата година ја призна државата Палестина во границите од 1967 година, најави дополнителна соработка со Палестинската самоуправа во областите на земјоделството, храната и здравството.

Шпанија ќе плати дополнителни 10 милиони евра на агенцијата на ОН за палестински бегалци, UNRWA, на која Израел не ѝ дозволува да работи. „Знаеме дека овие мерки не се доволни за да се запре инвазијата и воените злосторства, но тие се барем дополнителен притисок за да се даде одмор на страдалното население во Газа и да се стават Шпанците на вистинската страна од историјата“, рече Санчес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryls32hkcd77ga472CyO0

(Видео) Русија тестира ново оружје со ротирачки сајли за соборување дронови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjijc629lb4us3L49QJ1

(Фото) Бомби, пушки, автоматско оружје - позната возраста на скопјаните кои планирале одмазда за нивните осудени браќа

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница

Македонија | пред 3 седмици

media-librarylsjioff14per6Eh1gBw

Норвешка набавува артилериско оружје со долг дострел вредно милијарда евра

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања