Промени тема
Контакт

Нема шанси малата Данка Илиќ сама да излегла од дворот и да исчезнала, смета српски безбедносен епскерт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
danka

Безбедносните експерти сметаат дека нема шанси малата Данка Илиќ сама да излегла од дворот и да исчезнала. Соговорниците од безбедносниот сектор за српските медиуми велат и дека има нелогично однесување на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, со која Данка била во моментот на нејзиното исчезнување.

„Факт е дека дете помало од две години, во физичка смисла, не може да се движи далеку во рок од неколку минути. Друга нелогичност е што мајката го однела детето на место каде што одамна не била" ,изјави за ТВ Информер Радиша Рокшиќ, пензиониран шеф на БИА.

Тој се осврна и на фактот дека мајката не направила полиграфски тест.

„Хормоналниот статус на трудницата, психолошката состојба и се останато е всушност причината поради која мајката не го направила полиграфот. Полиграфот не е доказ на суд. Тоа е полициска алатка која служи за насочување на одредени полициски активности", објасни Рокшиќ.

— реклама —

Директорот на Центарот за форензички истражувања Ненад Шипка тврди дека Данка не можела сама да го напушти дворот.

— реклама —

„Од популацијата на форензичарите, прво од што треба да се тргне е изјавата на самата мајка и конфигурацијата на теренот. Овде не може да стане збор дека детето само излегло од дворот. Сигурен сум дека полицијата работи во неколку правци и тоа е единствениот правилен метод. Сè уште останувам на ставот дека е невозможно двегодишно дете да исчезне од очите на мајката додека таа оди до автомобилот да земе вода за другото дете", посочи Шипка.

Да потсетиме, малата Данка исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути, а потоа во Србија за прв пат беше пуштен во употреба системот „Пронајди ме", српската верзија на „Амбер Алерт".

— реклама —

Потрагата по девојчето влезе во седми ден, полицијата ги ангажираше сите расположливи капацитети и нема да запре со истрагата додека не се открие целосната вистина за овој случај.

Србин од Виена во меѓувреме испратил до полицијата и редакцијата на Информер видео кое е снимено во центарот на Виена, а на кое може да се види девојче кое многу  наликува на малата Данка во придружба на две Романки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Вирусот на Западен Нил се шири во Србија: 53 заболени, дури 49 со невроинвазивна форма на болеста

Балкан | пред 8 часа

— реклама —
media-library4j5q5pllvfat235JHd9

(Видео) Крст, свеќи, два ковчега и обесена глава од животно пронајдени во нива во Србија

Вирално | пред 11 час

media-librarygakdvte3krp3cD2QrYR

(Видео) Песна на Благица Павловска одекнуваше на пречекот на студентите-велосипедисти во Врање

Настани | пред 1 ден

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Крај на претседателскиот мандат на Вучиќ: Поднесе оставка, Ана Брнабиќ ја презема функцијата

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања