Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нема промена на цените на бензините и дизелот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,06 % во однос на одлуката од 11.11.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,720%, кај дизелот за 2,295%, кај екстра лесното масло за 2,704% и кај мазутот намалувањето е за 2,622%.

— реклама —

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,8115%.

Од 19.11.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 76,00 (денари/литар)

— реклама —

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 78,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)

— реклама —

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,708 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

— реклама —

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,136 ден/кг и сега ќе изнесува 43,708 ден/кг.

- Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.11.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, извести РКЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Ново намалување на цените на горивата: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
benzinska-benzin-nafta-

Нема промена на цените на бензините и дизелот, поскапува мазутот

Македонија | пред 1 месец

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Грејната сезона започнува на 15 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o

Нови цени на горивата: дизелот поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапуваат за 1 денар

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања